Киевски универзитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Киевски национален универзитет „Тарас Шевченко“
Київський національний університет імені Тараса Шевченка
Universität Kiew.jpg

лат. Universitas Kioviensis
Гесло: "Utilitas honor et gloria" (латински)
превод: Utility Honor and Glory
Основан: 1834
Тип: државен
Ректор: Леонид Губерски
Кадар: 3420 [1]
Студенти: 20,000
Локација: Украина Киев, Украина
Кампус: градско подрачје
Бои: црвена и црна         
Афилијации: IAU
Мреж. место: www.univ.kiev.ua/

Киевскиот универзитет (украински: Київський національний університет імені Тараса Шевченка) е државен универзитет кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.

Официјалното име на универзитетот гласи: Киевски национален универзитет „Тарас Шевченко“, а до Октомвриската револуција во 1917 година, Киевски императорски универзитет „Свети Владимир“.

Во 2009 година, универзитетот бил избран за најдобар во земјата.

Историја[уреди]

Универзитетот бил создаден со указ на рускиот император Николај I на 8 ноември 1833 година. Овој универзитет е вториот најстар во Украина, по оној во Харков кој бил создаден во 1806 година. Во почетокот, универзитетот имал за задача да ја стопира полонизацијата на украинската интелигенција и затоа бил наименуван според кнезот Владимир Велики, кој ја покрстил на Киевска Рус, како главна улога за источното христијанство во целата империја.

Голем дел од средствата на универзитетот во Вилнус биле донесени овде, по неговото затварање од последиците на востанието од 1931 година. Првите 62 студенти своите студии во универзитетот ги започнале во 1834 година, во Филозофскиот факултет кој се состоел од две одделенија: Одделение за историја и филозофија како и одделение за физика и математика. Во текот на 1835 година биле отворени нови катедри како правен факултет, медицина, филологија, природни науки и.т.н.

Со доаѓањето на советската власт, името на универзитетот било преименувано во Тарас Шевченко, и самиот универзитет претставувал еден од трите најголеми во земјата по Московскиот и Санктпетербургскиот државен универзитет.

На овој универзитет учеле Михајло Драгоманов, Михајло Хрушевски, Николај Бердаев, Михаил Булгаков и многу други.

Денеска, на овој универзитет студираат повеќе од 20.000 студенти.

Наводи[уреди]