Улрих Цвингли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Улрих Цвингли од 1531 година насликан од Ханс Аспер, Музеј на ликовната уметноста во Винтербур.

Хулдрих (Улрих) Цвингли (1 јануари 1484-11 октомври 1531) бил водач на рефоемацијата меѓу германското население во Швајцарија.Тој заедно со Жан Калвин којшто го ширел движењето меѓу француското население е од големо значење за отфрлање на влијанието на католичката црква во Швајцарија.Улрих Цвингли е роден во време на пораст на патриотизмот во Швајцарија.Тој студирал на универзитетите во Виена и Базел, во одделот за хуманизам.Со продолжувањето на студиите тоој истовремено бил и свештеник(пастор) во Гларус,а потоа и во Ајнзиделн при што бил под големо влијание на Десидериус Еразмус.

Во 1519 Цвингли станал свештеник(пастор) во Гросминстер во Цирих каде што започнал да размислува за реформи во црквата и нејзиното влијание.Тој во 1522 година за прв пат јавно ја обвинил католичката црква и тоа за време на 40 дневната годишна литургија(Лент).Во своите обвиненија тој го потенцира постоењето на корупција во црковната хиерархија,религиозните бракови,како и култот кон магии за време на одржувањето на богослужбите.Во 1525 тој вовел комунални литургии со цел да го прекине одржувањето на масовбните литургии на католичката црква.Меѓутоа тој не се согласувал со сите реформаторски крила,па тој имал судири со Анабаптистите.

Неговото реформаторско учење се проширило речиси низ цела Швајцарија,а особено во кантоните каде што живеело германското население,меѓутоа сепак во некои кантони населението останало да биде наклонето кон Католицизмот.Тој формирал алијанса со којашто се настојувало да се одвои влијанието на црквата од она на управата на Конфедерацијата Швајцарија.Идеите на Цвингли биле внимателно следени и од Мартин Лутер и останатите реформатори,па тие се сретнале во Дворецот Марбург кадешто сепак не постигнале согласност за обединување на христијаните.

Во 1531 година алијансата на Улрих Цвингли подготвила штрајк со глад против католичката црква,меѓутоа обидот бил без успех бидејќи движењето не било доволно подготвено во Цирих.Улрих Цвингли бил убиен на возраст од 47 години.