Илузија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Regional Science Centre, Bhopal - Head on a Platter.jpg

Илузијата претставува изобличување на сетилата и открва како мозокот нормално ја организира и интерпретира сетилната стимулација. Иако илузиите лажно ја претставуваат реалноста и многумина најчесто го имаат истото мислење за нив, тие за разлика од визијата можат да настанат со повеќе човечки сетила, но визуелните илузии и оптичките илузии се најпознати и најразбрани. Нагласувањето на визуелните илузии се случува поради тоа што визијата доминира почесто од другите сетила. На пример, поединци гледајќи вентрилоквист ќе согледаат дека гласот доаѓа од марионетата, бидејќи можат да видат како зборува нејзината уста. Некои илузии се базирани на општи претпоставки што мозокот ги прави за време на перцепцијата. Овие претпоставки се направени според организирани принципи, како Гесталт, способноста на поединецот за длабока, телесна перцепција и перцептивна постојаност. Другите илузии се случуваат поради биолошката структура на сетилата во човечкото тело или поради надворешните услови во една физичка средина. Терминот илузија се однесува на специфична форма на изкривување на сетилата. Спротивно од халуцинацијата, која е искривување во отсуство на стимулант, илузијата го опишува погрешното интерпретирање на реалната ситуација. На пример, слушањето гласови без оглед на животната средина би било халуцинација, меѓутоа слушање гласови претворени во звук на вода која тече (или некој слушен извор) би претставувало илузија. Мимиките се познати по репертоарот на илузииите кои се создадаваат со физички средства. Мимичарот создава илузија на глума или глуми брз непостоечки објекти. Овие илузии ги употребуваат претпоставките на публиката за физичкиот свет. Добро познати примери се:ѕидови, скали за качување, тегнење и туркање, скали за симнување, наведнување итн.

Оптички илузии[уреди]

Оптичките илузии се секогаш карактеризирани како способност за гледање слики кои во услови на здрав разум се лажни или неточни. Поради тоа, информациите кои ги собира окото се пратени од мозокот за да може на прв поглед да се даде перцепција, која не одговара на физичката мерка на изворниот стимулант. Утврдено е дека постојат психолошки илузии кои се случуваат природно и когнитивни илузи кои можат да настанат со специфични визулени трикови кои кажуваат нешто повеќе за тоа како работат човечките системи за перцепција. Човечкиот мозок во својата глава создава свет базиран на она што го собира од средината којашто го опкружува. Секако понекогаш се обидува да ги организира овие информации и размислува додека да се потполнат празнините. Овој начин на којшто работи нашиот мозок се основата на илузијата.

Звучни илузии[уреди]

Илузија која се слуша е звучна илузија, звукот е еднаков на оптичка илузија: слушателот слуша или звуци кои не се присутни во стимулацијата или невозможни звуци. Накратко, звучните илузии нагласуваат области каде човечкото уво и мозок, како органски, привремени алатки, се разликуваат од совршените примачи на звук (по добро или по лошо). Пример за тоа е илузијата која се слуша, наречена Тонот на Шепард.

Допирливи илузии[уреди]

Во примери за допирливи илузии може да се вклучат непостоечкиот екстремитет, термичката топлотна илузија, кожната зајачка илузија и љубопитната илузија кои настануваат кога вкрстените палци и средните прсти се поставени на мостот на носот со еден прст на секоја страна, со што се добива чувство на два одделни носа. Интересно е дека мозочните области кои се активираат за време на нереалната допирна перцепција се слични на оние кои се активираат за време на допирната стимулација. Допирливите илузии можат да се извлечат преку хаптик технологијата. Овие нереални допирни објекти мозат да се искористат како виртуелни објекти.

Други сетила[уреди]

Илузии можат да настанат со другите сетила како сетилата за мирис и вкус. Откриено е дека доколку некои делови од рецепторите за вкус на јазикот се оштетени, тој лажен вкус може да настане со допирна стимулација. Доказите за мирисливата илузија настанаа кога на мирисливата стимулација претходно и се дадоа позитивни или негативни вербални етикети.

Нарушувања[уреди]

Некои илузии настануваат како резултат на болест или заболување. Додека овие видови илузии не се споделуваат со секого тие се карактеристични за одредени услови. На пример, страдањата од мигрена најчесто навестуваат на Утврдени излузии.

Филозофијата и илузијата[уреди]

Исто како и многу други зборови кои често се употребуваат во различна смисла на духовноста, така зборот илузија се употребува за да се означат различни аспекти на Хинду филозофијата. Многу Монистички филозофии јасно ја разграничуваат илузијата од вистината и лагата. Како што за Хинду филозофијата илузијата преставува нешто што не е вистина и не е лажно. Бидејќи општо гледано вообичаено е да се претпостави дека илузијата е лажна Хинду филозофијата прави разлика меѓу Маја (илузијата) и лагата. Во услови на оваа филозофија маја е вистинита сама по себе, но не е вистинита во однос на вистината. Според оваа филозофија, илузијата не е спротивна на вистината или реалноста, врз основа на овие претпоставки Ведас изјави дека светот како луѓе нормално се гледа во илузија (Маја). Ова не значи дека светот е нереален. Светот е реален исто како и сликата на човек во огледало. Светот не е реален/вистински кога е спореден со реалноста. Но светот исто така не е лажен. Невистината е нешто кое не постои. Ако ја примениме оваа филозофија на претходниот пример, илузијата не е илузија туку е лага.ова е така поради во општа употреба луѓето се склони да ја гледаат илузијата како лага. Како и за адисанкар, водач на монистичките учења, светот не е вистина, туку е илузија (не вистина, не лага). Вистината за светот е нешто кое може да се искуси само со отстранување на идентитетот (его).