Православна црква на чешките земји и Словачка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Православна црква на чешките земји и Словачка
Pravoslavny katedralni chram sv. Cyrila a Metodeje Resslova Praha.jpg
Црквата Свети Кирил и Методиј во Прага
Основач Свети Кирил и Методиј
Независност 1951, 1998
Признавање автокефалност од 1951 година од Руската Православна црква, и од 1998 од Цариградската патријаршија.
Поглавар Христофор
Седиште Прага, Чешка
Прешов, Словачка
Територија Чешка и Словачка
Власт
Јазик црковнословенски јазик
Верници 100,000[1]
Портал Official website in the Czech Republic (in Czech)

Official website in Slovakia (in Slovak)

Православната црква на Чешка и Словачка (чешки: Pravoslavná církev v Českých zemích a na Slovensku) е автокефална црка и во православниот свет се наоѓа на четиринаесеттото место. Црквата до 1992 година се викала Чехословачка православна црква.

Историја[уреди]

Црквата била основена од страна на браќата Свети Кирил и Методиј во 863 година. Но по нивната смрт, во земјата бил наметнет латинскиот обред од страна на папата. Во текот на 19 век била организирана првата заедница на православните верници. Во 1903 година, во Прага била создадена православна заедница. Во 1920 година била воспоставена парохија под надлежност на Српската Православна црква. На 25 септември 1951 година, српскиот патријарх Димитриј го поставил Горан Павловиќ за епископ на Чешко-моравската епархија.

Во периодот помеѓу двете светски војни, верниците броеле околу 250.000 По крајот на Втората светска војна, православните свештеници и епископи биле масовно прогонувани и стрелани. По војната, во 1946 година, црквата припаднала под надлежност на Московската патријаршија, и во 1951 година за прв пат била организирана автокефална Чехословачка православна црква.

На пописот од 1991 година, бројот на верници изнесувал околу 53.000. По распаѓањето на Чехословачка, на саборот било одлучено да се зачува автокефалноста на црквата и името на црквата да се промени во Православна црква на чешките земји и Словачка. Во исто време бил усвоен нов устав, според кој за митрополит на црквата може да биде изберен или архиепископот на Прага или архиепископот на Прешов.

Денеска, на чело на црквата стои Христофор.

Наводи[уреди]

External links[уреди]