Горно Родиво

Координати: 40°55.58′N 21°54.14′E / 40.92633° СГШ; 21.90233° ИГД / 40.92633; 21.90233
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горно Родиво
Άνω Κορυφή
Горно Родиво is located in Грција
Горно Родиво
Горно Родиво
Местоположба во областа
Горно Родиво во рамките на Меглен
Горно Родиво
Местоположба на Горно Родиво во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°55.58′N 21°54.14′E / 40.92633° СГШ; 21.90233° ИГД / 40.92633; 21.90233
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000380000000380 м
Население
 • Вкупноиселено (1947)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Горно Родиво (грчки: Άνω Κορυφή, Ано Корифи; до 1925 г. Κάτω Ράδοβος, Като Радовос или Κάτω Ράδοβος, Като Радово[1]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до неговото распаѓање во 1947 г. било населено исклучиво со Македонци.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото било сместено во западниот дел на котлината Меглен, на 18 км југозападно пд С’ботско, во источното подножје на планината Мала Ниџе (Кајмакчалан).[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Горно Родиво живееле 200 Македонци христијани.[3][4] Населението било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Радово (Gorno Radovo) имало 184 Македонци под егзархијата, а работело и бугарско училиште.[3][5] Во 1906 г. во Горно Родиво е отворено бугарско училиште.[6] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 37 македонски куќи.[2]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 161 жител, кои во 1920 г. се накачиле на 190.[2] Во 1922 г. е преименувано во Ано Корифи, што значи „горен врв“.[7]

Во 1940 г. Горно Родиво имало 326 жители. Селото се распаднало во зимата 1947 г. за време на Граѓанската војна. Највеќето жители се иселиле во Р Македонија и селото повеќе не било обновено.[2]

Личности[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 326
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Ράδοβος -- Άνω Κορυφή
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 85–86.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 150.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  6. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
  7. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Ράδοβος -- Άνω Κορυφή
  8. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 150.