Визија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Визија

Визија
Биографски податоци
Потекло Скопје
Жанрови рок
Период на активност 2011-
Членови
Марко Гапо
Марко Џамбазоски
Лилјана Јанкова
Синиша Ѓорѓевиќ

Визија е македонска рок група оформена во ноември 2011 година[1][2][3] во Скопје. Музиката која овој бенд ја изведува се заснова на рок жанрот, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил. Еден од првите настапи на Визија беше на „Т’к – так фест 2012“ во Кавадарци, фестивал посветен на прерано починатата рок легенда Трајко Каров, каде што бендот успеа да биде награден, а веднаш потоа следува настап на престижниот „Таксират“ – Скопје. Првиот настап на бендот надвор од територијата на Македонија бил на „Складиште фест“, во Крушчиќ, Србија на 1 јуни 2013 година, а неколку дена подоцна Визија настапи во ревијалниот дел на „Т’к – Так Фест“ во Кавадарци. Еден од најголемите успеси на бендот бил настапот на „Заечарска гитаријада[3] во август 2013, откако биле единствениот македонски бенд кој се најде во најдобрите 12 балкански рок групи кои настапиле пред 30.000 публика.

Членови[уреди]

  • Марко Џамбазоски (соло гитара/придружни вокали)
  • Марко Гапо (вокал/ритам гитара)
  • Лилјана Јанкова (бас гитара/придружни вокали)
  • Синиша Ѓорѓевиќ (тапани)

Синглови[уреди]

  • „Гласот на мојата душа“
  • „Паѓа мрак“
  • „Психопат“[4]
  • „Илузија“
  • „Живеј“

Наводи[уреди]

  1. „ВИЗИЈА“ ЌЕ ЈА РАЗМРДА РОКЕНРОЛ-СЦЕНАТА http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DE6B44D9A9367A46B2D2BF42881091FD
  2. Млади таленти: Групата „Визија“ до нови успеси на музичката сцена http://www.kukuriku.mk/mladi-talenti-grupata-vizija-do-novi-uspesi-na-muzickata-stsena/
  3. 3,0 3,1 „ВИЗИЈА“ ВО ФИНАЛЕТО НА „ГИТАРИЈАДА“ ВО ЗАЈЕЧАР http://mmm.com.mk/vesti/domasni/1374-vizija-na-gitarijada-vo-zaecar
  4. „Психопат“ нов сингл на македонската музичка група Визија http://www.timemachinemusic.org/2013/03/%E2%80%9Cpsihopat%E2%80%9D-novi-singl-makedonske-grupe-vizija/

Надворешни врски[уреди]