Суперхикс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Суперхикс

Суперхикс за време на снимањето на спотот за песната „Гол“
Биографски податоци
Потекло Скопје, Македонија
Жанрови ска-панк, реге
Период на активност 1993 – денес
Издавачи Литиум Рекордс
Мреж. место superhiks.com.mk
Членови
Петар Младеновски
Борис Минов
Дарко Попов
Горан Папазоски
Александар Спасовски
Димитар Тодоровски

Суперхикс — македонска ска-панк група со реге, латино, џез, свинг и балкански музички влијанија. Групата била формирана во 1993 година, од три средношколски другари: Петар Младеновски, Зоран Жежов - Кечо и Борис Минов. На почетокот, „Суперхикс“ свиреле мелодичен панк/хардкор, но подоцна, во групата била вклучена и тричлена дувачка секција составена од труба, тромбон и флигел хорна, како и моќен перкусионистички сет, воден од Гоце Наумов - Индијанецот.

Во својата кариера, „Суперхикс“ ја делеле сцената со големи имиња од светската музичка сцена, како: Ману Чао и Радио Бемба Саунд Систем, Фан Ловин Криминалс, Тито и Тарантула, Хенри Ролинс, Рико Родригез (Спешлс), Фишбоун, Фандаментал, Морчиба, Хладно пиво и многу други.

Име[уреди]

Името на групата доаѓа од Суперхик, лик од стрипот "Алан Форд". Суперхик е лик кој краде од сиромашните и дава на богатите, а сето тоа го постигнува со својот смрдлив здив. Суперхик е тотален антихерој во стрипот Алан Форд.

Значајни настапи[уреди]

На 4 јули 2014 година, "Суперхикс" настапиле во ноќниот клуб "Позитив", во Битола, каде го отвориле тридневниот фестивал, организиран по повод десетгодишнината на промотивната агенција "Фреш јунион".[1] Еден месец подоцна, групата настапила на фестивалот "Europen talent festival", во рамките на познатиот фестивал "Сигет" во Будимпешта.[2]

Членови на групата[уреди]

Сегашни членови[уреди]

Поранешни членови[уреди]

  • Ивица Ивановски - Папак - тромбон
  • Коста Велков - саксофон
  • Зоран Жежов - Кечо - тапани
  • Димитар Тодоровски - Диме - флигел хорна
  • Горан Папазоски - Папаз - тенор саксофон

Дискографија[уреди]

Демо изданија[уреди]

  • ЈОДЛЕ (1995)
  • Е.П. МУЗИКА ЗА ВЕСЕЛИ И ТАЖНИ (1999)

Студиски албуми[уреди]

  • 2001: Чекај бе викам, каде бе малку... (Литиум рекордс)
  • 2003: Трумано (Литиум рекордс)
  • 2008: И сега што? (Литиум рекордс)
  • 2012: Африка (он-лајн издание, се уште неиздадено на ЦД)

Компилациски изданија[уреди]

  • 10 Мост (ХОПС Рекордс 2000)
  • СКА Фактор Позитив (Охохо Рекордс, Словенија, 2003)
  • United Colors of SKA (Pork Pie Records,Germany, 2007)
  • Credit To the Nation TRIPLE CD (STROEJA Rec. Bulgaria 2008)
  • SKA Generation (BRP Records, Russia, 2003)
  • Македонија навива! (АМС Македонија, 2008)
  • Најдоброто од Македонија (АМС Македонија, 2011)
  • Pridigarji 25 years (Giljotina Rec. Slovenija, 2013)
  • The best of 20 so far... (компилација на најголемите хитови, 2014)

Албуми во живо[уреди]

Наводи[уреди]

  1. "Суперхикс" и "Бед копи" на фестивал во Битола", Дневник, година XVIII, број 5507, 4 јули 2014, стр. 25.
  2. "Суперхикс" на фестивалот "Сигет" во Унгарија", Дневник, година XVIII, број 5525, петок, 25 јули 2014, стр, 23.

Надворешни врски[уреди]