Кирил Ценевски
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Кирил Ценевски | |
| Роден/а | 28 јануари 1943 Крива Паланка, денешна |
|---|---|
| Националност | Македонец |
| Познат | по режијата на: Црно семе Јад Оловна бригада |
| Занимање | режисер сценарист |
Кирил Ценевски (роден во Крива Паланка, на 28 јануари 1943 година) e филмски режисер и сценарист.
Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимава уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот „Цената на градот“ (1970). Во 1971 година Ценевски го режира филмот „Црно семе“, за којшто добива повеќе награди: „Златна арена“ за режија на фестивалот во Пула[1], „Златен венец“ за најуспешно деби, „11 Октомври“ и др.
Филмографија [уреди]
- 1970: Цената на градот (помошник на режија)
- 1971: Црно семе (режија, сценарио)
- 1975: Јад (режија, сценарио)
- 1975: Леополд Седар Сенгор (режија)
- 1976: Еугенио Монтале (режија, сценарио)
- 1976: Фазил Хисни Дагларџа (режија)
- 1978: Џафра (режија)
- 1979: Ежен Гилвик (режија)
- 1979: Рафаел Алберти (режија)
- 1980: Оловна бригада (режија, сценарио)
- 1982: Мостови - Струшки вечери на поезијата (режија)
- 1984: Хуаскаран - Анди '82 (режија, сценарио)
- 1985: Јазол (режија)
Наводи [уреди]
- ↑ „18. Festival igranog filma u Puli“ (на Croatian). Pula Film Festival. http://www.pulafilmfestival.hr/hr/index.php?p=detail&article=235. проверено на 24 May 2010.
Надворешни врски [уреди]
- Кирил Ценевски на МИФЦ.
- Кирил Ценевски на Интернет Филмската база на податоци (англиски)
| Оваа биографска статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |