Грб на Колумбија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грб на Колумбија
Coat of arms of Colombia.svg
Подробно
Усвоен 9 мај 1834
Челенка андски кондор и лента со националното гесло
Штит штит поделен на три дела во сина и бела боја со елементи на истиот
Држачи две колумбиски знамиња
Мото „Слобода и ред“ („Libertad y Orden“)

Грбот на Колумбија е официјалниот грб на оваа јужноамериканска држава. Грбот е усвоен на 9 мај 1843 година.

Опис[уреди]

Грбот е составен од неколку елементи, по принципот на поголемиот број јужноамерикански грбови.

Централен елемент на грбот е штитот кој е поделен на три хоризонтални полиња во сина, бела и сина боја. На горното сино поле има приказ на два рога на богатството во златна боја, а помеѓи нив има приказ на калинка која е симбол на Вицекралството Нова Гранада, првичното колонијално име на Колумбија. На белото поле од штитот има приказ на златно копје со фригиска капа на врвот, што претставува симбол на слободата. На долното сино поле има приказ на зелениот Панамски Провлак, која била под управа на Колумбија сè до независноста на Панама. Од двете страни на копното има приказ на Атлантскиот Океан и Тихиот Океан со по еден брод. Бродовите ја симболизираат трговијата на Колумбија со светот и економскиот пораст. Како држачи на штитот се поставени четири колумбиски знамиња, по две од левата и две од десната страна. Над штитот се наоѓа приказ на кафеав андски кондор, честа птица на Андите и тој симболизира слобода. Кондорот во клунот држи венец од маслинови гранчиња на кој е закачен штитот. Под кондорот се наоѓа златна лента во националното гесло „Слобода и ред“ („Libertad y Orden“).

Критики[уреди]

Во Колумбија денес постојат голем број критики за сегашниот државен грб, кои тврдат дека грбот е стар и не ја следи фактичката состојба во земјата. Имено, според критиките, кондорот во Колумбија не е веќе честа птица, туку спаѓа во групата на загрозени животни. Покрај тоа, се тврди дека кондорот е веќе национална птица на Еквадор, Боливија, Чиле и Аргентина. Исто така, се тврди дека калинката не е од Колумбија, туку е медитеранско овошје и капата е од грчко/фригиско потекло, а не колумбиско. Покрај сето ова се предлага да се избрише и Панамскиот Провлак.

Поврзано[уреди]