| Грб на Чиле |
 |
| Подробно |
| Усвоен |
26 јуни 1834 |
| Челенка |
пердуви |
| Штит |
штит поделен на два хоризонтални дела со сребрена петокрака во средината. |
| Држачи |
од лево има јужноандски елен, а од десно има кондор. |
| Подножје |
пијадестал со националното гесло. |
| Мото |
шпански: Por la razón o la fuerza |
| Претходни варијанти |
21 октомври 1820 |
Грбот на Чиле е официјалниот грб на оваа јужноамериканска држава. Грбот датира од 1834 година и бил дизајниран од англискиот артист Чарлс Вуд Тејлор. Актуелниот чилеански грб бил официјално усвоен на 26 јуни 1834 година.
Грбот е составен од неколку елементи. Во централниот дел има штит со кафеави граници и истиот е поделен на два хоризонтални дела во горна сина и долна црвена боја. Во средината на штитот има сребрена петокрака. Од левата страна на штитот има јужноандски елен, а од десната страна има кондор кои имаат функција на држачи. Кондорот е најчеста птица на Андите, додека еленот е најредок цицач на територијата на Чиле. Двете животни имаат златни морнарички круни, кои го симболизираат херојството на чилеанската морнарица. Над штитот има три пердуви во сина, бела и црвена боја, симболи кои ги носеле поранешните претседатели на Чиле. Под штитот има кафеав пиедестал на кој има закачено бела лента со геслото: "Por la Razón o la Fuerza" или на македонски "Со причина или со сила".
Останати грбови [уреди]
-
-
-
Верзија на вториот грб на Чиле.
-
Верзија на денешниот грб на Чиле.
-
Верзија на денешниот грб на Чиле.
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]