Вицекралство Нова Гранада
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Нова Гранада (шпански: Nueva Granada) претставувало вицекралство кое постоело во периодот од 1717—1724, 1740—1810, и 1815—1819 година. Кралството ги опфаќало северните делови од денешните држави: Колумбија, Еквадор, Венецуела, Панама, Гвајана, Коста Рика и Тринидад и Тобаго.
Ова кралство е наследник на Ново Кралство Гранада кое опстојувало во 16 век. Но на 27 мај 1717 година (со прекратување помеѓу 1712-1739) станало самостојно вицекралство кое било директно подчинето на кралот на Шпанија. Престолнината на ова кралство била Богота.
Во 1810 година тоа станало независно од Шпанија, но веќе во 1816 година повторно било заземено од Шпанија. По само три години, овие територии конечно се оделиле од зависноста на Шпанија, притоа создавајќи ја новата држава- Голема Колумбија.
По нејзиното реаспаѓање во 1831 денешна Колумбија се викала Република Нова Гранада до 1863.
|
||||||||||||||