Клинт Демпси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

[1]

САД Клинт Демпси
Clint Dempsey
Clint Dempsey vs Belgium 1.jpg
Лични податоци
Роден на 9 март 1983 (1983-03-09) (31 г.)
Роден во Накодочес, САД
Висина &100000000000001850000001,85 м
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Сиетл Саундерс Сиетл Саундерс
Број 2
Младинска кариера
Далас Тексанс
Фурман Паладинс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004–2006 Њу Ингланд Револушн Њу Ингланд Револушн 71 (25)
2007–2012 Фулам Фулам 184 (50)
2012-2013 Тотенхем Тотенхем 29 (7)
2013- Сиетл Саундерс Сиетл Саундерс 19 (10)
2014 Фулам Фулам (позајмен) 5 (0)
Репрезентација
2002-2003 САД САД 20 13 (1)
2004-  САД 109 (39)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 13 мај 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 1 јули 2012

Клинтон Дру Демпси (роден во Накодочес, на 9 март 1983) е американски фудбалер, офанзивен играч од средниот ред, а понекогаш и напаѓач на Сиетл Саундерс и репрезентацијата на САД на која исто така е капитен.

Ран живот и кариера[уреди]

Демпси е роден во Накодочес, Тексас, и, во поголемиот дел од детството, со неговото семејство живееле во приколка, каде што тој и неговите браќа и сестри пораснале играјќи фудбал со локалните деца. Демпси има ирско потекло од страната на неговиот татко.[2] Неговиот постар брат Рајан бил понуден на проби во Далас Тексанс, елитен младински фудбалски клуб, и го доведе Клинт, кој бил забележан додека поминувал време жонглирајќи ја топка.[3] Демпси се истакнал во тимот на рана возраст, но морал да се повлече поради финансиските ограничувања на неговото семејство откако неговата најстара сестра Џенифер била на пат да стане рангирана јуниорска тенисерка.[4] Неколку родители на неговите соиграчи во Тексанс се понудиле да му помогнат на семејството Демпси со трошоци и патување, што му овозможува да се врати во клубот.

На 27 ноември 1995 година, Демпси ја загубил, тогаш 16-годишната сестра Џенифер поради мозочна анеуризма. Демпси бил уништена поради губењето на сестра си, а подоцна и објаснил дека овој настан му помогнал да се развие подлабока мотивација кај него да продолжи со фудбалот во чест на неговата сестра.[5]

Тој продолжил да биде капитен и најдобар стрелец на Тексанс и бил почестен со МВП наградата на Тампа Беј Сан Боул турнирот. Демпси ја проучувал играта на Аргентинската репрезентација, особено на Диего Марадона, и бил разочаран кога дознал дека Марадона нема да игра на Светското првенство 1994, иако Аргентина одиграла еден натпревар на стадионот Котон Боул.[6] Тој присуствувал на Фурман Универзитетот изучувајќи за здравје и научни вежби и бил клучен играч на екипата Фурман Паладинс.

Технички карактеристики[уреди]

Фудбалер се солидна брзина, има добар дриблинг[7] и моќен шут, кој му овозможува да постигнува голови и од долго и од кратко растојание. Може да игра како внатрешен играч од средниот ред, крило и напаѓач. Тој е познат по неговата упорност и издржливост, откако одигра два натпревари со фрактура на вилицата и повреда во глуждот во почетокот на неговата кариера.

Клупска кариера[уреди]

Њу Ингланд Револушн[уреди]

Њу Ингланд Револушн го избрале Клинт Демпси како осми пик на драфтот во 2004. Во неговата руки сезона, тој започнал 23 од 24 натпревари постигнувајќи седум гола. Демпси им помогнал на Револушн да стигнат до финалето на источната конференција и ја заработил наградата МЛС дебитант на годината 2004. Во 2005 година, Демпси придонесол десет гола и девет асистенции во 26 натпревари. Тој го постигнал победничкиот гол во финалето на источната конференција на својот пат до настап во финалето на МЛС Купот. Во 2006 година, Демпси додал уште 8 гола, но пропушти значително време во плејофот поради повреда. Тој влезе како замена во финалето на МЛС Купот, но Револушн го загубија своето второ финале по ред, овој пат на пенали.

Фулам[уреди]

Пред да се пресели во Фулам, Демпси отишол на проби во ЛКС Ломза од каде што тренерот го испратил во Фулам. Во декември 2006 година, англискиот клуб Фулам понудил 4 милиони $ за трансферот на Демпси, што била најголемата понудена сума за фудбалер од МЛС лигата, и тој станал уште еден американски играч во составот на котиџерс за кој веќе играле репрезентативците на САД: Брајан Мекбрајд и Карлос Боканегра.[8][9] На 11 јануари 2007 година, му била доделена дозвола за работа и Фулам официјално го потврдил трансферот на Демпси.[10] Со тоа Демпси станал најскапиот американец во Премиер лигата со договор вреден пријавени 2.000.000 £.[11] Тој го направил своето деби за Фулам во натпревар на домашен терен против Тотенхем што завршил 1-1 на 20 јануари 2007 година.[12] Седум дена подоцна тој дебитирал во ФА Купот во победата со 3-0 над Стоук Сити.[13] Демпси го постигнал својот прв гол за Фулам на 5 мај, совладувајќи го Пепе Реина во 69-тата минута за победа над Ливерпул со 1-0.[14] Неговиот гол го спаси Фулам од испаѓање и му гарантира место во елитната дивизија за следната сезона.[15]

Демпси не бил во стартниот состав за првите три натпревари од сезоната 2007-08, но по повредата на Брајан Мекбрајд, тој влегол од клупата играјќи како напаѓач и постигнал гол во поразот со 2-1 од Астон Вила.[16] Тој продолжил со постигнување на голови веќе во следниот натпревар на Фулам; 3-3 на домашен терен против Тотенхем на 1 септември.[17] Две недели подоцна, тој го отворил резултатот за Фулам во ремито 1-1 на гостувањето против Виган Атлетик.[18] На 29 септември, Демпси бил вмешан во воздушен судир со Џон Тери за време на ремито без голови (0-0) со Челзи на Стемфорд Бриџ, што резултирало со тоа Тери да биде заменет.[19] После натпреварот имало сугестии дека Демпси намерно го искористил лактот за да го удри Тери;[20] но сепак, тој не бил казнет за инцидентот откако судијата Мартин Аткинсон не го пријавил на Фудбалската асоцијација (ФА).[21] На 3 ноември, Демпси го постигнал вториот гол за Фулам во победата со 3-1 над Рединг за да им помогне да ја обезбедат само втората првенствена победа во сезоната.[22] Тој ги постигнал својте последни голови за сезоната во ремито 1-1 на домашен терен со Виган Атлетик и поразот со 5-1 на гостувањето кај Тотенхем во декември.[23][24] Во мај 2008 година, Фулам објавил дека Демпси потпишал продолжување на договорот кој ќе го задржи во клубот до летото 2010.[25] Во последното коло од сезоната, Фулам како гостин го победил Портсмут со 1-0 за да обезбеди Премиер лигашки статус и за следната сезона.[26] Демпси ја завршил сезоната како најдобар стрелец на Фулам во Премиер лигата со шест гола.[27]

Демпси имал само еден настап во почетниот состав на Фулам во првите единаесет натпревари од сезоната 2008-09, но го постигнал својот прв гол во ремито 1-1 на гостувањето кај Портсмут на 26 октомври откако влегол како замена.[28] Тој го заменил Золтан Гера и го постигнал својот прв гол на домашен терен за сезоната во победата со 3-0 над Мидлзборо на 20 декември.[29] Осум дена подоцна, тој постигнал два гола во дербито на Западен Лондон против Челзи, вклучувајќи го и израмнувачкиот во последните моменти од мечот за конечни 2-2 на Крејвен Котиџ.[30] На 24 февруари 2009 година, Демпси го постигнал првиот погодок во ФА Купот во неговата кариера придонесувајќи за победата со 2-1 над Свонзи Сити во петтиот круг.[31] Неговиот последен гол на домашен терен во сезоната дошол во поразот со 2-1 од Блекбурн Роверс на 11 март.[32] На 12 април Фулам направил целосен пресврт за да дојде до победа од 3-1 на гостувањето кај Манчестер Сити, а Демпси постигнал два гола; првиот и третиот.[33] За втора сезона по ред, Демпси завршил како најдобар стрелец на Фулам во Премиер лигата заедно со напаѓачот Ендрју Џонсон со седум гола.[34] Овие голови му помогнале на Фулам да го обезбеди седмото место во Премиер лигата, што е највисока позиција во историјата на клубот, и ја потврдија својата квалификација за настап во новоформираната УЕФА Европа Лига за следната сезона.[35]

Демпси на тренинг на Фулам во август 2009.

На 13 август 2009 година, Демпси потпишал продолжување на договорот со Фулам до 2013 година.[36] На 20 август, тој го постигна својот прв гол европските натпреварувања, затресувајќи ја мрежата на Амкар за вториот гол на Фулам во победата со 3-1 во Плеј-оф рундата од Лигата на Европа.[37] На 30 декември, La Gazzetta dello Sport го именува Демпси како еден од најдобрите единаесет играчи во Премиер лигата за оваа сезона.[38] На 17 јануари 2010, Демпси претрпел повреда на вкрстениот лигамент на коленото во поразот со 2-0 на гостувањето кај Блекбурн Роверс.[39] На 11 март, Демпси се врати во акција, влегувајќи како замена во последната минута од поразот на Фулам на гостувањето кај Јувентус во осминафиналето од Лига Европа, а потоа запишал 72 минути во поразот од Манчестер Јунајтед во првенството.[40] На 18 март, Демпси влезе од клупата во реваншот против Јувентус, и го постигна четвртиот гол за Фулам во победата со 4-1, гол кој ги одведе котиџерс понатаму со вкупен резултат 5-4.[41] Гардијан предложил дека овој гол "би можел да стане најпознатиот гол во историјата Фулам".[42] На 12 мај, Демпси го заменил Боби Замора во 55-тата минута од Финалето на Лига Европа, со што влегол во историјата како првиот американец кој се појавил во некое финале на голем европски турнир. На крајот, Фулам го загуби натпреварот, откако напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Форлан го постигна решавачкиот погодок во 116-тата минута од екстра време, за победа на Атлетико со 2-1.[43] Неговите настапи низ сезоната 2009-10 му донесоа ознака за најкорисен играч меѓу Американците во Европа од страна на SoccerOverThere.com, меѓу другите извори.[44]

Демпси бил на клупата за резерви на Фулам во првите два гостински натпревари од сезоната 2010-11, но станал редовен стартер, како еден од само пет играчи од САД во Премиер лигата кој успеал да го стори тоа. На 18 септември 2010 година, тој го постигнал израмнувачкиот погодок во 56-тата минута со глава против Блекбурн Роверс на Ивуд Парк за конечни 1-1 со што продолжи серијата без пораз (клупски рекорд) на Фулам во Премиер лигата.[45] На 2 октомври, тој му даде гол на голманот на Вест Хем Јунајтед, Роберт Грин, истиот голман кој го совлада и на Светското првенство во летото истата година.[46] Демпси продолжил со својата добра форма на постигнување голови, стрелајќи два пати во мрежата на Виган Атлетик на 30 октомври, за победа на својот тим со 2-0.[47][48] На 22 јануари 2011 година, Демпси уште еднаш бил двоен стрелец во победата на Фулам над Стоук Сити со 2-0, помагајќи му на тимот привремено да излезе надвор од зоната за испаѓање.[49]

На 19 март, Демпси станал првиот играч од САД кој успеал да постигне 10 гола во една сезона од Премиер лигата, надминувајќи го претходниот рекорд на Брајан Мекбрајд од девет, исто така, поставен во периодот додека играше за Фулам во сезоните 2005-06 и 2006-07.[50]

Клинт Демпси го скршил рекорд и за најмногу постигнати голови за Фулам во Премиер Лигата откако два пати ја затресе мрежата на Болтон во победата со 3-0 на 27 април 2011 година Тој го постигнал вкупно 33-тиот негов гол за тимот во Премиер лигата, надминувајќи ги Брајан Мекбрајд и Стед Малбранк, кој имаат по 32. Со овие голови, Демпси постигнал 12 првенствени гола за Фулам во сезоната 2010-11.[51]

Демпси бил прогласен за Играч на сезоната на Фулам за 2010-11 од страна на навивачите на клубот, а неговите 12 погодоци во Премиер лигата значеа дека тој истотака беше водечки стрелец на клубот за кампањата.[52]

Демпси постигнал два гола во првиот натпревар од плеј-оф рундата во Лигата на Европа 2011-12 помагајќи му на Фулам да дојде до победа со 3-0 на домашен терен. На 5 декември 2011 година, постигнал гол во 85-тата минута за да ја обезбеди победата од 1-0 против Ливерпул на Крејвен Котиџ.[53] Овој погодок го прави Демпси најефикасниот американец во Премиер лигата, надминувајќи го својот некогашен соиграч во Фулам и репрезентацијата на САД, Брајан Мекбрајд.[54] На 17 декември го постигнал својот петти погодок во Премиер лигата за оваа кампањата, стрелајќи прецизно со глава за победа над Болтон со 2-0, носејќи го својот тим на шест бода предност во однос на зоната за испаѓање.[55]

На 7 јануари Демпси го постигнал првиот хет-трик во неговата кариера,[56] против Чарлтон во третата рунда од ФА купот во натпревар кој завршил со победа на неговиот тим со 4-0.[57][58] На 21 јануари 2012 година, Демпси постигнал уште еден хет-трик против Њукасл Јунајтед во победата со 5-2.[59] Со својот хет-трик против Њукасл, тој станал првиот играч од САД кој успеал да постигне хет-трик во Премиер лигата.[60] Демпси го постигнал својот 10-ти гол за сезоната во Премиер лигата, шеснаесетти во сите натпреварувања, во ремито 1-1 против Вест Бромвич на поранешниот менаџер на Фулам Рој Хоџсон на 1 февруари 2012 година.[61] По фантастичната серија погодоци, Демпси бил преместен како напаѓач во следните натпревари на клубот.

Демпси ги постигнал својот четиринаесетти и петнаесетти првенствен гол за кампањата, во победата со 3-0 на гостувањето против Болтон Вондерерс на 7 април, првиот од слободен удар, а вториот со глава.[62] Со овие два гола Демпси го надминал рекордот на Луј Саа од тринаесет гола во Премиер лигата за клубот во една сезона.[63] Демпси го освоил четвртото место во изборот за фудбалер на годината зад победникот, Робин ван Перси од Арсенал, и играчите на Манчестер Јунајтед Вејн Руни и Пол Сколс.[64] Демпси станал првиот американец во лигата кој ја надминал бројката од 15 гола за една сезона, стрелајќи од слободен удар против Сандерленд во последниот натпревар од сезоната.[65]

На 7 јуни 2012 година, Демпси е прогласен за Играч на клубот за сезоната од страна на навивачите за втора последователна сезона.[66] На 31 август 2012 година, Фулам го потврди трансферот на Демпси во Тотенхем.[67]

Тотенхем[уреди]

На 31 август 2012 година, Демпси му се приклучил на Тотенхем за сума која се верува дека изнесувала околу 6 милиони £ потпишувајќи со клубот тригодишен договор.[68] Договорот го направи Демпси најскапо платен фудбалер од САД на сите времиња. Поради тоа што дресот со број 23 кој го носеше во Фулам и бројот 8 кој обично го носи при репрезентативната должност биле недостапни, тој се одлучил за дресот со број 2 што најчесто асоцира на десен бек, кој Демпси го носел на Фурман Универзитетот.[69] Демпси го постигнал својот прв гол за Тотенхем во победата со 3-2 над Манчестер Јунајтед, а воедно неговиот гол беше и победничкиот. Тоа беше прв пат во 23 години Тотенхем да го победи Јунајтед на Олд Трафорд.[70] Својот втор гол за Спарс тој го постигнал во 39-тата минута во гостинскиот натпревар со Саутхемптон во октомври. Третиот и четвртиот гол на Демпси беа постигна против Евертон во поразот со 2-1 и против Рединг на Нова Година во победата со 3-1. Во 3 круг од ФА Купот тој постигнал два гола против Ковентри Сити.[71] На 20 јануари 2013 година, во еден натпревар игран при врнежи од снег на Вајт Харт Лејн против лидерот во лигата Манчестер Јунајтед, Демпси ги спаси Спарс од пораз израмнувајќи на 1-1 во 93-тата минута по додавањето на Арон Ленон од десната страна. На 27 јануари 2013 година, Демпси постигнал убав погодок со глава против Лидс Јунајтед на Иланд Роуд, во ФА Купот за да намали на 2-1, сепак Тотенхем не успеа да постигне уште еден гол во остатокот од натпреварот, и тој заврши со резултат 2-1 за Лидс.[72] Демпси не бил во можност да остави впечаток против својот претходен клуб на 17 март, кога Фулам дојде и победи со 1-0 на Вајт Харт Лејн. На 21 април, Демпси го постигнал првиот од трите гола за Тотенхем во победата со 3-1 над Манчестер Сити на Вајт Харт Лејн. На 12 мај, Демпси постигна еден гол и асистирал за друг помагајќи му на својот тим да дојде до победа против Стоук Сити со 2-1 и да ги задржи шансите во трката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

На 11 април 2013 година, Демпси постигнал два гола против Базел во вториот натпревар од четврт-финалето на Лига Европа за да го испрати натпреварот во продолженија. Тотенхем на крајот го загубил натпреварот на пенали и на тој начин биле елиминирани од Европа.

Сиетл Саундерс[уреди]

Демпси со Саундерс во 2014

На 3 август 2013 година, Демпси се вратил во МЛС потпишувајќи четиригодишен договор со Сиетл Саундерс како назначен играч за трансфер сума од 9 милиони $.[73] И во новиот клуб го избрал дресот со број 2. Претходниот корисник на дресот со број 2, ДеАндре Једлин, се префрлил на бројот 17. Демпси го направил своето деби во лигата за Сиетл на 10 август 2013 година во победата со 2-1 над Торонто. Демпси влезе како замена во во 34-тата минута од тој натпревар, по повредата на глуждот на Обафеми Мартинс. [74] Својот прв погодок за Сиетл, Демпси го постигна на 28 октомври 2013 на домашен терен против Лос Анџелес Галакси (1-1) по големата грешка на противничкиот голман Хаиме Пенедо, носејќи му предност на својот тим од 1-0 во 30-тата минута од натпреварот.[75] Тоа беше и неговиот единствен погодок за Саундерс во оваа сезона. Демпси играше и во двата натпревари од конференциското полу-финале на МЛС купот, каде што неговиот Сиетл беше елиминиран од страна на Портланд Тимберс со вкупен резултат 5-3.

Позајмицата во Фулам[уреди]

На 24 декември 2013 година, Демпси повторно потпишал за Фулам доаѓајќи во клубот на двомесечен заем.[76] Тој го направил своето деби по враќањето на 4 јануари 2014 година во третиот круг од ФА купот против Норвич Сити. Демпси го одиграл целиот натпревар кој се завршил со резултат 1-1, а потоа учествувал и во преигрувањето на Крејвен Котиџ, каде Фулам победил со 3-0.[77]

Враќање во Сиетл Саундерс[уреди]

Иако не било соопштено од страна на Фулам, Демпси се појавил во тимот на Сиетл за натпреварот против Спортинг Канзас Сити во првото коло од новата МЛС сезона, игран на 10 март 2014 година. Демпси се вратил во форма, постигнувајќи хет-трик против Портланд Тимберс, и бил двоен стрелец против Далас и Колорадо Рапидс, стигајќи до скор од 8 гола во 5 натпревари во 2014 година.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. https://twitter.com/clint_dempsey twitter
  2. http://www.irishcentral.com/sports/clint-dempsey-us-soccer-hero-an-irish-rags-to-riches-story-96228884-238036381.html
  3. Hairopoulos, Kate (8 јуни 2006). „Quite a trip for U.S. midfielder“. „The Dallas Morning News“. архивирано од оригиналот на 25 декември 2013. //web.archive.org/web/20131225175051/http://www.dallasnews.com/sharedcontent/dws/spt/soccer/worldcup/stories/060806dnspocuplede.1cd47fa2.html. конс. 5 декември 2013. 
  4. Drehs, Wayne. „No ordinary background“, ESPN Soccernet, 8 јуни 2006 (конс. 22 јуни 2006).
  5. Clint Dempsey, World Cup Star, Credits Jesus For His Succes“, The Huffington Post, 24 јуни 2014 (конс. 26 јуни 2014).[мртва врска]
  6. Connolly, Marc. „Rookie of the year is still a rookie“, „ESPN Soccernet“, 7 февруари 2005 (конс. 14 јули 2006).[мртва врска]
  7. Fifa.com, уред. „Player profile“ (на en). http://www.fifa.com/confederationscup/players/player=207851/profile.html. 
  8. Dell'Apa, Frank. „Dempsey could set the tone for future MLS transfers“, „ESPN Soccernet“, ESPN, 7 јануари 2007 (конс. 7 јануари 2007).
  9. Dell'Apa, Frank. „Transfer of power for Revolution“, „Boston.com“, The Boston Globe, 27 февруари 2007 (конс. 27 февруари 2007).
  10. Dempsey Signs For Fulham“, „FulhamFC.com“, Fulham FC, 11 јануари 2007 (конс. 5 декември 2013).
  11. Fulham complete Dempsey transfer“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 11 јануари 2007 (конс. 11 јануари 2007).
  12. Fulham 1–1 Tottenham“, „ESPN Soccernet“, ESPN, 20 јануари 2007 (конс. 5 декември 2013).
  13. Fulham 3–0 Stoke City“, „ESPN Soccernet“, ESPN, 27 јануари 2007 (конс. 5 декември 2013).
  14. Sinnott, John. „Fulham 1–0 Liverpool“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 5 мај 2007 (конс. 5 мај 2007).
  15. Dempsey's Golden Goal“, „FulhamFC.com“, Fulham FC, 8 мај 2007 (конс. 5 декември 2013).
  16. Dirs, Ben. „Aston Villa 2–1 Fulham“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 25 август 2007 (конс. 25 август 2007).
  17. Mercer, Nathan. „Fulham 3–3 Tottenham“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 1 септември 2007 (конс. 1 септември 2007).
  18. Wigan 1–1 Fulham“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 15 септември 2007 (конс. 15 септември 2007).
  19. Soni, Paresh. „Chelsea 0–0 Fulham“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 29 септември 2007 (конс. 29 септември 2007).
  20. Lawton, Matt. „FA urged to charge Dempsey over Terry“, „Daily Mail“, Associated Newspapers Ltd, 30 септември 2007 (конс. 30 септември 2007).
  21. Terry to lead Chelsea in Valencia“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 3 октомври 2007 (конс. 3 октомври 2007).
  22. Sinnott, John. „Fulham 3–1 Reading“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 3 ноември 2007 (конс. 3 ноември 2007).
  23. Lyon, Sam. „Wigan 1–1 Fulham“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 22 декември 2007 (конс. 22 декември 2007).
  24. Lyon, Sam. „Tottenham 5–1 Fulham“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 26 декември 2007 (конс. 26 декември 2007).
  25. Dempsey Signs Extension“, „FulhamFC.com“, Fulham FC, 3 мај 2008 (конс. 5 декември 2013).
  26. Hughes, Ian. „Portsmouth 0–1 Fulham“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 11 мај 2008 (конс. 11 мај 2008).
  27. Fulham Player Stats 2007/08“, „Soccerbase“, Centurycomm Ltd, 15 мај 2011 (конс. 5 декември 2013).
  28. Hassan, Nabil. „Portsmouth 1–1 Fulham“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 26 октомври 2008 (конс. 26 октомври 2008).
  29. Chowdhury, Saj. „Fulham 3–0 Middlesbrough“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 20 декември 2008 (конс. 20 декември 2008).
  30. Stevenson, Jonathan. „Fulham 2–2 Chelsea“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 28 декември 2008 (конс. 28 декември 2008).
  31. Shuttleworth, Peter. „Fulham 2-1 Swansea“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 24 февруари 2009 (конс. 5 декември 2013).
  32. Vesty, Marc. „Fulham 1–2 Blackburn“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 11 март 2009 (конс. 11 март 2009).
  33. Bevan, Chris. „Man City 1–3 Fulham“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 12 април 2009 (конс. 12 април 2009).
  34. Fulham Player Stats 2008/09“, „Soccerbase“, Centurycomm Ltd, 15 мај 2011 (конс. 5 декември 2013).
  35. Fulham v Everton“, „FulhamFC.com“, Fulham FC, 24 мај 2009 (конс. 5 декември 2013).
  36. „Dempsey Signs Extension“. Fulham FC. 13 август 2009. архивирано од оригиналот на 18 април 2014. //web.archive.org/web/20140418230033/http://www.fulhamfc.com/news/2009/august/13/dempsey-signs-extension. конс. 5 декември 2013 
  37. Fulham 3–1 Amkar Perm“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 20 август 2009 (конс. 20 август 2009).
  38. Cantalupi, Stefano (December 30, 2009). „I verdetti di metà Premier Ancelotti gira in testa“ (на it). „La Gazzetta dello Sport. http://www.gazzetta.it/Calcio/Estero/Premierleague/29-12-2009/i-verdetti-meta-premier-602478747237.shtml. конс. 5 јануари 2010 
  39. Fulham's Clint Dempsey knee injury rocks Fulham and US“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 17 јануари 2010 (конс. 17 јануари 2010).
  40. How do Fulham stop Wayne Rooney? Easy, we've got Brede Hangeland and Aaron Hughes! Confident Paul Konchesky looking forward to Manchester United test“, „Mail Online“, Daily Mail, 13 март 2010 (конс. 13 март 2010).
  41. Fulham 4–1 Juventus“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 18 март 2010 (конс. 18 март 2010).
  42. Fulham's Clint Dempsey gambles to knock Juventus out of Europa League“, „The Guardian“, 19 март 2010 (конс. 5 декември 2013).
  43. „Clint Dempsey Becomes First American To Appear In European Final“. Goal.com. 12 мај 2010. архивирано од оригиналот на 27 ноември 2013. //web.archive.org/web/20131127061654/http://www.goal.com/en-us/news/1614/americans-abroad/2010/05/12/1922167/clint-dempsey-becomes-first-american-to-appear-in-european. конс. 12 мај 2010 
  44. „Howie’s 2009–10 All-Over There team“. SoccerOverThere.com. 3 мај 2010. архивирано од оригиналот на 6 декември 2013. //web.archive.org/web/20131206144822/http://www.socceroverthere.com/?p=1303. конс. 3 мај 2010 
  45. Nabil Hassan. „Blackburn 1–1 Fulham“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 18 септември 2010.
  46. Liew, Jonathan. „West Ham United 1 Fulham 1: match report“, The Telegraph, 2 октомври 2010 (конс. 2 октомври 2010).
  47. Straus, Brian (30 октомври 2010). „Clint Dempsey Scores Twice for Fulham on Big Day for Americans Abroad“. FanHouse.com. архивирано од оригиналот на 2 септември 2012. //web.archive.org/web/20120902092124/http://www.aolnews.com/2010/10/30/video-clint-dempsey-scores-twice-for-fulham-on-big-day-for-amer/. конс. 5 декември 2013. 
  48. Ashdown, John. „Fulham ease past woeful Wigan Athletic thanks to Clint Dempsey double“, „The Guardian“, theguardian.com, 30 октомври 2010 (конс. 5 декември 2013).
  49. Fulham 2–0 Stoke“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 22 јануари 2011 (конс. 22 јануари 2011).
  50. Bell, Jack. „Yanks Abroad: Dempsey Sets a Record; Holden Hurt“, „The New York Times“, 19 март 2011 (конс. 20 март 2011).
  51. Bensch, Bob. „Fulham Beats Bolton 3–0 to Pull Clear of Premier League's Relegation Zone“, Bloomberg L.P., 27 април 2011 (конс. 28 април 2011).
  52. Player of the Season“, Fulhamfc.com, 3 јуни 2011 (конс. 5 декември 2013).
  53. Winter, Henry. „Kenny Dalglish furious at 'chant' cheats aimed at Luis Suarez after Liverpool lose to Fulham“, The Telegraph, 6 декември 2011.
  54. „Dempsey downs 10-man Liverpool“. ESPN FC. 5 декември 2011. архивирано од оригиналот на 10 јануари 2014. //web.archive.org/web/20140103025244/http://espnfc.com/uk/en/report/317985/report.html. 
  55. Cox, Gerry. „Fulham 2 Bolton Wanderers 0: match report“, The Telegraph, 17 декември 2011.
  56. „Clint Dempsey posts hat trick in rout“. ESPN. 8 јануари 2012. http://espn.go.com/sports/soccer/news/_/id/7436231/clint-dempsey-records-first-hat-trick-fulham-romp. 
  57. Collins, Mick. „Fulham 4 Charlton 0: Dempsey hat-trick bursts bubble of League One leaders“, „Mail Online“, Daily Mail, 7 јануари 2012.
  58. „Dempsey hits hat-trick“. ESPN. http://espnfc.com/uk/en/report/334364/report.html. конс. 7 јануари 2012. 
  59. „Fulham v Newcastle United“. ESPN. архивирано од оригиналот на 10 јануари 2014. //web.archive.org/web/20140103211823/http://espnfc.com/uk/en/report/318007/report.html. конс. 21 јануари 2012. 
  60. Burke, Timothy. „Here’s Clint Dempsey’s Hat Trick Today, The First-Ever By An American In The English Premier League“, 21 јануари 2012 (конс. 21 јануари 2012).
  61. Jackson, Jamie. „Fulham 1–1 West Bromwich Albion“, „The Guardian“, 1 февруари 2012 (конс. 1 февруари 2012).
  62. Report: Bolton Wanderers v Fulham – Barclays Premier League – . ESPN Soccernet (April 7, 2012). Retrieved on December 5, 2013.
  63. „Dempsey scores twice as Fulham beats Bolton 3–0“. Yahoo! Sports. 7 април 2012. http://sports.yahoo.com/news/dempsey-scores-twice-fulham-beats-201900453--sow.html. конс. 5 декември 2013. 
  64. Arsenal's Robin van Persie named FWA Footballer of the Year“, British Broadcasting Corporation, 24 мај 2012.
  65. Fulham 2–1 Sunderland“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 6 мај 2012 (конс. 6 мај 2012).
  66. „Clint Dempsey voted Fulham player of the season“. ESPN. 7 јуни 2012. архивирано од оригиналот на 2 декември 2013. //web.archive.org/web/20131202235847/http://espn.go.com/sports/soccer/story/_/id/8023626/clint-dempsey-voted-fulham-player-season. конс. 13 јули 2012. 
  67. „Dempsey Departs“. Fulham FC. архивирано од оригиналот на 25 декември 2013. //web.archive.org/web/20131225180045/http://www.fulhamfc.com/news/2012/august/31/dempsey-departs. конс. 31 август 2012. 
  68. Dempsey signs for Spurs“, Sky Sports, 31 август 2012 (конс. 31 август 2012).
  69. „2003 Furman Men's Football Cumulative Season Statistics“. http://eweb.furman.edu/athletics/soccer_mens/seasons/2003/stats/TEAMCUME.HTM. конс. 5 ноември 2012. 
  70. „Clint Dempsey can now focus on what's important“. Sports Illustrated. 6 септември 2012. http://sportsillustrated.cnn.com/2012/writers/grant_wahl/09/06/clint-dempsey-tottenham-usa-jamaica/index.html. конс. 8 септември 2012. 
  71. „Clint Dempsey brace guides Spurs' win“. „Soccernet“. ESPN. 5 јануари 2013. архивирано од оригиналот на 19 декември 2013. //web.archive.org/web/20131219102559/http://espnfc.com/news/story/_/id/1289273/clint-dempsey-scores-twice-to-guide-tottenham-in-fa-cup-win?cc=5901. конс. 5 јануари 2013. 
  72. „Dempsey denies United at the death“. FIFA.com. 20 јануари 2013. архивирано од оригиналот на 26 јуни 2014. //web.archive.org/web/20140626232300/http://www.fifa.com/worldfootball/clubfootball/news/newsid=1990968.html?intcmp=newsreader_news_box_3. конс. 20 јануари 2013. 
  73. Sounders FC Signs Clint Dempsey“, Sounders FC, 3 август 2013 (конс. 12 август 2013).
  74. Oshan, Jeremiah. „Clint Dempsey thrown on early after Obafemi Martins injured, but Seattle Sounders debut goes off without a hitch“. Major League Soccer. архивирано од оригиналот на 17 јануари 2014. //web.archive.org/web/20140117223208/http://www.mlssoccer.com/news/article/2013/08/10/clint-dempsey-thrown-early-after-obafemi-martins-injured-seattle-sounders-de. конс. 11 август 2013. 
  75. Clint Dempsey scores 1st mls goal as seattle sounders draw with la galaxy
  76. „Clint Dempsey: Fulham re-sign forward on two-month loan deal“. BBC Sport. 24 декември 2013. http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/25511943. конс. 29 декември 2013. 
  77. „Norwich City 1-1 Fulham“. BBC Sport. 4 јануари 2014. архивирано од оригиналот на 20 јануари 2014. //web.archive.org/web/20140120013933/http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/25531897. конс. 4 јануари 2014.