Даглас Адамс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Даглас Адамс
Douglas adams portrait cropped.jpg
Роден(а) Кембриџ, Англија
Починал(а) Санта Барбара, Калифорнија, САД
Занимање Писател
Жанрови Научна фантастика, комедија, сатира

douglasadams.com

Даглас Ноел Адамс (англиски: Douglas Noël Adams) (11 март 1952 - 11 мај 2001 ) бил англиски писател, драматург и музичар. Се родил во Кембриџ, а се образовал во училиштето Брентвуд, во Есекс и на колеџот Сент Џон, во Кембриџ каде што во 1974 дипломирал (подоцна и магистрирал) Англиска литература.

Најпознат е како автор на серијалот „Автостоперски водич низ галаксијата“, кој почнал како радио комедија и потоа израснал во „трилогија“ од пет книги (пенталогија) со продажба од 15 милиони копии за време на неговиот живот, телевизиска серија, неколку театарски претстави, стрип, видеоигра и, во 2005, филм. Феноменалниот успех на Автостоперскиот водич ја искачил книгата на првото место на бестселери во Обединетото Кралство и во 1984 година Даглас Адамс станал најмладиот автор кој ја има добиено наградата Golden Pan. Тој освоил две последователни награди и бил номиниран за наградата Најдобар млад британски новелист.

Автостоперскиот водич низ галаксијата бил бестселер и на германски, шведски како и многу други јазици [1]

Даглас починал неочекувано од срцев удар во мај 2001 на 49 години. Живеел во Санта Барбара, Калифорнија со неговата сопруга и ќерка и во тој период работел на сценарио за долгометражниот филм за Автосотепрскиот водич.

Ран живот[уреди]

Даглас Адамс бил роден на 11 март 1952 година во Кембриџ, Велика Британија од страна на мајка му, Џенет Адамс (моминско Донован). Таа била медицинска сестра во Аденбрукс, додека неговиот татко Кристофер Даглас Адамс, бил последимпломски студент по теологија на англиканскиот колеџ Рили Хол. Тој потоа станал и наставник и предавач по теологија.

Фамилија[уреди]

Родителите на Даглас се раздвоиле кога тој имал само 5 години, по што тој се преселил во Брентвуд заедно со својата мајка и две години помладата сестра Су. Во 1962 година неговиот татко се оженил по втор пат и во 1965 добил уште едно дете, полу-сестра на Даглас. Таа сега предава англиски на Канарските острови. Мајката на Даглас се омажила за Рон Трифт во 1964 година, со кого имале две деца, Џејн во 1966 и Џејмс во 1968 кои исто така му биле полу-сестра и полу-брат. Џејн по професија станала зоолог. Рон Трифт починал во 1991 година од рак.

Образование[уреди]

Од 1959та до 1970та Даглас бил дел од Училиштето Брентвуд во Есекс. За време на неговиот престој таму, тој бил многу повеќе заинтересиран за полињата на науката отколку за уметностите. Моментот кога прв пат сериозно размислил да почне да пишува се случил кога тој имал 10 години, кога добил „10 од 10“ за одреден состав што го напишал кај наставникот Френк Халфордс. Наводно, ова е првиот и последен пат овој наставник да оценил некој ученик со „10 од 10“. Овој наставник кажал многу позитивни работи за Даглас и напоменал дека многумина го завршиле тоа училиште но Даглас бил посебен и се двоел од остантите (дури и буквално поради неговата висина). Даглас бил висок 183 cm на 12-годишна возраст. Како возрасен човек тој имал 196 cm.

Со неговиот есеј за повторно оживување на религиозната поезија, Даглас се здобил со стипендија и можност да студира англиски јазик и литература во Кембриџ. Тој многу сакал да отиде и да студира во Кембриџ, каде што сакал да им се придружи на Футлајтс, комедиска група позната по своите музички точки, или ревју-а. Но во првиот семестар од студиите тој сфатил дека не се тоа што очекувал, ами според него: „aloof and rather pleased with themselves“, односно далечни и премногу само-бендисани, па затоа се зачленил во КУЛС (CULES - Cambridge University Light Entertainment Society).

Пред започнувањето, а и за време на студиите тој решил да автостопира дури до Истамбул, минувајќи ја цела Европа. Па како би собрал пари за ова негово патешествие тој работел како чистач на кокошарници, градител на штали и портир во болница ( во Рентген одделението на општата болница Јеовил - тој не бил прв пат во ваква позиција, бидејќи работел во ментална болница додека бил во средно училиште).[2]

Кариера[уреди]

Футлајтс[уреди]

Веќе во вториот семестар тој сепак им се придружил на Футлајтс благодарение на Сајмон Џоунс, за кого рекол дека бил „пријателски настроен, услужлив, сè она што другите не биле, комплетно фин човек“. Но, неговите идеји не биле прифаќани од останатите, па тоа резултирало во формирањето на „герила“ ревју групата Адамс-Смит-Адамс, заедно со Вил Адамс и Мартин Смит. Тие изнајмиле театар за една недела и со нив Даглас го остварил неговиот прв значаен хит. Во летото 1974 година Даглас го напуштил Кембриџ и конечно решил да стане писател и бил самоуверен во тоа.

Ниеден од неговите рани обиди како писател на кометии не му донел голем успех.

Со Монти Пајтон[уреди]

Една претстава на Футлајтс била емитувана на ББЦ2 (BBC2) и слушната од Греам Чепмен, член на Монти Пајтон. Па за кратко време Даглас работел и со него, како и со Џон Лојд, но повеќето од нивните проекти никогаш не биле објавени, а оние кои биле не доживеале слава. Даглас Адамс учествувал и во пишувањето на неколку дела од Монти Пајтон и тој претставува еден од двајцата луѓе кои не биле членови на Монти Пајтон а чии имиња се нашле на одјавната шпица како писатели на една епизода од Летечкиот Циркус. Даглас Адамс имал две кратки улоги во други епизоди од серијалот, а еден негов цртеж бил користен и за Потрагата по Светиот Грал.

Автостоперскиот водич низ галаксијата[уреди]

На 4ти фебруари 1997 година Даглас се сретнал со Сајмон Брет, кој тогаш ја водел емисијата „The Burkiss Way“ на радиото Радио 4. Тие се сложиле да создадат емисија кој ќе претставува научно фантастична комедија и да ја емитираат на радио. Тоа било зачетокот на познатиот Автосоперски водич низ галаксијата.

Џејн и Поли[уреди]

Даглас се оженил со Џејн Белсон на 24ти ноември 1991 година (тие биле запознаени во раните 80ти од страна на заеднички пријател) и со неа имаат ќерка, Поли Џејн Адамс, родена на 22ри јуни 1994 година. Тие живееле во Ајслингтон, Лондон, но во 1999 се преселиле во Санта Барбара, Калифорнија, во САД. Во 1997 Даглас потпишал договор со Дизни за снимање на долгометражен филм за Автостоперскиот водич, по што тој веднаш почнал да работи на сценарио за филмот. Џеј Роач, познат по филмовите за Остин Пауерс, бил најмен како режисер.

Даглас бил дел од основачите на компанијата „The Digital Village“, која престанала да постои и се поделила на h2g2.com и Phrase3 Studios (која што престанала да постои во 2002). Првобитната компанија TDV, имала за цел да продуцира безмалку сè поврзано со медија, како телевизија, филмови, сметачки игри итн. Даглас бил еден од создавачите на „Starship Titanic“, комбинирана книга (напишана од Тери Џонс од Монти Пајтон) и сметачка игра. Таа ја добила наградата Коди (Codie) и била номинирана за БАФТА (BAFTA). Даглас Адамс исто така ги напишал „Dirk Gently“ новелите и книгата Last chance to see, која претставува не-фикција за загрозените видови на животни (ја пишувал заедно со зоологот Марк Карвадин).

Смрт[уреди]

Тој имал стеснување на артериите во срцето, што е тешко да се открие, и аритмични срце-биење, што е најчесто бенигно. Ова можеше да се случи во секое време, и драго ми е што не се случи додека возеше.“ - Џејн, неговата сопруга

Утрото на 11ти мај 2001 година, Даглас отишол во локалната теретана во Монтесито, Калифорнија да вежба. Тој таму претежно ја користел лентата за трчање и вежбал аеробик. Питер, неговиот тренер, го прегледал Даглас и забележал дека ратата на срцебиење му е прилично нормална, околу 130. Потоа даглас вежбал аеробик, по што на ред биле стомачните мускули за кои Даглас легнал на клупа. Тренерот Питер отишол да го земе пешкирот на Даглас и кога се вратил да му го даде, Даглас се струполил од клупата, откако доживеал масивен срцев удар. Тој бил одведен до болница каде што само констатирале смрт.

Пред неговата смрт, тој само што завршил нацрт сценарио за филмот за Автостоперскиот водич низ галаксијата.

Даглас бил кремиран во Санта Барбара и е закопан во гробиштата Хајгејт во Лондон, Англија. Џејн и Поли повторно се преселиле во Ајслингтон во Лондон.

Наводи[уреди]

  1. http://www.douglasadams.com/dna/bio.html - биографија на Даглас Адамс од официјалната веб страница, проверено на 11.11.2011
  2. http://www.douglasadams.se/biography/ - биографија на Даглас Адамс од Douglas Adams Continuum

Наводи(англиски)[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: