Надар
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Надар (фр. Nadar) бил псевдонимот на Гаспар-Феликс Турнашон (фр. Gaspard-Félix Tournachon) (6 април 1820 – 21 март 1910), француски фотограф, карикатурист, новинар, романсиер и балонист.
Содржина |
Биографија [уреди]
Роден е во Париз (некои извори велат Лион). Работел како карикатурист за часописот Ле Шаривари во 1848. Во 1849 ги создал Revue comique и Petit journal pour rire. Првите фотографии ги направил во 1853, а во 1858 бил првиот човек кој направил аерофотографии.
Околу 1863, Надар направил огромен (6000 m³) летечки балон и го нарекол Le Géant („Гигант“), и со тоа го инспирирал Жил Верн да ја напише книгата Cinq semaines en ballon (Пет недели на балон). Проектот бил неуспешен и Надар се убедил дека иднината им припаѓа на леталата потешки од воздухот. По ова се создачп "Друштво за Поддршка на Воздушно Движење по Пат на Машини Потешки од Воздухот", каде Надар бил претседател, а Жил Верн секретар.
При неговата посета на Брисел со леталото Гигант на 26 септември, 1864, Надар подигнал подвижни бариери за да ја држи толпата на безбедно растојание. До ден денес, во Белгија подвижните бариери во Белгија се нарекуваат Надарови бариери [1].
Во април 1874, Надар им го позајмил неговото студио, и со тоа овозможувајќи им ја првата изложба на импресионистите. Го фотографирал Виктор Иго на неговата смртна постела во 1885. Се смета дека го издал (во 1886) првото фото-интервју (со прочуениот хемичар Мишел Ежен Шеврол, кој тогаш бил стогодишник), а правел и еротски фотографии.
Надар починал во 1910 год., и бил погребан на гробиштата Le Père Lachaise во Париз. Ликот Мишел Арден во Верновата книга De la Terre à la Lune (Од Земјата до Месечината) е инспириран од Надар.
Некои фотопортрети [уреди]
-
Жил Фавр во 1865
-
Леон Гамбета во 1870
-
Густав Доре (1859)
-
Жорж Санд (1864)
-
Маркиз де Галифе, Стрелачот на Комуната
-
Ле Бри и неговото летало, Албатрос II
Видете исто така [уреди]
- Надарова Награда, награда за фотоновинарство во Франција, во име на Надар
Надворешни врски [уреди]
- Статија за Надар од Брус Стерлинг (англиски)
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Надар“ |