Модест Мусоргски
Модест Петрович Мусоргски (руски: Моде́ст Петро́вич Му́соргский; Карев, (21 март 1839 - Санкт Петербург, 28 март 1881) бил руски композитор. По чин бил официр, но ја напуштил воената служба за да се приклучи на руската петорка, но неговиот уметнички став и оригиналноста на музичкиот израз, кои се заснова на изворниот руски фолклор, останал независен. Во соло песните ги прикажува ликовите од нарадот и го доловува светот на детските доживувања. Во монументалната историска опера „Борис Годунов“ за носител на дејството е ставен народот. Во своето време не бил признаен, но со својот оригинален уметнички јазик отишол далеко пред своите современици и влијаел на импресионистите и композиторите од словенските земји.
Дела на Мусогорски [уреди]
Опери
- „Ховашчина“
- „Сорочински саем“
- „Борис Годунов“
Клавирски циклус:
- „Слики од изложба“
Симфонсиска песна:
- „Ноќ на пустата планина“
Циклуси:
- „Детска соба“
- „Без сонце“
- „Песни и танцувањето на смртта“

