Борис Годунов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Борис Годунов
Цар на Русија
[[File:Tsar Boris I|frameless|alt=]]
Владеење 7 јануари 1598 - 13 април 1605
Крунисување 21 февруари 1598
Полно име Борис Фјодорович Годунов
Звања регент на Русија (18 март 1584 - 7 јануари 1598)
Претходник Фјодор I
Наследник Фјодор II
Сопруга Марија Григориевна Скуратова-Белскаја, ќерка на Маљута Скуратов-Белскиј
Деца Фјодор II
Династија Годунов

Борис Фјодорович Годунов(руски:Бори́с Фёдорович Годуно́в)(1551-13 април 1605) бил руски цар од 17 февруари 1598 година.

Рани години[уреди]

Борис Годунов е од татарско потекло, поточно од Златната орда којашто се населиле на територијата на денешна Русија, Украина и Казахстан.

Борис Годунов уште како млад работел за царот Иван Грозни. Во 1571 година станал член на Опричнината со што станал и противник на опозицијата. Во својата работа тој бил многу способен,па напредувал во својата дворска позиција.Неговиот дворски статус се зацвстил по неговата женидба со Марија Григориевна Скуратова-Белскаја којашто била ќерка на Маљута Скуратов-Белскиј којашто била љубовница на царот Иван Грозни. Во 1580 година Иван Грозни ја земал Борисовата сестра Ирина за жена на својот четиринаесет годишен син Фјодор, којшто го назначил и за свој наследник. По неколку години Иван Грозни планирал да го ожени уште еднаш Фјодор, бидејќи тој не можел да има деца со Ирина, меѓутоа во 1584 година тој умрел

На престолот дошол Фјодор I Иванович којшто не бил доволно способен да ја води државата,па знаејќи го тоа и неговиот покоен татко, големиот Иван Грозни како регент за својот син го поставил токму Борис Годунов.

Животот како регент[уреди]

На 31 мај 1584 година,Борис Годунов станал регент на новиот руски цар Фјодор I.Но,новиот цар не знаел многу добро и успешно да води политика,па тој најчесто го слушал последниот збор на својот регент.

Борис Годунов како регент успеал да извојува победа над Швеѓаните во руско-шведската војна (1590-1595) и да освои неколку градови.Тој водел и цврста и непопустлива политика спрема Османлиската империја за Крим. Се смета дека неговата победа против „неговите предци“,Татарите е од многу големно значење за Русија, а по тоа тој успеал повторно да го колонизира Сибир,а по пат главно по течението на реката Волга и нејзините притоки и во западна Русија (по течението на реката Дон) изградил и градови-тврдини од кои најпознати се Волгоград,Саратов,Самара,Тоболск и Ворњеж.

Животот како цар[уреди]

По смртта на царот Фјодор I на 7 јануари 1598 година во Русија немало престолонаследник.За да ја спречи можната криза во скоро време московскиот патријарх Јоб го предложил Борис Годунов како најспособен за цар на Русија.На 17 февруари Народносто собрание едногласно го признало,а веќе на 21 февруари станал новиот руски цар којшто официјално бил крунисан на 1 септември 1598 година.

Тој извршил големи реформи во Русија,а најзначајни се социјалните и образовните.Тој ги познавал најдобрите европски ушители и ги донесувал на царскиот двор за да учителствуваат и во Русија.

Поради победата над Шведска уште од времето како регент,Борис Годунов настојувал да обезбеди излез на Русија на Балтичкото Море.За таа цел тој морал да ја освои Ливонија.


Побуната против царот Борис Годунов и неговата смрт[уреди]

Во 1600 година,Борис Годунов го подржал создавањето на полско-литванската повелба што дошло до голема побуна и немири против него.Како водач на немирите се смета дека бил последниот син на Иван Грозни Димитриј Иванович којшто се смета и дека го организирал убиството на царот на 13 април 1605 во Москва. Борис Годунов на престолот го наследил неговиот син Фјодор II којшто владеел асмо неколку месеци,бидејќи и тој бил убиен од противниците на својот татко.

Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДимитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Димитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I Coat of Arms of Moscow.svg
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II Romanov Flag.svg
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов Flag of the Soviet Union.svg
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Димитриј Медведев • Владимир Путин Flag of Russia.svg