Гонфалониер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портет на Пјетро Џентиле како гонфалониер на Болоња. Артемизија Џентилески, 1622

Гонфалониер (итал. Gonfaloniere, „знаменосец“) — високопрестижна комунална функција средновековна и ренесансна Италија, особено во Фиренца. Името доаѓа од поимот „гонфалон“ - знамето на комуната.

Во Фиренца тој бил еден од деветте граѓани избрани со ждрепка секои два месеци, кои ја сочинувале владата наречена „Сињорија“. Како „знаменосец на правдата“ (Gonfaloniere di Giustizia) тој бил привремениот знаменосец на Република Фиренца и чувар на знамето, кој се обесувал за средината на пренослив крст. За да се разликува од другите осум колеги, неговиот црвен капут, поставен со ермелин, имал опшиено и златни ѕвезди. Секое соседство во Фиренца имал свој старешина (priore) кој можел да биде избран за да служи во советот, и свој „задружен знаменосец“ (gonfaloniere di compagnia) избран од најистакнатите семејства од секое соседство.

Други комуни во средна и северна Италија, од Сполето до Пиемонт, исто така поставале свои гонфалониери. Во XVI век, семејството Бентивољо од Болоња се стремеле кон оваа функција. Меѓутоа по еден век, во 1622 кога Артемизија Џентилески го насликала портретот на Пјетро Џентиле како гонфалониер на Болоња со гонфалонот во позадината, оваа функција веќе имала само симболично значење.

Познати гонфалониери[уреди]

Поврзано[уреди]