Староегипетска архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Архитектурата во Стариот Египет претставува главен елемент на египетската цивилизација, која се смета за една од најзначајните цивилизации на стариот век, во продолжение на 3000 години. Самата египетска држава развила посебно државно уредување, религија, архитектура, писмо и уметност. Историјата на Древен Египет започнува некаде во 31 век п.н.е. а завршува во 30 година п.н.е. кога дефинитивно го губи својот независен енитет. Египетската архитектура се има главно на религиозен и погребален карактер.

Техника[уреди]

Значајно за старите египќани е фактот што градежните материјали како каменот и тулата најмногу биле користени при изградба на споменици или гробници во пирамидите. За изградба, старите египќани ја користиле трска, дрво и нилското блато. Понекогаш, наместо трска била користена асура која ја добивале од Нил. Кровот на градбата обично бил рамен. Од каменот најмногу го користеле варовник|варовникот, а во поново време на египетското царствосе користело и прагови за блокирање на влезовите на пирамидите, за облога на ѕидовите или создавање на некои сакрофази.

Каменот како градежен материјал се воведел од страна на првата династија. Како прва градба од камен се смета дека е Џосеровата пирамида. Како главна одлика на Стариот Египет се култните места на божествените фараони и нивните погребални храмови. Од градовите кои опстојувале во Новото царство денеска нема останато скоро ништо, додека од истата епоха датираат редица храмови, кои главно биле градени по течението на река Нил.

Освен каменот, и тулата била користена при изградба на пирамидите. Големите камени блокови биле користени од страна на четвртата династија и фараонот Снефру.


Египетски храм[уреди]

Според египетската митологија, храмот претставувал место каде што се искажувало почитта кон Бог и место каде што се одржувало т.н. религиозен обичај Маат. Палатата на фараонот и самиот храм имале ритуално значење, главно како две места каде се одржувале политичкиот и религиозниот живот на царското семејство. Храмовите од тоа време се делат на храмови посветени на Боговите, и посмртни храмови.

Во почетокот, самите храмови кои се посветувале на боговите биле мали и не толку импресивни, за разлика од периодот на новото царство кога кралските храмови и храмовите посветени на боговите. Во новото царство, обично храмовите биле градени во близина на кралската палата и често пати биле поврзани во целина.

Приватни станбени домови[уреди]

Примери за архитектурата на населението на Египет се куќите во Амарана, престолнина на Египет во времето на Акхенатон. Самиот објект се состоел од централен двор со помошна просторија, а во самиот објект соба за спиење чиј влез не бил директно поврзан со улицата.

Египетски гробници[уреди]

Гробницта е место каде почивал самиот власник на гробницата и неговото семејство. Според египетска митологија|египетската митологија, тоа е местото каде едниот од другиот свет се разделени, место каде се заштитува телото на покојникот. Телото на покојникот било мумифицирано.

Првите гробници биле мастаби. Гробниците се сместувале во внатрешноста на земјата, и самата гробница била со трапезен облик на површината. Подземниот дел се состоел одповеќе или помалку лавиринти со две или повеќе простории од кои едната била лажна а другата права просторија на гробницата. На овој начин се работело се со цел гробницата да биде заштитена од страна на пљачки, кои постоеле во тоа време. Многу често, во ѕидините била заѕидувана скулптура од покојникот, се со цел покојникот да го посматра евентуалниот влез на посетителот. Изградба на повеќе мастаби била изградена за гробницата на кралот Џозер во 2500 п.н.е. Оваа гробница е значајна за историјата на уметноста бидејќи е познат и нејзиниот архитект, а со тоа и првиот архитект чие име е забележано во историјата- Имхотеп.

Веќе следните векови започнала златната доба при изградба на пирамидите. Во комплексот во Гиза кај Каиро во периодот од 2570 п.н.е. и 1500 п.н.е. биле изградени најмонументалните пирамиди во историјата на човештвото. Најголемата и најстара е Кеопсовата пирамида, која уште од старо време е прогласена за едно од седумте светски чуда на античкиот свет. Пирамидите од тоа време биле изградени од камен, а на самиот врв биле позлатени.

Најпознати гробници од ова време се:

Надворешни врски[уреди]