Седум светски чуда на античкиот свет

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Седумте светски чуда (или Седумте светски чуда на Античкиот Свет) се широко позната листа на седум популарни места на класична антика. Листата била воглавно туристички водич за патниците на Античкиот Свет кои сакале да ги видат најпознатите и најатрактивните дестинации.

Седумте чуда[уреди]

Во листа според хронолошкиот ред на нивната изградба, седумте чуда се:

Чудо Дата Изградено од Уништено Причина
Кеопсова пирамида 2550 BC Египќаните / /
Семирамидини висечки градини 600 BC Вавилонците по 1 век п.н.е. земјотрес
Храмот на Артемида во Ефес 550 п.н.е. Лидиците, Грците 356 BC пожар
Статуата на Зевс во Олимпија 435 п.н.е. Грците 5-6 век пожар
Мавзолејот на Мавзолос во Халикарнас 351 п.н.е. Каријците, Грците до 1494 земјотрес
Колосот од Родос 292-280 п.н.е. Хеленистичка Грција 224 п.н.е. земјотрес
Светилникот во Александрија 3 век п.н.е. Египет 1303-1480 земјотрес