Статуа на Зевс во Олимпија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Статуата на Зевс е едно од Седумте чуда на светот, посветена на врховниот бог на старите грци, во која чест се одржувале Олимписките игри, и која се наоѓала на самата планина Олимп по која и игрите го добиле називот свој. Олимп била важен религиозен центар на Древна Грција. Имено таму Зевс го победил Кронос. Во текот на 5 век пр.н.е. граѓаните на Олимп решиле да изградат храм на Зевс. Тој бил 64 метри на должина и 28 на ширина. Височината била 20 метри. Статуата на Зевс била поставена во дното на храмот. Според изворите таа била висока околу 12 метри и постоело некое предание дека доколку Зевс се крене би можел да го разруши таванот.

Статуата на Зевс

Задачата за изработка на Статуата на Зевс,му била доделена на атинскиот скулптур Фидиј. Со изградба на храмот, во наредните години храмот привлечел многу посетители и верници од целиот свет.

Оваа градба била изработена од дрво, кое било покриено со тенок слој од слонова коска, а облеката на Зевс била покриена со златни лисја. Во десната си рака Зевс држал златна статуа која била висока околу 5 метри на божицата на победата Нике. Во 2 век п.н.е. изградената статуа била успешно реновирана а во 1 век п.н.е. римскиот император Калигула пробал статуата да биде пренесена во Рим. Но оваа шанса на императорот пропаднала кога скелињата кои ги поставиле неговите војници се срушиле.

Во 394 година од н.е. односно околу 800 години од нејзиното градење таа била пренесена во Константинопол, метрополата на Византија. И покрај тоа што христијанството во тоа време доживувало голем подем како религија, статуата на Зевс никој не ни помислувал да ја разруши, поради нејзината професионална изработка. Кога Олимписките игри биле забранети во 391 година по наредба на императорот Теодосиј II , како пагански обичај било наредено овој храм да биде затворен. Историчарите сметаат дека изгорела по време на пожар во дворецот на императорот Теодосиј II во 492 година.

Статуата на Зевс е едниствената од седумте чуда која се наоѓала на европска почва.