Колос од Родос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Колосот од Родос

Колосот од Родос (грчки: Κολοσσός της Ρόδου) е едно од седумте светски чуда од античко време. Колосот претставувал бронзена статуа на богот на сонцето Хелиос. Се наоѓал на островот Родос во Егејско море. Статуата имала висина од 36 метри и во тоа време била најголемата во светот. Статуата е дело на Харес од Линдос и е завршена во 280 година п.н.е.

По пропаѓањето на македонската држава на Александар Македонски, раководството на Родос го превзел Птоломеј I Сотир. По неговото утврдување во Египет односно Александрија, тој склучил сојуз со Родос со цел да ја контролира трговијата во источното Средоземноморие. Во 305 пр.н.е. синот на другиот македонски крал Антигон I Едноокиот - Деметриј I Македонски го опседнал Родос со војска од 40 000 души. Опсадата траела цела година. На крај бил принуден да отстапи бидејќи се приближувала флотата на Птоломеј.

Народот на Родос решил да ги продаде искршените орудија и да изгради храм и статуа на почитуваниот бог на сонцето Хелиос. Храмот бил урнат од земјотрес но, се' додека не се урнал во целост, претставувал туристичка атракција - до 654 година, кога арапите го ограбиле и ги продале бронзените делови од статуата.

И покрај создадената легенда дека Колосот се наоѓал на некое од трите пристаништа, тоа до денес не е докажано. Најверојано тој бил изграден врз акрополот, светилиштето на богот Хелиос.