Светилник во Александрија

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Светилникот во Александрија

Светилникот во Александрија е едно од седумте светски чуда од античко време. Бил изграден околу 290 година п.н.е. на островот Фарос, блиску до градот Александрија во Египет. Разрушен е во 1375 година од земјотрес. Денеска на истото место има тврдина наречена Каинт Беј.


[уреди] Значење

Значењето на Светилникот се согледува во можноста во тоа време да се овозможи на бродовите безбедно патување и враќање во Александрија. Во архитектонска смисла овој светилник имал најмногу значење- тоа била најголемата градба на светот чија светлост можела да се здогледа и до 50 километри од Александриското крајбрежје.


[уреди] Историја

Многу брзо по смрта на Александар Македонски, неговиот наследник, Птоломеј I ја превзел власта во Египет. Како својата престолнина ја избрал Александрија, до која се наоѓа и островот Фарос, и чие име се смета дека произлегува од зборот Pharao's што означува светлина. Кога Египет бил завземен од страна на арапите, Александрија била упостоштена и нејзиното богатство ограбено. Светилникот продолжил и за нив да има големо значење и покрај тоа што престолнината на Египет била преместена во Каиро. Во земјотресот од 956 година п.н.е. светилникот останал со минимална штета. Но со оглед на специфичната положба на Светилникот, следувале серија од силни земјотреси и тоа во 1303 и 1323 година п.н.е. во кои скоро бил разрушен. Според кажувањата на султанот Мамелук, во самиот град заедно со неговата војска не можел да влезе поради рушевините од самиот светилник, затоа на истото место тој изградил тврдина.

[уреди] Архитектура

Светилникот претставувал кула со височина од 134 метри и на времето е бил еден од највисоките конструкции, создадени од човекот. Архитект на Светилникот е Сострат Книдски. Градењето на светилникот траело околу 5 години. Објектот бил на три ката. Бил изграден од бели камења и со трегери.

Долниот дел од Светилникот бил во форма на квадрат со плоштина од 8,5 м2. Четирите му ѕидови биле обрнати во насока на четрите страни на светот. Првиот спрат бил висок околу 57,7метри, вториот кој бил во форма на осмоаголник имал височина од 27 метри. На врвот била поставена статуата на Посејдон со височина од 7 метри.