Тутанкамон
Од Википедија, слободна енциклопедија
| Тутанкамон | |||
|---|---|---|---|
| Тутанкатен, Тутанкамун, можно е Нибурераја. | |||
| Маска на тутанкамоновата мимија, популарната икона за стар Египет во Египетскиот музеј. | |||
| Фараон на Египет | |||
| Владеење | 1333–1324 п.н.е., Осумнаесетта династија | ||
| Предходник | Сменхкар? или Нефернеферате? | ||
| Наследник | Еје | ||
| Сопруга(и) | Анкесунамон | ||
| Закопан | KV62 | ||
Тутанкамон (египетски:twt-ˁnḫ-ı͗mn; *tuwt-ʕankh-yamān), (англиски:Tutankhamen), вистинското име: Тутанкатен (познат во 14 век пред нашата ера) - египетски фараон (1333-1323 год. пред нашата ера) од осумнаесетта династија.
Дошол на тронот на околку осумгодишна возраст и бил советуван да се пресели назад во Мемфис од Ахетатон, градот на таткото на неговата сопруга и негов претходник, Ахенатон. За време на неговото владеење била вратена традиционалната религија по реформите на Ахенатон. Кратко пред неговата смрт, сѐ уште во своите тинејџерски години, Тутанкамон испратил трупи во Сирија со цел да обезбеди помош за сојузот против една група поврзана со хетитите.
Бидејќи неговото име било меѓу „проколнатите“ на кралските листи на XVIII династија, локацијата на неговиот гроб била заборавена, а просторијата во која бил закопан не била отворена сѐ до 1922 година, кога била пронајдена од страна на Хауард Картер (1873-1939). Благодарение на неговите богатства, Тутанкамон, веројатно, останал најпознат меѓу фараоните и покрај неговата рана смрт и ограничените остварувања.
[уреди] Надворешни врски
- Оригинални фотографии и описи на предметите пронајдени во гробницата на Тутнакамон од Картер и неговиот тим на Грифит институтот при Универзитетот во Оксфорд. (англиски)
- Клетвата на мумујата: историско истражување (Марк Р. Нелсон, British Medical Journal) (англиски)
- Нови откритија за родителите на Тутанкамон од Даниел Форбс (англиски)
- Весник The Independent, 20 октомври 2007: „3000 годишната мистерија е разрешена - Тутанкамон загинал во ловечка несреќа“. Видете го и видео материјалот на The-Maker.net (англиски)
- BBC news.bbc.co.uk, Мрачните тајни на Градот на фараоните (англиски)
[уреди] Галерија

