Египтологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портал „Египтологија

Египтологија е науката која се занимава со изучување на Стариот Египет и египетските антиквитети. Таа е регионална и тематска гранка на пошироките дисциплини античка историја и археологија. Човекот кој се занимава со оваа наука се нарекува египтолог.

Вовед[уреди]

Египтологијата ги изучува египетските култури (јазик, книжевност, историја, религија, уметност, стопанство и етика) од V милениум п.н.е. до крајот на римското владеење IV век н.е. Современата египтологија (наспроти антикварскиот интерес за земјата Египет) се смета дека се зародил во 1822 година, кога Жан-Франсоа Шамполион објавил генерална дешифрација на хиероглифите за прв пат, со помош на Розетскиот камен. Подоцна, со сè поголемото познавање на египетскиот јазик и писмо, изучувањето на староегипетската цивилизација станала академски строга наука во голем подем, со сиот стимул кој ова познавање на пишаните материјали можело да го даде.

Проблеми и мистерии[уреди]

Постојат многу отворени проблеми во врска со Стариот Египет, а некои од нив никогаш неможат да бидат решени. Египетската археологија е во постојана транзиција, со тоа што голем дел од теримологијата и хронологија е спорна. Археолошките наоди се нецелосни, каде безброј реликвии не можат да се пронајдат или биле уништени. Новите археолошки наоди можат да ги доведат во прашање дотогашните заклучоци. Покрај тоа, постојат и внатрешни проблеми на генерална кохезија на разните династии како и проблеми со усогласување на Египет со другите цивилизации.

Потекло[уреди]

Стариот Египет не бил една обединета држава пред 3300 п.н.е. Опстпјувал како независна држава сѐ до 300 п.н.е. Археолошките наоди укажуваат на тоа дека развиено египетско општество постоело од многу поодамна.

Храмови и пирамиди[уреди]

Египетски храмови постојат и денес. Други се руинирани од забот на времето и други непогоди, додека од трети нема никаква трага. Египетските градби се едни од најголемите градежни дела во историјата на човештвото. Тие претставуваат најсилни и најтрајни симболи на египетската цивилизација.

Погребување и гробници[уреди]

Мумифицирањето на мртвите не постоело од секогаш. Откога овој обичај започнал, мртовецот се поставувал во гробницата со разни ритуали и протокли. Египетскиот погреб бил комплексна церемонија во која се граделе разни паметници, се кажувале молитви, и правеле ритуали во чест на мртовецот. Сиромашните кои неможеле да си дозволат гробница биле закопувани во обични гробови во песокот, и заради пустата средина, тие најчесто останувале природно мумифицирани.

Библијата[уреди]

Старите египјани се запишани во Стариот Завет, и играле предоминантна улога во животот на раните евреи, од фаѓањето на Јосиф до нивното прогонство од Египет, и подоцна односите со кралството Израелското царство. Постојат неколку неодговорени прашања за точните меѓусебно извршени влијанија на овие два народа.

Технологија[уреди]

Извесни артефакти и записи не одговараат на конвенционалните системи за развој на технологијата. Софистикацијата на староегипетската технологија е сѐ уште недоволно проучена.

Видете исто така[уреди]

Портал „Египтологија