Леон Батиста Алберти
Од Википедија
Леон Батиста Алберти (италијански: Leone Battista Alberti)(роден на 18 февруари 1404 во Џенова - починал на 20 април 1472) бил италијански архитект, математичар, лингвист и поет, од времето на ренесансата.
[уреди] Детство
Како италиански хуманист, Алберти е често гледан како модел на "универзалниот човек на ренесансата. Тој е роден во Џенова, и е еден од двата незаконски синови на богат трговец од Фиренца. Мајката на Леон била вдовица од Болоња, и како и други семејства во време на епидемијата, и таа била прогонета од својот дом под раководство од Албисалс. Тогаш, неговото семејство се преместило во Венеција каде Лоренцо се оженил во 1408 година. Неговата забрана за семејството била подигнета во 1428 година, која година Алберти за прв пат ја посетува и Фиренца. Уште како млад пројавил интерес кон барањето на теоретски и практични правила и норми, на кои да се базира и најмалиот архитектурен детал. Алберти се здобил со огромно образование, па започнал да наликува на италиански благородник. Од околу 1414 до 1418 година тој ги проучува светските класичари во известното училиште Gasparino Barzizza во Падова. Подоцна се запишува и го завршува факултетот во Болоња по правни науки.
[уреди] Работа
Неговата докторска кариера Алберти ја завршил во 1428 година. Во 1430 година тој заминал во Рим, каде работел како адаптор во папската куриа односно како папски инспектор. Во 1450 година, на Алберти му била дадена порачка чија задача се состоела во трансформирање на црквата на С. Франческо во споменик на местниот воен началник. Како архитект Алберти работи предимно во Фиренца, каде и денес можеме да видиме некои од реализираните му проекти, кои најизвесните се наогаат црквата "Санта Марија Новела" и дворецот "Ручелај".Неговата доминантна форма е класичка структура на Ренесансата.
Освен големиот му интерес кон јазиците и античноста, тој се запишал да учи право на универзитетот во Болоња, а сѐ уште немал полнолетство.
Меѓу најважните дела на Алберти се:
- De re ædificatoria (завршена во 1450),
- De statua и
- De pictura.