Ескоријал

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ескоријал
Модел на палатата
Влезот на палатата
Кралскиот Пантеон со ковчези
Ескоријал
Ескоријал

Кралскиот манастир Св. Лаврентиј „Ескоријал“ (шпан. Real Monasterio de San Lorenzo de El Escorial) или само (Ел) Ескоријал е огромна палата, августински манастир, музеј и библиотека кој се наоѓа во Сан Лорензо де Ел Ескоријал, Мадрид, гратче 45 км северозападно од Мадрид во автономната заедница Мадрид, Шпанија.

Изградба и функција[уреди]

Палатата е сместена до планината Абантос во рамките на Сиера де Гвадарама. Изградбата на овој монументален комплекс била нарачана од кралот Шпанија за да ја одбележи победата во Св. Квентенската битка во 1557 со војската на францускиот крал Анри II. Комплексот е наменет да служи и како некропола како здомувањето на останките на Филиповите родители, Карлос I и Изабела Португалска, како и своите и оние на неговите потомци. Дворецот служел и место за изучување во полза на Противреформацијата.

Манастирот станал гробница на шпанските кралеви низ следните пет века, од династите Хабсбурговци и Бурбони. Кралскиот Пантеон ги чува останките на светиот римски цар Карл V (Карлос I на Шпанија), Филип II, Филип III, Филип IV, Карлос II, Луис I, Карлос III, Карлос IV, Фердинанд VII, Изабела II, Алфонсо XII и Алфонсо XIII. Двајца Бурбони, Филип V и Фердинанд VI, како и Амадео I Савојски (1870-1873), не се погребани овде.

Каменот-темелник на зградата е удрен на 23 април, 1563. Изградбата ја надгледувал архитектот Хуан Баутиста де Толедо, кој не доживеал да ја види зградата завршена, бидејќи умрел во 1567. Со неговата смрт, управата на изградбата ја добил неговиот чирак Хуан де Херера, кој ја довршил во 1584.

По план зградата е решеткаста; по традиција ова се мисли дека е сторено во чест на Св Лаврентиј, кој станал маченик со топа што бил печен реш. Неговата слава е на 10 август, истот датум на кој се одиграла Св. Квентенската битка.

Меѓутоа во реалност овој план бил смислен подоцна, и тоа по урнек на описот на Соломоновиот храм од јудео-римскиот историчар Флавиј Јосиф. Поради фактот што комплексот требал да содржи машки и женски манастир, пантеон, базилика, училиште, библиотека, и дворец, тој испаднал двојно поголем од првично замисленото.

Од обете страни на црковниот влез се поставени статуите на Давид и Соломон, како потесетник за потеклото на палатата, а и како споменици на разликите помеѓу Карл V и претпазливо-мудриот Филип II. Соломон се појавува повторно, овој пат на фреска во средината на библиотеката.

Овој комплекс е и огромна ризница на уметнички дела како оние на Тицијан, Тинторето, Ел Греко, Веласкез, Рогир ван дер Вејден, Паоло Веронезе, Алонзо Кано, Хозе де Рибера, Клаудио Коељо и други. Библиотеката содржи илјадници бесценети прастари ракописи како збирката на мароканскиот султан Зидан Абу Мали (вл.16031627). Главното скалиште е дело на Џамбатиста Кастело.

На 2 ноември, 1984, УНЕСКО ја прогласува палатата за место на Светското наследство. Ова е неверојатно популарна туристичка атракција.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]



Грбот на Шпанија Кралски резиденции во Шпанија

Мадрдиска | Зарзуела | Ескоријал | Прадо | Аранхуеска | Гранха | Риофрио | Севиљски алказар | Алмудена