Николо Макијавели

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Николо Макијавели

Ренесансна философија

Портрет на Николо Макијавели од Санти ди Тито
Цело име Николо Макијавели
Роден 3 мај 1469(1469-05-03)
Фиренца, Италија
Починал 21 јуни 1527 (возраст: 58 г.)
Фиренца, Италија
Школа ренесансна философија, реализам, класично републиканство
Главни интереси политикаполитичка философија), воена теорија, историја
Потпис Machiavelli Signature.svg

Николо Макијавели (итал. Niccolò Machiavelli; Фиренца, 3 мај 1469 - Фиренца, 20 јуни 1527) бил италијански функционер, писател, воен стручњак, поет, комедиограф и политичар.

Своето творештво го започнал со покладни песни, канцони и сонети. Познат е по делата „Владетелот“, „Умешноста на војувањето“, „Расправи за првите десет книги на Тит Ливиј“, „Историја на Фиренца“, а неговото најважно дело од аспект на литературата е „Мандрагола“. Тоа е првата модерна европска комедија и најдоброто италијанско дело од овој жанр во периодот на ренесансата. Макијавели е можеби најпознат по своето дело „Владетелот“ - политичка расправа во која ја изложил својата теорија за граѓанската држава. Ја познавал Италија на своето време. Во неа се случувале сурови борби, па затоа, поаѓајќи од актуелната состојба на разединетата Италија, тој ја истакнал идејата дека целта ги оправдува средствата, што подоцна често пати се цитира. Под макијавелизам (со негативно значење) се подразбира токму значењето на оваа мисла. Макијавели, всушност, ја одделил политиката од етиката, што е мошне противречно.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици