Игор Стравински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Игор Фјодорович Стравински (руски: Игорь Фёдорович Стравинский; 17 јуни 1882 - Њујорк, 6 април 1971)

Игор Фјодорович Стравински (руски: Игорь Фёдорович Стравинский; 17 јуни 1882 - Њујорк, 6 април 1971) — руски композитор, кого денес многу, и на запад и во неговата родна Русија, го сметаат за највлијателниот композитор на музика во XX век. Тој е олицетворение на Русите именуван од страна на TIME како еден од највлијателните луѓе на минатиот век. Со оглед на многуте признанија кои ги добил за своите композиции, се стекна со слава како диригент и пијанист, најчесто на премиерите на неговите дела. Композициската кариера на Игор Стрависнки е значајна поради нејзините стилски промени. Меѓународната слава прво ја стекна со своите три балети, кои ги нарачај Сергеј Дјагилев, а кои Бале Русе ги направи. Трите балети се Жар-Птица (1910), Петрушка (1911) и Посветување на Пролетта (1913) Посветување на пролетта, чија премиера предизвика бунт, го трансформираше начинот на кој подоцна композиторите гледаа на ритмичката структура. До денес, неговата визија за погански ритуали оживеа во имагинарна праисториска Русија која ја плени и воодушевува публиката. По руската фаза, за време на 1920-тите Стравински се окренува кон неокласицизмот. Делата од овој период се со намера за користење на традиционални музички инструментални форми (концерт, гросо, гуфа, синфонија), често криејќи ја мантијата на интезивни емоции под површина која остава впечаток на едноставност, а често и одаваат почит на музиката на претходните мајстори како што се Јохан Себастијан Бах, Џузепе Верди, Петар Илич Чајковски и др. Во текот на ’50-тите ги адаптираше сериските постапки користејќи нови техники во последните 20 години од својот живот за да напише дела кои се пократки и повеќе ритмички, хармонични и структурални, покомплексни од неговата музика пред тоа. И покрај таа комплексност неговите дела делат одлики со сите претходни дела. Ритмичка енергија, конструкција на проширените мелодични идеи од малите структури компонирајќи само две или три ноти, т.е чистотата придонесуваат за чистотата на формата, инструментацијата и изразувањето. Стравински бил писател и со помош на Алексис Роланд-Мануел го напишал делото “Поетика на музиката” во кое ја употребил позната реченица дека музиката е неспособна да “изрази ништо освен самата себе”. Голем број интервјуа во кој Стравински разговараше со Роберт Краф се издадени како книга под наслов “Разговори со Игор Стравински”. Тие двајца, соработувале на уште 5 изданија во текот на наредната деценија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Русија[уреди | уреди извор]

Игор Фјодорович Стравински е роден на 17 јуни 1882. Во Ораниенбаум(од 1498. Ломоносов), а детството го поминал во Санкт Петербург. Неговото детство, како што пишува во својата автобиографија, не било баш сјајно : “Никогаш не сретнав некој кој навистина чувствувал нешто према мене”. Неговиот татко, Фјодор Стравински, бил бас пејач во Маринискиот театар, па младиот игор рано започнал со часови по клавир, а подоцна ја учел и музичката теорија и се опробал во компоновање.
Во 1890. година, Стравински го гледал изведувањето на Заспаната убавица од Петар Илич Чајковски во Маринсикиот театер. Изведувањето, кое воедно бил и негова прва средба со оркестар, потполно го фасцинирало. На 14 години го усовршил Менделсновиот концерт за клавир во Г-мол, а следната година ја зарвшил кратката клавирска верзија на еден гурачки квартет на Александар Глазунов. И покрај совојт ентузијазам за музика, неговите родители очекувале да стане адвокат. Стравински запишал право во Санкт Петербург, но таа професија му била здодевна па во 4. година од студиите присуствувал на помалку од 50 предавања. По смртта на татко му 1902, Стравински сè повеќе и повеќе посветувал внимание на музичките студии. Стравински ја добил дипломата од правниот факултет 1907. година и потоа можел сето свое време да го посвети на музиката. По совет од Николај Римски Корсаков, кој тогаш бил водечки руски композитор, одлучил да не се запише на Санкт Петербуршкиот конзерваториум. Наместо тоа 1905. година започнал приватно учење (двапати неделно) кај Римски-Корсаков, кој му бил како втор татко.
Истата година, се верил со својата роднина Катерина Носенко, која ја познавал од порано. Се венчале на 23 јануари 1906. Во рок од две години добиле две деца – син Фјодор (1907) и ќерка Људмила (1908).
Во 1909. година, неговиот Огномет е изведен во Санкт Петербург, каде бил чуен од Сергеј Дјагилев, шеф на Бале русеа во Париз. Дјагилев бил доволно импресиониран од делото, па веднаш го ангажира Стравински да му напише оркестрација, а подоцна и цел балет – Жар-птици.

Швајцарија[уреди | уреди извор]

Стравински, во 1910. отпатувал во Париз за да ја гледа премиерата на Жар-птици. Скоро му се придружило и неговото семејство. Заедно одлучиле да останат на запад. Се преселил во Швајцарија, кад останал до 1920. и тоа наизменично во Кларанс кај Монтреа и Лозана. Во тој период, компонирал уште три дела за Бале РусеПетрушка (1911), напишано во Лозана и Посветување на пролетта (1913) и Пулчинела, двете во Кларанс.
Додека семејството престојувало во Швајцарија, роден е нивниот втор син, Соулим (1910) и втората ќерка, Марија Милена (1913). Во текот на последната бременост било отркиено е дека Катерина болува од туберкулоза, па била сместена во швајцарскиот санаториум поради нега. По краткото се вратил во Русија, јули 1914. година за да собере материјали за Свадба. Стравински ја напуштил татковината и се вратил во Швајцарија пред почетокот на Првата светска војна. Во Русија се немал вратено скоро цели 50 години.

Франција[уреди | уреди извор]

Во 1920. година се преселил во Франција. По кратко престојување близу Париз, тој и неговото семејство се преселиле на југ на Франција каде останале до 1934. кога повторно се враќаат во Париз, каде се сместуваат на улицата Фабур Сен-Оноре. Стравински подоцна изјавил дека тоа е последна и најтажна адреса на која престојувал. Додека престојувал таму, туберкулозата од неговата сопруга преминала на најстарата ќерка Људмила и на него самиот. Људмила починала 1938, а Катерина следната година. Додека Игор бил во болница, каде бил лечен 5 месеци, починала и мајка му. Стравински уште тогаш имал контакти во САД. Тогаш работел на синфонија во Ц-мол за Чикашкиот синфониски оркестар и прифатил да предава на Харвард во текот на учебната 1939/40. Кога во септември избувнала Втората светска војна, отпатувал за САД. На почетокот живеел во Холивуд, а во 1969 се сели во Њујорк.

САД[уреди | уреди извор]

Стравински продолжил со животот во САД од 1939, па сè до смртта 1971. Државјанството го добил во 1945. Приказната како го добил истото е доста интересна. Кога на 58 годишна возраст отишол во канцеларијата за довиање државјанства, службеникот го прашал за презима. Игор рекол дека се презива Стра-вин-ски, внимавајќи на нагласувањето на секој слог. Кога службеникот го запишал презимето, се насмејал и рекол : Знаете, би можеле и да го промените. Стравински се навикнал на животот во Франција, но преселувањето во САД на 58 годишна возраст била голема промена. Едно време успеал да го сочува кругот на пријатели на емигранти од Русија, но подоцна сфатил дека тоа нема да биде доволно за неговиот интелектуален и професионален живот во САД. Кога планирал да ја напише операта Вистен Хју Оден, потребата за подобро запознавање со англискиот јазик го составила со диригентот и музичар Роберт Крафт. Тој живеел со Игор и му помагал сè до неговата смрт. Му помагал како изведувач, хроничар, помошник диригент, како и во многу други музички и социјални проекти.
Во 1962. Стравински го прифатил повикот да се врати во родната Русија, за да одржи серија концерти, но останал емигрант, цврсто заснован на западот. Игор Фјодорович Стравински починал на 6 април 1971. во Њујорк на 88. годишна возраст. Бил закопан на венециските гробишта Сан Микеле. Неговиот гроб се наоѓа близу гробот на неговиот долгогодишен соработник Сергеј Дјагилев. Животот на Игор Стравински опфатил поголем дел од XX век, вклучувајќи и многу негови модерни стилови на класична музика, а сам Стравински влијаел на многу композитори не само во текот на неговиот живот, туку и по смртта. Стравински има ѕвезда на Холивудската стаза на славните на 6340 Холивудска авенија, а посмртно е одликуван и со Греми награда за животно дело во 1987.

Личност[уреди | уреди извор]

Стравински ја покажал несицрпната желба за истражување на уместноста, книжевноста и животот. Таа желба се манифестирала во голем број негови париски соработки. Не бил само композитор за Бале русе на Дијагивљев, туку соработувал и со уметници како што се Пабло Пикасо (Пулчинела), Жан Кокто (Едипус рекс) и Џорџ Баланчин (Аполон).
Со релативно низок раст и не баш убав Стравински, сеедно бил фотогеничен како што покажуваат многу слики. Иако неговиот брак со Катерина издржал 33 години, неговата вистинска љубов која останала со него до неговата смрт и со која се оженил по смртта на Катерина е Вера де Босе. Иако бил злогласен женкар (се говори и дека имал афери со личности од високо друштво, како што е Коко Шанел) Стравински бил и семеен човек. Посветил доста време и на своите синови и ќерки. Еден од неговите синови, Соулима Стравински исто така станал композитор, но помалку познат во споредба со неговиот татко.
Кога Стравински ја запознал Вера за време на ’20-тите, таа била во брак со сликарот и дизајнер Сергеј Судејкин, но таа и Стравински набргу потоа започнале афера што доведе до тоа Вера да го напушти својот сопруг. Од тогаш па до смртта на својата сопруга Катерина, Стравински водел дволичен живот, посветувајќи внимание на смејството, но и на Вера. По смртта на Катерина, Стравински се венчал со Вера во Бедфорд на 9 март 1940. За тоа време и двајцата ја напуштиле Франција и отишле во САД, за да се сокријат од Втората светска војна. Стравински се одселил во 1939, а Вера следната година. Публиката никогаш не беше предалеку. За раните ’20-ти, Леополд Стоковски му овозможи поддршка преку псведонимот “дарител”. Стравински исто така беше во можност да привлече надоместоци: поголем број на дела по Жар-птици се напишани за посебни свечености и добро се платени.
Стравински се покажал за соодветен во играње на улогата “светски човек”, развивајќи изострен инстинкт за биснис и настапувајќи ладнокрвно и опуштено во многу големи светски градови.
Париз, Венеција, Берлин, Лондон и Њујорк го угостиле Стравински како пијанист и како диригент. Поголем број на луѓе кои го познавале низ работни договори околу изведувањето тврделе дека бил пристоен, внимателен и спремен да помогне. На пример, Ото Клеперер, кои добро го познаваше Арнолд Шенберг, рекол дека Стравински секогаш бил подобар и полесен за соработка. Во исто време, Стравински имал и приметно непочитување спрема оние кои сметал дека биле социјално под него : Роберт Крафт се срамел од неговите обичај да удира со лажицата по стакло и да вика во ресторани со цел да привлече внимание. Вкусот на Стравински за книжевност бил голем и секогаш тежнеел кон нешто ново. Текстовите и книжевните извори за неговите дела започнале период на интересирање за рускиот фолклор, па за класичните автори и латинската литургија, со кои преминал на француските современици (Андре Жид во Персефон) и на крај на англиските книжевници како што се Вистен Хју Оден и Томас Сервантес Елиот и средновековната англиска книжевност. На крајот од својот живот, во своето дело Абрахам и Исак внел и еврејска скриптура.

Стилистички периоди[уреди | уреди извор]

Скоро сите дела на Игор Стравински можат да се поделат во три стилистички периоди во кои неговата кариера може да се подели.

Рускиот период[уреди | уреди извор]

Првиот од значајнит стилистички периоди на Игор Стравински (со исклучок на некои мали дела пред тоа) го обележале три балети кои ги напишал за Сергеј Дијагиљев. Овие балети имаат доста слични одлики: напишани се за особено голем оркестар, користени се руски народни теми и мотиви и носат знаковно имативни ноти и инструментација на Римски-Корсаков. Покрај ова, покажуваат значаен стилски развој : од стилски нацрти на Римски-Корсаков од Жар-птици, па до важноста на битоналноста во Петрушка, па сè до бруталните полифони дисонанци во Посветување на пролетта.
Првиот од овие балети, Жар-птици е значаен по својот необичен вовед (12/8 такт во пониски басови) и голема оркестрација. И Петрушка е напишана дистинктивно. Исто така и првиот балет на Стрависнки се заснова на народната митологија. Но третиот балет, Посветување на пролетта, сметан за апотеза на “рускиот период” на Стравински, тој се осврнува на бруталноста на паганската Русија, рефлектирајќи ги впечатоците во грубо нацртани мотиви кои боцкаат и се повторуваат во целото дело. Делото има доста познати премини, но два од нив се навистина важни : воведната тема која ја свири фагот со своите највисоки ноти и голем, осмонотни мотив кои го свират гудала во придружба на рог.
Како Стравински рече на премиерата дека “неговата намера е да ги прати сите по ѓаволите”, во тоа и успеа : 1913, пермиерата на Посветување на Пролетта ја предизвика најпознатата побуна во на публиката историјата на музиката.
Останати важни дела од овој период се : Ле Росињол, Ренард (1916), Приказната за војникот (1918) и Свадба (1923)

Неокласицистички период[уреди | уреди извор]

Следната фаза во кариерата на Стравински е одбележана со две дела : Пучинела (1920) и Октет за дувачки инструменти(1923). И двете дела го соджат она што стана главен квалитет на овој период, т.е. враќањето на Стравински во класицистичка музика на Моцарт, Бах и нивните современици. Тој “неокласицистички” стил вклучуваше и напуштање на големите оркестри кои беа неопходни за балети. Во тие дела, напишани во периодот помеѓу ’20-тите па до ’50-тите, Стравински во главном се свртува кон дувачките инструменти, клавирот, т.е вокалната и камерна музика. Синфонијата на дувачките инстументи и Синфонијата на псалмите се меѓу најдобрите дела напишани за дувачки инструменти.
И други дела, како ораториум Едипус рекс (1927), Аполон (1928), концерт Думбартонски дабови (1937-38), го продолжуваат овој тренд.
Некои поголеми дела од овој период се трите синфонии : Синфонијата на псалмите (1930), Синфонија во C (1940) и Синфонија во три става (1945). Аполон, Персефона (1933) и Орфеј (1947) исто така означуваат загриженоста на Стравински во текот на овој период за враќање не само на клисицистичка музика, туку и на класицистички теми : во овие дела, старогрчката митологија.
Врв на овој период е операта Животот на развратникот, завршена во 1951. По изведбата во Метропилитен 1953, истата е игнорирана. Изведена е во Сантафешката опера во година на нејзиното отворање (1957), во присуство на самиот Стравински. Тоа иведвање го обележи неговата долгогодишна соработка со оваа оперска куќа. Оваа опера, напишана према либрето на Вистен Хју Оден и темелна на делата на Вилијам Хогарт, кондензира се што Стравински го имаше усовршено во последните 20 години. Музиката е неспоредна, но чудна. Позајмува елементи на класицистичка тонална хармонија, но заплетот изненадува со дисонанци. Истата содржи неритмички заштитен знак на Стравински и се враќа кон оперите и темите на Клаудио Монтеверди, Кристофер Вилибалд Глук и Волфганг Амадеус Моцарт.
По завршувањето на оваа опера, Стравински никогаш повеќе не напишал неокласицистичко дела туку работел на дела кои ќе го обележат неговиот последен стилистички период.

Сериски период[уреди | уреди извор]

По смртта на Арнолд Шенберг, 1951. Стравински почнува да користи додекафонија, која Шенберг ја разви во своите дела. Стравински имаше помош во проучувањето на додекафонијата од страна на својот пријател Роберт Краф, кој веќе долго се залагаше за овој премин. Следните 15 години ги поминува во пишување на дела во овој стил.
Стравински, со додекафонија за прв пар експериментираше во мали вокални дела како што се Кантата (1952), Три песни од Шекспир (1953) и Ин мемориам Дајлан Томас (1954). Кантикум сакрум (1955) — негово прво дело во кое користеше тонски редови во целото дело. Стравински подоцна ја прошири употребата на додекафонија, главно во библиските текстови како што се Трени (1958), Проповед, приповест и молитба (1961) и Поплава (1962).
Важно транзициско дело од овој период е впрочем враќањето на Игор Стравински на она што му донесе светска слава – балетот Агон е балет наменет за 12 играчи кои Стравински го напишал помеѓу 1954. и 1957. Некои делови од Агон повторно собираат “блед” тоналитет на неокласицистичкиот период, додека други (на пр: Веселиот Брансле) ја покажуваат неговата единствена реинтепретација на серискиот период. Тој балет е како мала енциклопедија на Игор Стравински, која содржи многу негови заштитни знаци кои се провлекуваат низ многу негови дела, без разлика дали истите се примитивистички, неокласицистички или сериски. Тие знакови се : ритмички отстапки, експериментирање со хармонична генијалност и обучено уво за мајсторска оркестрација. Овие одлики се она што го прави Стравински единствен во споредба со неговите современици во подрачјето на сериската музика.

Влијание и придонес[уреди | уреди извор]

Делото на Игор Стравински опфаќа многу композиторски стилови на револуционерна оркестрација, многу музички жанрови и практично реновирана балетска форма и комбинација на многу култури, јазици и книжевности. Поради сето ова, неговото влијание на композиторите за време на неговиот живот и по смртта и понатаму е значајно.

Композиторски иновации[уреди | уреди извор]

Стравински започнал да размислува за повторно користење на мотиви веќе во Жар-птици, а користење на тие елементи процвета во Посветување на пролетта.
Развојот на мотивот, т.е користење на одредени музички фрази која подоцна е променета и развиена во текот на делото, влече корени од сонатната форма од времето на Моцарт. Првиот голем иноватор на овие методи беше Лудвиг ван Бетовен. Познатиот “мотив на судбината” кој ја отвора 5. синфонија и се повторува во делата со изненадувачки и освежителни мутации е класичен пример. Но, користењето на овој мотивски развој од страна на Стравински е единствено по начинот на кој истиот мутирал. Во Посветување на Пролетта, претставува адитивна мутација, т.е одземање или додавање на ноти, без жалби поради промени на такт. Истиот балет е познат и по интензивно користење на остината. Познатиот премин е осмонотно остино за гудала со придружба на осум рогови кои се случува во преминот Играта на младите девојки. Ова е можеби првиот настан во музиката во кој проширеното остинато не е користено ниту за варијација, ниту како придружна мелодија. Во другите времиња, Стравински во делот става два остината еден против друг, не грижејќи се за хармонијата и темпото, правејќи пастиш, некоја врста на музички еквивалент на кубистичка слика. Овие премини не се значајни само поради својот пастишен квалитет, туку и поради должина : Стрависнки ги третира како цели и комплетни музички дела.
Ваквите техники, неколку децении го засениле минималистички дела на композитори како што се Тери Рајли и Стив Рајх.

Неокласицизам[уреди | уреди извор]

Стравински не бил првиот застапувач на неокласицизмот. Германскиот композитор Рихард Штраус е еден од раните претстваници (ја компонирал моцартовата опера Дер розенклавир во 1910. кога Стравински штотуку почнуваше со својот руски период, а интересно е дека проучувачите на Рихард Штраус негираат дека Розенклавир е неокласицистичко дело) додека други, како Макс Регер, компонирале во стилот на Бах, многу пред Стравински да почне да компонира во тој стил. Неокласицистичкиот стил, подоцна ќе биде адаптиран од страна на многу композитори како нешто друго од Дариус Милоа и Арон Копланд. Сергеј Прокофјев го критикува Стравински поради неговите неокласицистички манири, иако чувствително, бидејќи и самиот Прокофјев го користел тој стил во неговата 1. класична синфонија од 1916/17.
Стравински го најавил користењето на новиот стил во 1923. со својот Октет за дувачки инструменти.
Чиста хармонија го враќа слушателот назад во класичниот стил на Моцарт и Бах, а едноставните комбинации на ритам и мелодија беа директен одговор на втората виенска школа. Можно е дека пред Стравински, други композитори, како ерик Сати, користеле слични или исти методи, но Стравински бил повлијателен. Арон Копланд, на пример, го компонирал својот балет Апалачијан спринг под влијание на Стравински.
До доцните ’20-ти и ’30-ти, неокласицизмот стана најшироко прифатен модерен жанр на музика. Иронично е дека и самиот Стравински влијаеше на падот на популарноста на неокласицизмот со својата опера Напредокот на неморалниот довршена во 1951. Потполно напишана во класицистички стил, операта била изложена на критики од страна на оние кои три децении пред тоа го фалеле неокласицизмот.

Цитати и пастиш[уреди | уреди извор]

Користење на музички цитати не ниту еден начин не беше ново. Стравински компонираше дела кои претставуваа развој на поедини дела од композиторите порано. Пример за ова е неговото дело Пуличинела од 1920. во коие како изворен материја е користена музика на Џовани Батист Перголесиј, дел преземен изворно, а дел изменете. Таа техника била усовршена во 1928. во балетот Бакнежот на Вила, која е заснована (највеќе на клавирски десонанци) на Петар Илич Чајковски.
Меѓу подоцните примери за музички аранжмани се користени и Циркус полке на Франц Шуберт (1942) и песната Среќен роденден во пријателска прелида (1955).

Користење на народен материјал[уреди | уреди извор]

Во XX век имало композитори кои собирале и придонесувале за народната музика и ја користеле во своите дела. Истакнати композитори се Бела Барток и Золтан Кодај. Но во Посветување на пролетта гледаме и дека Стравински придонел со своето користење на народни матерјали. Тој ги симнува тие материјали до нивните избришани линии и самата мелодија, па често ги изобличува до непрепознатливост со додатни ноти, инверзија, диминуција и други техники. Тоа го направил така добро што дури во најновите студии, како што е Стравински во руска стардација на Ричард Тараскин, аналитичарите откриваат изворен материјал за некои дело од музиката во Посветување на пролетта.

Оркестарски иновации[уреди | уреди извор]

Доцниот XIX и раниот XX век беа идеално време за оркестарски иновации. Композитори како Антон Брукнер и Густав Малер на големо беа фалени. На нив влијаеше проширувањето на традиционалниот класицистички оркестар од страна на Рихард Вагнер низ неговото користење на големи сили и необични инструменти.
Стравински продолжи со неговото романтичарско пишување за големи оркестарски сили, посебно во првите балети. Но, кога почна сè повеќе да се оддалечува од оваа тенденција, се претставуваше со едноставна комбинација за инструменти. На пример, во Приказната за војникот, користените сили се : кларинет, фагот, корнет, тромбон, контрабас и удиралки.Таа комбинација во тоа време (1918) била исклучително шокантна. Тоа комбинирање на дистинктивни бои на звукот за брзо ќе станат клише во класичната музика по Втората светска војна. Стравински бил еден од првите композитори кој компонираше за два фагота и тоа меѓу голема оркестарска палета во Посветување на пролетта.
Уште една значајна иновација во оркестарската техника која делумно може да се препише на Стравински е користење на што е можно поекстремни инструменти. Најпознатиот премин е во воведот на Посветување на пролетта, каде Стравински ја користи најекстремната можност на фаготот, со цел да симулира “будење” на утрото во пролетта.
Важно е да се спомене и дека композитори како Антор Вебер, Албан Берг и Арнолд Шенберг ги проучувале неки од овие оркестарски и инструментални техники во почетокот на XX век. Сепак, влијанието на Стравински останало поголемо од нивното.

Критики[уреди | уреди извор]

Ерик Сати напишал статија за Стравински која во 1922. излегла во списанието Ванити фер. Сати го запознал Стравински во 1910. Однесувањето на Сати према Стравински е обележано со почитување, како што може да се види од писмата кои му ги пишувал во 1922. подготвувајќи ја статијата. Со мали додатоци на иронија, едно од писмата го завршил вака : “Јас ви се восхитувам, зарем не сте вие Големиот Стравински ? Ја сум само мал Ерик Сати.” Во статијата, Сати твдрел дека мерењето на големината на некои уметници и нивно споредување со други, ако се зборува за некоја “вистинска” илузија: секој музичар треба да се проценува према сопствената вредност, а не да се споредува со други композитори. Впрочем, тоа и го правеше Жан Кокто, кога со незадоволство коментирал за Стравински во неговото дело Харлекински петел од 1918. “Сите знакови упатуваат на силна реакција против ноќна бука и екцентричност кои беа едни од последиците од војната ... Што стана со делата кои го сочинуваа програмот на концертот на Стравински, кои правеше такви емоции пред неколку години ? Речиси сето тоа е на полицата и таму ќе остане сè додека невротика не добие потреба да се нахрани со пепел и да го наполни својот стомак со источен ветер” (Мјузикал Тајмс, Лондон, октомври 1923, цитирано во : Слонимски, 1953).
Композиторот Констант Ламберт, во 1936, проценил дека делата како што е Приказната за војникот содржат “есенцијална ладнокрвна апстракција”. Мелодичните фрагменти од Приказната за војникот се потполно безначајни. Тие се само низа од ноти кои конвенционално можат да се поделат во групи од три, пет или седум и повторно да се состават према други математички групи, а каденцата за соло тапан е “музичка чистота” ... постигната со различни типови на музичка кастрација. Ги споредил изборот на “најбледа и најбезначајна фраза” од страна на Стравински, со реченицата на Џертруд Стајн : “Секој ден беа весели, секој ден беа редовно весели”, (“Хелен Фер и Џорџин Скин”, 1922) “чии ефект беше еднакво ценет од личностите кои воопшто не разбираат англиски јазик”.
Во својата книга Филозофија на модерната музика (1948), Теодор Адорно го нарекува Стравински акробат, цивилен службеник, лутка на кројач, зрел, психотичен, детски, фашист и човек жеден за зарабоотка. Дел од грешката на Стравински, како што рекол Адорно, била во неговиот неокласицизам, а највеќе неговиот „псевдоморфизам во сликарството“, свирејќи le temps espace (простор), а не le temps durée (траење) на Анри Бергсон. „Еден карактеристичен трик е за сите формални обиди на Стравински; се трудел со неговата музика да го прикаже времето како на циркуско пано и да ги прикаже временски комплекси како просторни. Но и самиот сфатил дека тој трик набргу исцрпел”. Во одредени шизофрении, процесот кој води до независен мотор води до бескрајно повторување на гестови или зборови, проследено со распаѓање на егото.

Снимки[уреди | уреди извор]

Стравински ги сметал снимките за особено практични и корисни средства за зачувување на своите мисли и интерпретација на сопствената музика. Како диригент на сопствената музика, во главно снимал за Колумбија рекордс, почнувајќи од 1928. со изведба на оригинални суити од Жар-птици и завршувајќи во 1947. со истиот балет. За време на ’40-тите, направил неколку снимки за Ар-Си-Еј во Лос Анџелес.

Одбрани дела[уреди | уреди извор]

Иако Игор Стравински е напознат по сценските дела, поточно балетите, неговиот композиторски опус ги опфаќа сите музички типови.
Балети :

  • Жар-птици (1910)
  • Петрушка (1911)
  • Посветување на пролетта (1913)
  • Пучинела (1920)
  • Орфеј (1947)
  • Агон (1954-1957)

Мелодрами :

  • Приказната за војникот (1918)
  • Персефона (1934)
  • Игра со карти

Опери :

  • Славеј (1914)
  • Мавра (1922)
  • Животот на развратникот (1951)
  • Цар Едип

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Профилот на Стравински на TIME