Кантата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Насловната страна на „Кармина Бурана“ од Карл Орф

Кантата (од лат. cantare, пеење) — претставува музичка форма на вокална композиција во придружба на повеќе инструменти или оркестар.[1] Најчесто содржи повеќе ставови.

Датира од почетокот на XVII век, кога настануваат и операта и ораториумот. Кон крајот на XVII и текот XVIII век станува омилена форма на италијанската камерна музика, каде гласот е придружуван најчесто од чембало и неколку други соло инструменти. Била составена од декламаторски изведен речитатив, поврзан со едноставна ариа, повторувана во интервали.

Примери за типична кантата можат да се пронајдат во црковната музика на Џакомо Карисими, како и во делата на Хенри Персл.

По популаризирањето на арија да капо, кантатата станува група на две или три арии поврзани со речитатив. Италијанските дуети и триа на Георг Фридрих Хендл се типичен пример за оваа обновен пристап.

Тематиката и текстовите на кантатата кај композиторите варирала од црковни до световни содржини.

Меѓу најзначајните композитори на кантати бил Јохан Себастијан Бах, кој ги напишал над 200. Кај него најзастапени биле хорските кантати, најчесто со црковна тематика, користени во мисите каде тој бил капелмајстор. Најпознати му се Житието на Јован и Житието на Свети Матеј, кои неретко се рангирани и како ораториуми, поради обемноста и генијалноста на неговиот пристап, пишувани по соодветните новозаветни евангелија и посветени на последните денови од животот на Исус.

Познати е историјата на кантатите „Римска награда“ на Хектор Берлиоз, напишани како облигаторна композиција за натпреварот „Римска награда“ (При д Ром) во 1830, кога тој и успева да победи.

И кантатата „Риналдо“ на Јоханес Брамс е пишувана по повод хорски натпревар во Ахен во 1863 на кој композиторот сепак не се пријавил. Пишувана е за соло тенор, четири машки хора и оркестар, во форма на серија од дијалози помеѓу витезот Риналдо, опчинет од вештерката Армида, и неговите другари витези, кои го повикуваат на патот на должноста. Ја довршил во 1868. Можеби најголемиот проблем за изведувањето е потребата од околу 300 машки хористи, со што би биле составени 4-те потребти хора.

Триптихот кантати на Карл Орф наречен „Трионфи“: „Кармина Бурана“, Кармина Катули и Трионфо ди Афродите, од кои далеку најпозната е првата, Кармина Бурана, претставуваат современ пристап кон оваа форма.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. кантата — Дигитален речник на македонскиот јазик