Теодор Адорно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теодор Адорно
Западна философија
Философија на XX век

Макс Хоркхајмер (напред-лево), Теодор Адорно (напред-десно) и Јирген Хабермас (одзади-десно) во 1964 во Хајделберг.
Цело име Theodor W. Adorno
Роден 11 септември 1903(1903-09-11)
Франкфурт, Прусија, Германија
Починал 6 август 1969(1969-08-06) (на 65 год.)
Висп, Вале, Швајцарија
Школа критичка теорија · марксизам
Главни интереси општествена теорија  · социологија  · психоанализа  · епистемологија  · естетика  · музикологија  · масовни медиуми

Теодор В. Адорно (герм. Theodor W. Adorno, 11 септември 1903 - 6 август 1969) бил познат социолог, филозоф и музиколог од германско потекло. Претставник е на Франкфуртската школа за социјална теорија заедно со Макс Хоркхајмер, Валтер Бењамин, Херберт Маркуз, Јерген Хабермас и други. Oд 1937 до 1941 во САД работеше и како музички директор на Радио проектот„ Лазарфелд/ Стандтон аналитичка програма “

Биографија[уреди]

Раните годините поминати во Франкфурт[уреди]

Теодор Лудвиг Адорно Визенгрунд е роден во Франкфурт како единствено дете на богатиот трговец со вино, Оскар Александар Визенгрунд (1870–1941) со еврејско потекло, преобратен во протестантизам и син на католичката пејачка Марија Барбара, родена како Калвели Адорно.Тоа е презимето кое Теодор го прифати како свое презиме откако стана натурализиран Американец во 1903 (своето презиме Визенгрунд, го скрати на В. ) Во семејството живееше и музички талентираната тетка Агата, па младиот Адорно страсно се зафати со изучување на пијаното. Учеше во гимназијата „Царот Вилхелм“- каде што како прв во класот заврши на 17 години .

Во слободното време посетуваше приватни часови задно со Бернард Секлес и во саботните попладниња ја читаше Кантовата „Критика на здравиот разум“ задно со својот пријател Зигрид Кројцер , кој беше 14 години постар од него . Подоцна ќе изјави дека на овие часови по читање им должи повеќе отколку на било кој од академските учители. На Универзитетот во Франкфурт ( кој денеска го носи името на Јохан Волфганг Гете) студираше филозофија, музикологија, психологија и социологија, каде дипломираше во 1924 година со дисертација на тема посветена на Едмунд Хисерл . Во периодот пред дипломирањето, Адорно се запознава со своите идни и најважни интелектуални соработници Макс Хоркхајмер и Валтер Бењамин.

Пауза во Виена[уреди]

За време на студентските години во Франкфурт , Адорно напиша бројни музички критики, но пред се, сакаше да биде композитор. Ги искористи своите познанства со Албан Берг за да ги продолжи студиите во Виена во почетокот на јануари 1925 година, воспоставувајќи контакти со членовите на Виенаска школа- Антон Веберн и Арнолд Шоенберг. Револуционарниот атоналитет на Шоенбер го инспирира 22- годишниот Адорно да ги запише филозофските опсервации на новата музика, иако таа не беше добро примена од неговите приврзаници. Разочарувањето поради ова го принуди да се врати кон музичката критика за да ја засили својата академска кариера на предавач и социјален истражувач. Тој остана да работи како главен уредник на авангардното списание „Анбрух“ иако музиколошките пишувања веќе го изместија неговите филозофски амбиции. Други трајни влијанија од времето поминато во Виена го вклучуваат Карл Краус, чии предавања ги следеше заедно со Албан Берг и Георг Лукас, а чија пак „Теорија на романот “веќе го воодушеви во гимназиските денови. Само една година пред запознавањето со Лукас тој ја изучуваше неговата „ Историја на класната свест“.

Средните години во Франкфурт[уреди]

По враќањето од Виена , Адорно доживеа втор неуспех. При одбрана на дисертацијата кај менторот Ханс Корнелијус и неговиот асистент Марк Хорк Хајмер, тие изразија загриженост за тезите на Адорно, за сеопфатната психолошко филозофскла расправа, која тој ја повлече во почетокот на 1928 година. На Адорно му требаа уште три години за да го добие звањето на venia legendi (доцент) , откако приложи ракопис на тема „Изградба на естетиката“ кај новиот ментор, Паул Тилих.

Адорно започана со предавања со тема која што цел живот ја сметаше за прагматична- „Актуелна важност на филозофијата“. Со ова тој за првпат го поставува прашањето за целината, земајќи ја предвид позната формула (насочена против Фридрих Хегел) дека целото не е вистина (од Minima Moralia). Како и да е , нацистите му го одземаа правото да држи предавања, исто како и на сите други кои не беа од ариевско потекло. Есејот на Адорно „За општествената ситуација на музиката“ 1932 година беше негов придонес на првото издание на Хорхајмер на „Журналот за социјалното истражување“.

Патувачот меѓу Берлин и Оксфорд(1934–1937)[уреди]

За време на престојот во Берлин во 1920 година Адорно воспоставува блиски односи со Валтер Бењамин и со Ернст Блох. Така се запозна со првото големо дело на Блох „Духот на утопијата“ во 1921 . Освен тоа Берлин беше дом и на позната хемичарка Маргарета Калпус со која Адорно ќе се ожени во Лондон во 1937. Бегајќи од нацистичкиот режим во 1934 тој емигрираше во Лондон со надежи дека ќе добие професорски ангажман во Оксфорд. Во 1936 година весникот „ Цајтшрифт“ го објавува еден од најконтроверзните текстови на Адорно „За џезот“.Во времето на Адорно, називот џез се користеше за сета популарна музика од тоа време. Текстот помалку се занимава со стилот на музиката , а повеќе е глас против забавниот бум и културната индустрија.

Адорно веруваше дека културната индустрија е систем под контрола од горе кон долу преку креации во општеството, на стандардизирана култура која ја засилува ширината на уметничкото изразување. За прашањето тој расправа и во есејот „За фетишот знаците во музиката“ (Цајтшрифт 1938) во кој Адорно го формулира познатиот цитат “секое задоволство кое произлегува од размената добива субверзивни карактеристики“. Обемната коресподенција со Хоркхајмер кој живееше во егзил во САД доведе до нова понуда за вработување во Америка.

Емигрирање во САД (1938–1949)[уреди]

По првата посета на Њујорк во 1937 тој одлучи да се пресели таму. Во Брисел ги остави своите родители кои починаа по две години. Му кажа збогум на Бењамин во Санремо кој се реши да остане во Европа со што се ограничи нивната идна комуникација на писма. Преселувањето на Адорно му овозможи ангажман со кој дел од времето го посвети на Институтот за социјални истражувања , кој е тогаш сместен на Универзитетот Колумбија . Остатокот на времето го посвети на Радио проектот во кој беше музички директор (проектот беше познат и како Лазарфелд/ Стандтон програма на анализа, а ја уредуваше од австрискиот социолог Пол Лазарсфелд од Универзитерот Принстон). Договорот траеше до 1941.

Внимание на Адорно беше насочено кон соработката со Хоркхајмер. Заедно се преселија во Лос Анџелес каде тој во наредните седум години предаваше и ја имаше функција на заменик директор во секторот за истражување на Универзитетот во Калифонија. Колективната работа излезе на виделина во вид на книгата „Дијалектика на просветувањето“ во 1947 година. Соочени со непредвидливите настани на Холокаустот, авторите го започнуваат делото со следниот текст: Во најширока смисла на прогресивната мисла, целта на просветителството секогаш е ослободувањето на луѓето од стравот и воспоставувањето на сопствениот суверенитет.

Во книгата , која не остави голем впечаток во јавноста се до нејзиното повторно препечатување во 1969 година , Адорно и Хоркхајмер поставуваат динамична рамка за цивилизацијата која тежнее за самоуништување. Тие тврдат дека концептот на разумот со просветителството е трансформиран во ирационална сила . Како последица на тоа , логиката владее не само во природата туку и во човештвото. Тоа е рационализација на човештвото и е идентификувана како примарна причина за појавата на фашизмот и на другите тоталитарни режими.

По 1945 година тој престана да работи како композитор и работи на филозофијата на новата музика од 1940-тите години , но и на книгата „Компонирањето за филм“ на Ханс Ајслер. Адорно даде придонес за „квалитативна анализа“ на „ Истражувања за предрасуди“ изведени од повеќе истражувачки институти во САД, а од кои се разоткрива авторитарниот карактер на истражувањето преку индиректните прашања кои беа поставувани на испитаниците.

Доцни франкфуртски години (1949–1969)[уреди]

По војната Адорно тагуваше за дома , па не чекаше долго да се врати во Германија. Благодарение на влијанието на Хоркхајмер добива професорско место во Франкфурт 1949/1950 година што му овозможи да ја продолжи академската кариера. Неговиот развој кулминираше со позицијата на двоен ординариус, по филозофија и социологија . Во Институтот кој е поврзан со Универзитетот, лидерската позиција на Адорно станува се поочигледна , а Хоркхајмер кој беше осум години постар постепено се повлекуваше оставајќи му го директорувањето на Адорно во 1958/1959.

Тој се издига на позицијата на редовен професор по два предмета (филозофија и психологија). Неговата колекција на аформизми „Минима моралија“ отпечатена од новоформираната издавачка куќа на Питер Шуркамп го направи познат по повоена Германија. Таа предлага наука за меланхолијата наспроти темната страна на фашизмот , сталинизмот и културната индустрија која очигледно не нуди политички и економски алтернативи.

Работата го издига Адорно на ниво на основачка интелектуална во Западна Германија , откако пропадна и последниот обид за негово вовлекување во истражувањата во Америка во 1953 година. Следи делумна листа на неговите научн и достигнувања:

  • Во 1952 година учествуваше во групен експеримент, откривајќи остатоци на национал-социјалистички ставови меѓу неодамна демокритизираните Германци.
  • Од 1954 година наваму тој предаваше музикологија на летната академија во Дармштад.
  • Бројни радио дебати (меѓу другите и со Ернст Блох, Елиас Канети и Арнолд Гелен
  • Бројни предавања во Берлин и низ Европа, во „Документа“ во Касел 1959 и во Чехословачка 1968;
  • Објавување на писмата и белешките на Валтер Бењамин
  • Во 1961 година тој иницираше позитивистичка дебата на средбата на германско- социолошката асоцијација во Тубинген
  • 1963–1967, беше претседавач на Асоцијацијата на германските социолози.
  • Во тоа својство тој претседаваше тој претседаваше со 15-тата конференција на социолозите во 1964 година на тема „Макс Вебер и социологијата денес“, а во 1968 година со 16-тата конференција на тема „Доцниот капитализам или индустриско општество“.

Последните години (1967–1969)[уреди]

Во 1966 вон-парламентарната опозиција (АПО) беше формирана против големата коалиција на двете најголеми германски партии ЦДУ и СПД , и насочена првенствено против планираниот закон за имиграција. Адорно беше отворен критичар на оваа насока , а ја покажа со учествотво на настанот организиран од извршниот комитетот на „Демократијата во земјата на емигранти) .

Откако еден студент(Бено Онесорг) беше застрелан од полицаец на демонстрациите организирани против посетата на Иранскиот шах , лево ориентираната АПО стана екстремно радикална и универзитетите се претворија во места на немири. За да се сфати важноста на настанов треба да се каже дека се работеше за студент на Адорно кој со учеството на протестите ја толкуваше теоријата на револтот.

Плашејќи се од вандализмот, Адорно на 31 јанури 1969 година бара помош од полицијата за да ги тргне студентите кои го окупираа Институтот во Франкфурт. Тоа доведе до апсење на 76 членови на младината на СДС. Од тие причини Адорно се најде едно време на удар на студентските активности. Тој остро го осудуваше анти- интелектуалниот тренд на левите сили во 60-тите , кој го нарече „псеудо- активности“ обидувајќи се да ја надмине поделбата на теорија и пракса, но зафатен со сопствениот публицитет, тој се расправаше наместо „отворено да размислува“. Покрај сите специјализирани и конкретни содржини , размислувањето е над сите сили на отпорот.

Во 1969 година доживеа метежи во амфитеатарот , од кои најпознатиот е кога студентките го окупираат подиумот околу говорницата со голи гради , и ескалираат до таа мерка што Адорно ја прекина серијата на своите предавања. Во писмото до Самуел Бекет тој пишува:Чувството да бидеш ненадејно нападнат како реакционер сепак има доза на изненадување.

Еден од биографите на Адорно, Стефан Милер Дом тврди дека е убеден оти нападите на студентите биле насочени еднакво против теоријата на Адорно, како и против неговата личност и дека постоел страв оти актуелната политичка ситуација можеше да доведе до тоталитаризмот. Адорно заминува со сопругата на одмор во Швајцарија . И покрај предупредувањето на лекарите тој се обиде да се качи на планина висока 3000 метри што предизвика проблеми со срцето . Поради тоа заминуваат со сопругата во еден од соседните градови Висп, каде што Адорно добива уште еден напад на тахикардија по што го сместија во болница. Следниот ден, на 6 август почина од срцев удар во 65-тата година од животот.

Теорија[уреди]

Адорно беше главно под влијание на критиката на разочараноста на Макс Вебер, на сфаќањето на Георг Лукас за хегеловата интерпретација на марксизмот, како и под влијание на филозофија на историјата на Валтер Бењамин. Заедно со останатите припадници на франкфуртската школа Маркс Хоркхајмер и Херберт Маркус тврдеше дека напредниот капитализам успеа да ги опфати или да ги ликвидира силите кои ќе доведат до негов колапс и дека помина револуционарниот момент, кога ќе биде возможно да се трансформира во социјализмот. Филозофијата е сеуште неопходна, бидејќи е пропуштено времето за негова реализација. Ова го наведува во воведниот дел на неговата „Негатива дијалектика“ од 1966 година.

Адорно тврдеше дека капитализмот се повеќе се вкоренува преку напад врз објективноста на револуционерната свест и дека го ликвидира индивидуализмот како основа на критичката мисла Додека работата на Адорно се фокусира на уметноста , литературата и музиката како клучни области на чувствителната, индиректната критика на воспоставената култура и модели на размислување , постои страв од јасен политички утопизам евидентен во неговите гледања, посебно на историјата. Аргументот за таквото гледање на работите доминира во „Теоријата на естетиката“, потоа во „Филозофијата на новата музика“ и во други дела.

Адорно гледа на културната индустрија како на арена во која критичките намери или можности се елиминирани. Тој тврдеше дека културната индустрија која продуцира и циркулира производи преку масовните медиуми , ја манипулира јавноста. Популарната култура ја идентификува за причина за пасивноста на луѓето. Лесните задоволства кои се возможни преку конзумирање на популарната култура ги прават луѓето послушни и задоволни , без оглед на тоа колку е тешка нивната економска состојба.

Разликите меѓу културните производи прават да личат различно, но тие се всушност варијации на иста тема. Тој пишуваше дека „истата работа им се нуди секому според стандардизирано производство за користење на производите “, но ова е прикриено под „манипулација на вкусот и на официјалните претензии на индивидуалната култура“. Адорно го опишува овој феномен со концептот „псеудо- индивидуализам“ или „секогаш едно исто“.

Анализата на Адорно овозможи критика на масовната култура од страна на левицата, што беше избалансирано со критиката на популарната култура од страна на десницата. Од двете перспективи – и левата и десната- природата на културните производи се сметаше за корен на социјалните и моралните проблеми како последица на конзумирањето на културата. Како и да е, додека критиката од десната ориентација ја нагласува моралната деградација, припишувана на сексуалната и расната влијание во рамките н актлтураѕта ,Адорно ги лоцира проблемите не во однос на содржината , туку со објективната реалност на производството на масовната култура и нејзините ефекти , на пример во форма на „психологијата на обратното“.Мислителите кои беа под влијание на Адорно веруваат дека денешното општество се разви во наскока која тој ја предвиде , посебно во однос на настаните на моралот (Аушвиц) и културната индустрија.

Ова последново стана посебно продуктивно иако мошне спорен остана терминот културните студии. Многу гледања на Адорно во однос на естетиката и музиката само што почнаа да се дискутираат, и неодамна се собрани и објавени како „Есеи за музиката“, како збирка на есеи на одредена тема ,додека многу од нив се уште не се ниту преведени на англиски.

Работата на Адорно во годините пред смртта беа под влијание на идејата за „негативна дијалектика “ наведено во неговата книга под истиот наслов.Основен поим во работата на франкфуртската школа од Дијалектика на просветувањето беше идејата беше сфаќањето Клучен поим во работата на Франкфуртското училиште според „Дијалектика на просветителството“ била идејата за мислата која станува инструмент за доминација, а кој ги опфаќа сите објекти под контрола на (доминантената) тема, особено преку поимот на идентитет, односно со идентификација на реалното во природата и општеството, на само она што е хармонизирано или усогласено со доминантниот концепт и сметајќи го за нереален или непостоечки само она што не е. Негативната дијалектика на Адорно беше обид да се артикулира не-доминантната мисла која би ги препознала своите ограничувања и би прифатила без идентитет и реалност на она што би можело да се сумира под концептот на субјектот.

Навистина, Адорно се обиде да постави основа на критичкиот поглед на неговата социолошка работа во својата критика на идентитетот. Потенцијалот за критикување произлегува од разликата меѓу поимот и објектот. Оваа разлика, ова немање идентитет беше тајна за критиката еднакво на материјалниот живот и на концептуално размислување.

Марксистичката критика[уреди]

Според делото на Хорст Милер Kritik der kritischen Theorie „Критиката на кричката мисла “ , Адорно го поставил како тоталитет автоматскиот систем . Ова е во согласност со идејата на Адорно за општество како систем на саморегулација , од кое човек мора да побегне (но од кое никој не може да избега).

За него е ова постоечко иако е нехумано. Милер е против постоењето на овој систем и тврди дека критичката теорија не обезбдедува практични решенија за општествени промени .Тој заклучува дека и Франкфуртската школа генерално и Јирген Хабермас посебно сосема погрешно го протолкувале Маркс.

Адорно одговара на критиките[уреди]

Како пионер на саморефлексивната социологија кој ја навестува способноста на Будрие да дејствува како рефлексија на општествена појава , Адорно сфаќа дека некои критики (кое вклучува и смислено попречување на неговите класи во 1960) никогаш не може да биде одговорено во дијалогот на еднаквите доколку , како што изгледа дека верувал, она што наивен етнограф или социолог мисли за човечката суштина постојано се менува .

Социолошките методи на Адорно[уреди]

Бидејќи Адорно веруваше дека социологијата треба да биде само-рефлексивна и самокритична , веруваше дека јазикот што социологот го користи, како јазик на обичниот човек , во голема мерка е политички конструиран, често несоодветен,.што се концепти инсталирани од страна на доминантните класи и социјалните структури.

Така, нашата претстава за „девијантното“ која вклучува еднакво целосно девијантната индивидуа и „измамник“ кој работи надвор од општествените норми бидејќи немаат капитал да работат над нив;за анализа на овој феномен Пјер Бурдие пишува во книгата „Тежината на светот“.

Тој чувствуваше дека оние кои се на врвот на Универзитетот имаат потреба да бидат извор пред се на теориите за евалуација и на емпириските тестирања, како и луѓе кои би ги процесирале откриените податоци ...вклучувајќи ги и теориите за кои со ревизија се откри дека се погрешни.

На пример, во есејот објавен во Германија по враќањето на Адорно од ДАС , и препечатување во „ Критични модели“- колекција на есеи ISBN 0-231-07635-5),Адорно го слави егалитаризмот и отвореноста на американското општество базирано на неговите патувања во Њујорк и Лос Ангелес во периодот од 1943 до 1955 година.

Еден пример за судир на интелектуалната култура и методите на Адорно можат да се најдат кај Пол Лазарсфелд, американскиот социолог за кого Адорно работеше во средината на 1930-тата, по бегството на Хитлер.

Како што прераскажува Ролф Вигерсхаус во „Франкфуртската школа “Теориите и политичките консеквенци“ 1995, Лазарсфел беше директор на проектот, финансисран и поддржуван од Дејвид Сарноф (претседател на Американската радио корпорација RCA да открие двата вида на музиката која слушателите на радиото ја сакаат и начините да се подобри нивниот вкус така што RCA можеше да профитабилно да емитува повеќе класична музика . Лазарсфелд имаше мака со прозниот стил на пишување на Адорно и го опиша како „недостиг на дисциплина ....во презентирањето“.