Освалд Шпенглер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Освалд Шпенглер

Освалд Шпенглер (29 мај 1880 - 8 мај 1936) бил германски историчар и филозоф, а имал посебен интерес и кон математиката, науката и уметноста. Овој германски мислител е најдобро познат по своето дело Залезот на Западот (Der Untergang des Abendlandes) [1], објавено во 1918 и 1922 година, во кое што тој предложил нова теорија според која животниот век на цивилизациите е ограничен и на крајот тие се распаѓаат [2]. Во 1920 година, Шпенглер го објавил делото Прусизам и Социјализам (Preußentum und Sozialismus), каде што ја разгледува националистичката верзија на социјализмот и авторитаризам. Шпенглер творел во периодот меѓу двете светски војни и ја подржувал германската хегемонија во Европа. Некои нацисти, како што е Гебелс, истакнувале дека Шпенглер е нивен ителектуален претходник, меѓутоа по доаѓањето на Адолф Хитлер на власт, Шпенглер бил прогонуван, поради неговото одбивање да ги подржи нацистичките идеи за расна супериорност и неговото критичко дело Време за одлука [3].

Извори[уреди]

  1. Освалд Шпенглер, Залезот на Западот, том први, Кродо - Скопје, 2007
  2. Крајот на историјата и последниот човек
  3. Jahre der Entscheidung, 1933 - The Hour of Decision (tr. by C.F. Atkinson) at the Internet Archive