Иранска монархија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Иранската монархија доживеала многу преобразби низ вековите, од времето на Персиското царство, па сѐ до основањето на современ Иран.
Според кралскиот првенствен поредок, титулата Шаханшах е еднаква на титулата Император (Цар). Женската варијанта пак, од времето на исламското освојување на Персија до 1967, кога Фара Пахлави била крунисана за царица, (обично сопругата на монархот) се нарекува Маликах (кралица-придружничка).
Соврмената иранска монархија била основана во 1501 со доаѓањето на династијата Сафавиди под водство на шах Исмаил I, и со тоа дошол крајот на т.н. „четврто доба“ на политичкиот раскол.
Иран по уредување бил апсолутна монархија. За време на Персиската уставна револуција во 1905-11, Иран станал уставна монархија, и останал така сѐ до 1925. Реза Пахлави извршил преврат и го симнал шахот Ахмед Каџар, последниот од династијата Каџари, и ја основал династијата Пахлави.
Монархијата била укината во 1979 со револуција под водство на ајтола Рухолах Хомеини, го истерал последниот шах, Мухамед Реза Пахлави, во бегство, и основал Исламска република.
Содржина |
[уреди] Владетели на Персија/Иран
[уреди] Сафавиди
- Исмаил I (1487-1524)
- Тахмасп I (1514-1576)
- Исмаил II (1576–1578)
- Мухамед Ходабанда (у. 1595)
- Абас I Велики (1571-1629)
- Сафи I (у. 1642)
- Абас II (у. 1666)
- Сулејман I
- Хусеин (1668?-1726)
- Тахмасп II (1704?-1740)
- Абас III (у. 1740)
[уреди] Афшариди
- Надир-шах (1688-1747)
- Адил-шах (у. 1748)
- Ибрахим-шах (d. 1748)
- Рух-шах (~ 1730-1796)
[уреди] Занди
- Карим-хан (~ 1705-1779)
- Мухамед Али-хан (~ 1760-1779)
- Абол Фатх-хан (~ 1755-1787)
- Садик-хан (у. 1782)
- Али Мурат-хан (у. 1785)
- Џафар-хан (у. 1789)
- Лотф Али-хан (~ 1769-1794)
[уреди] Каџари
- Мухамед-хан Каџар (1742-1797)
- Фатх Али Каџар (1771-1834)
- Мухамед-шах Каџар (1810 - 1848)
- Насредин-шах Каџар (1831-1896)
- Мозафередин-шах Каџар (1853-1907)
- Мухамед Али Каџар (1872 - 1925)
- Ахмед Каџар (1898-1930)
[уреди] Пахлави
Персија го добива името „Иран“.
- Реза Пахлави (1878-1944)
- Мухамед Реза Пахлави (1919-1980)
[уреди] Повладеачки поглавари на династијата Пахлави (1979-денес)
- Мухамед Реза Пахлави (1979-1980)
- Реза Пахлави (1980)
[уреди] Видете и
[уреди] Надворешни врски
- Реза-шах II (англиски)
- Династија Пахлави (англиски)
- Династија Каџари (англиски)