Бела Барток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бела Барток во 1927

Бела Виктор Јанош Барток (Унгарски: Béla Viktor János Bartók play /ˈbɑrtɒk/; 25 март 188126 септември 1945) е унгарски композитор и пијанист. Се смета за еден од најважните композитори на 20ти век и, заедно со Лист, за најпознат унгарски композитор (Gillies 2001). Преку неговата збирка и аналитичка студија за фолклорната музика, тој е еден од основачите на етномузикологијата.

Творештво[уреди]

Музиката на Барток се карактеризира со две тенденции кои драматично го менуваат звукот во музиката на 20ти век, од колапсот на дијатонскиот хармонски систем кој служел за претходните два века (Griffiths 1978, 7); и заживувањето на национализмот како извор на музичката инспирација, кој е воедно тренд започнат од Михаил Глинка и Антонин Дворжак во последната половина на 19т век (Einstein 1947, 332). Во неговото истражување по нови тонални форми, Барток се осврнува кон унгарската фолк музика, како и кон традиционалната музика од Панонската Низина до Алжир и Турција, станувајќи исклучително влијателен во музичките текови кои ја истражуваат традиционалната музика (Botstein [n.d.], §6).

Една од карактеристиките на Барток е неговата Ноќна музика, која претежно ја користи во спорите ставови во повеќеставочни оркестарски или композиции за ансабли во неговиот доцен период. Таа се издвојува по "таинствените дисонанци кои допринесуваат во создавањето на кулиса на звуци од природата и осамени мелодии" (Schneider 2006, 84). Како типичен пример е третиот став "Adagio" од неговата Музика за гудачи, перкусии и челеста

Неговата музика може грубо да се рагрупира во согласност со различните периоди од неговиот живот.

Ран период: доцен романтицизам (1890–1902)[уреди]

Делата од неговата младост се во типичен стил на доцен романтицизам. Помеѓу 1890 и 1894 (од деветтата до 13тата година од неговото детство) тој пишува 31 дело нумерирани соодветствено со бројот на опус, кој започнува од опус 1 во 1894 година со Сонатата за Пијано, што е и воедно неговото прво големо дело. До 1902 година, Барток пишува вкупно 74 дела кои може да се сметаат за дела во типичен романтичарски стил. Повеќето од овие рани дела, покрај неколку камерни дела за гудачки ансамбл, се или за пијано или вклучуваат пијано.

Нови влијанија (1903–11)[уреди]

Под влијание на Рихард Штраус (пред сè Also sprach Zarathustra) (Stevens 1993, 15–17), Барток во 1903 ја пишува симфониската поема Kossuth. Во 1904 следува Рапсодијата за пијано и оркестар која ја бележи како опус 1, а со тоа и почеток на неговата нова творечка ера. Истата година ги слуша песните на неговата осумнаесет годишна дадилка Лиди Доса од Трансилванија која пее традиционални песни, каде што започнува и неговата посветеност на фолк музиката (Stevens 1993, 22). Иако критикуван дека не компонира сопствени мелодии, Барток укажува на тоа дека и Молиер и Шекспир ги базираат своите драми на веќе познати стории. Што се однесува до употребата на традиционалната музика во неговите дела вели:

Прашањето е, кои се начините врз кои мелодиите на еден селанец се превземени и претворени во модерна музика? Ние можеме, на пример, да ги земеме мелодиите непроменети и едвај да ги варираме, да напишеме придружба за нив. Овој начин на работа би покажал одредена аналогија на третманот на коралите на Бах. [...] Друг метод [...] е следниов: композиторот не користи употреба на традиционалните мелодии, туку изумува сопствена имитација врз база на истите. Не постои вистинска разлика помеѓу овој метод и претходниот. [...] Сепак постои и трет начин [...] Ниту традиционалните мелодии, ниту имитациите би можеле да се препознаат во неговата музика, но проникнуваат од атмосферата на традиционалната песна. Во овој случај, тој целосно го апсорбира идиомот на традиционалната музика, кој постанал негов мајчин јазик. (Барток 1931/1976, 341–44.)

Барток за прв пат се запознава со музиката на Дебиси во 1907 година и високо ја почитува. Во едно интервју од 1939 година вели

Огромната улога на Дебиси во музиката се должи на пробудувањето помеѓу музичарите за сознанието за хармонијата и нејзините можности. Така, тој е подеднакво важен колку и Бетовен, кој ни ги откри можносисте за развиени форми, или Бах, кој ни го покажа трансценденталното значење на контрапунктот. Сега, тоа што се прашувам себеси е, дали е можно да се направи синтеза на овие големи мајстори, жива синтеза која ќе биде валидна за нашето време? (Moreux 1953, 92)

Влијанието на Дебиси присутно во 14 Багатели (1908). Феручо Бузони за нив вели ‘Конечно нешто сосема ново!’ (Bartók, 1948, 2:83). Сè до 1911 година, Барток компонира најразлични дела кои се протегаат од оние верни до романтицизмот, до аранжирани традиционални песни, па сè до неговата модернистичка опера Модробрадовиот Дворец. Негативниот прием на делото го водат до фокусирање исклучително на истражувањето на традиционалната музика по 1911 година. (Gillies 1993, 404; Stevens 1964, 47–49).

Нови инспирации и експериментирања (1916–21)[уреди]

Неговиот песимистички став кон компонирањето е охрабрено преку бурниот и инспиративен контакт со Клара Гомбоси, во 1915 година (Gillies 1993, 405). Оваа интересна епизода од животот на Барток останува скриена сè до истражувањата на Денијс Диле, во периодот помеѓу 1979 и 1989 година. (Dille 1990, 257–77). Барток започнува повторно да компонира, создавајќи ги Свитата за пијано оп.14 (1916) и Волшебниот Мандарин (1918) и завршувајќи го Дрвениот Принц (1917).

Барток го чувствува резултатот на Првата Светска Војна како лична трагедија (Stevens 1993, 3). Многу од регионите од Унгарија, Трансилванија, Банат, каде што е и роден и Братислава, каде што живеела неговата мајка, се уништени. Дополнително, политичките односи помеѓу Унгарија и останатите држави од Австроунгарија ги забрануваат неговите истражувања надвор од Унгарија (Somfai, 1996, 18). Ослонет само на себеси, Барток експериментира со екстремни композициски техники, меѓу кои врвот се доживува во неговата Соната за виолина и пијано бр.1 оп.21 и бр.2.[се бара извор] Барток исто така ги пишува "Осумте импровизации на унгарски традиционални песни" во 1920 година и сјајната "Танцова Свита" во 1923, година на неговиот втор брак.

"Синтеза на исток и запад" (1926–45)[уреди]

Во 1926 година, Барток има потреба од значајно дело за пијано и оркестар со кое што ќе може да патува во Европа и Америка. Во подготовките на неговиот Прв Концерт за пијано, тој ја пишува Сонатата На отворено, и Девет мали пиеси, сите за соло пијано (Gillies 1993, 173), пронаоѓајќи го својот зрел глас. Стилот од неговиот доцен период, наречен "Синтеза на исток и запад" (Gillies 1993, 189) е тежок да се дефинира сам по себе. Во неговиот зрел период, Барток пишува релативно мал број на дела, но повеќето од нив за големи ансабли и оркестри. Само неговите дела за глас имаат програмски наслови и неговите доцни дела се придржуваат кон класичните форми.

Помеѓу неговите ремек-дела се издвојуваат сите Шест Гудачки Квартети (1908, 1917, 1927, 1928, 1934, и 1939), Кантата Профана (1930, Барток изјавува дека ова е делото кое најмногу го чувствува како негово лично "credo", Szabolcsi 1974, 186), Музика за гудачи, перкусии и челеста (1936), Концерт за оркестар (1943) и Трет Концерт за пијано (1945).

Барток исто така значајно допринел во литературата за помладите студенти, пишувајќи ги шест-томовските "Микрокосмос" за пијано, посветени на неговиот син Петер.

Наводи[уреди]

  • Anon. n.d. "Bartók, Béla (1881-1945) Plaque erected in 1997 by English Heritage at 7 Sydney Place, South Kensington, London SW7 3NL, Royal Borough of Kensington and Chelsea". English Heritage website (Accessed 19 October 2012).
  • Anon. 2006. "Gyorgy Sandor, Pianist and Bartok Authority, Dies at 93". The Juilliard Journal Online 21, no. 5 (February). (Accessed September 15, 2010)
  • Antokoletz, Elliott. 1984. The Music of Béla Bartók: A Study of Tonality and Progression in Twentieth-Century Music. Berkeley and Los Angeles: University of California Press. ISBN 0-520-04604-8.
  • Babbitt, Milton. 1949. "The String Quartets of Bartók". Musical Quarterly 35 (July): 377–85. Reprinted in The Collected Essays of Milton Babbitt, edited by Stephen Peles, with Stephen Dembski, Andrew Mead, and Joseph N. Straus, Шаблон:Page needed. Princeton: Princeton University Press, 2003. ISBN 0-691-08966-3.
  • Bartók, Béla. 1981. The Hungarian Folk Song, second English edition, edited by Benjamin Suchoff, translated by Michel D. Calvocoressi, with annotations by Zoltán Kodály. The New York Bartok Archive Studies in Musicology 13. Albany: State University of New York Press.
  • Bayley, Amanda. 2001. Cambridge Companion to Bartók. Cambridge Companions to Music. Cambridge and New York: Cambridge University Press.
  • Botstein, Leon. [n.d.] "Modernism", Grove Music Online, ed. L. Macy (Accessed April 29, 2008), (subscription access).
  • Chalmers, Kenneth. 1995. Béla Bartók. 20th-Century Composers. London: Phaidon Press. ISBN 0-7148-3164-6 (pbk.).
  • Cohn, Richard, 1988. "Inversional Symmetry and Transpositional Combination in Bartok." Music Theory Spectrum 10:19–42.
  • de Toth, June. 1999. "Béla Bartók: A Biography". Bela Bartok Biography Liner notes to Béla Bartók: Complete Piano Works 7-CD set, Eroica Classical RecordingsШаблон:Full.
  • Dille, Denijs. 1990. Béla Bartók: Regard sur le Passé. (French, no English version available). Namur: Presses universitaires de Namur. ISBN 2-87037-168-3 ISBN 978-2870371688.
  • Einstein, Alfred. 1947. Music in the Romantic Era. New York: W.W. Norton.
  • Gillies, Malcolm (ed.). 1990. Bartók Remembered. London: Faber. ISBN 0-571-14243-5 (cased) ISBN 0-571-14244-3 (pbk)
  • Gillies, Malcolm (ed.). 1993. The Bartók Companion. London: Faber. ISBN 0-571-15330-5 (cloth), ISBN 0-571-15331-3 (pbk) New York: Hal Leonard. ISBN 0-931340-74-8
  • Gillies, Malcolm. 2001. "Béla Bartók". The New Grove Dictionary of Music and Musicians, second edition, edited by Stanley Sadie and John Tyrrell. London: Macmillan Press; New York: Grove's Dictionaries of Music. Also in Grove Music Online, ed. L. Macy (Accessed May 23, 2006), (subscription access).
  • Gollin, Edward. 2007. "Multi-Aggregate Cycles and Multi-Aggregate Serial Techniques in the Music of Béla Bartók". Music Theory Spectrum 29, no. 2 (Fall): 143–76.
  • Griffiths, Paul. 1978. A Concise History of Modern Music. London: Thames and Hudson. ISBN 0-500-20164-1.
  • Hughes, Peter. 1999–2007. "Béla Bartók" in Dictionary of Unitarian and Universalist Biography. [n.p.]: Unitarian Universalist Historical Society.
  • Lendvaï, Ernő. 1971. Béla Bartók: An Analysis of His Music, introduced by Alan Bush. London: Kahn & Averill. ISBN 0-900707-04-6 Шаблон:Oclc.
  • Lendvaï, Ernő. 1972. "Einführung in die Formen- und Harmoniewelt Bartóks" (1953). In his Béla Bartók: Weg und Werk, edited by Bence Szabolcsi, 105–49. Kassel: Bärenreiter.
  • Maconie, Robin. 2005. Other Planets: The Music of Karlheinz Stockhausen. Lanham, MD, Toronto, Oxford: The Scarecrow Press, Inc. ISBN 978-0-8108-5356-0.
  • Moreux, Serge. 1953. Béla Bartók, translated G. S. Fraser and Erik de Mauny. London: The Harvill Press.
  • Móser, Zoltán. 2006a. "Szavak, feliratok, kivonatok". Tiszatáj 60, no. 3 (March): 41–45.
  • Özgentürk, Nebil. 2008. Türkiye'nin Hatıra Defteri, episode 3. Istanbul: Bir Yudum İnsan Prodüksiyon LTD. ȘTİ. Turkish CNN television documentary series.
  • Perle, George. 1955. "Symmetrical Formations in the String Quartets of Béla Bartók". Music Review 16, no. 4 (November 1955). Reprinted in The Right Notes: Twenty-Three Selected Essays by George Perle on Twentieth-Century Music, foreword by Oliver Knussen, introduction by David Headlam, 189–205. Monographs in Musicology. Stuyvesant, NY: Pendragon Press. ISBN 0-945193-37-8.
  • Schneider, David E. 2006. Bartók, Hungary, and the Renewal of Tradition: Case Studies in the Intersection of Modernity and Nationality. California Studies in 20th-Century Music 5. Berkeley: University of California Press. ISBN 978-0-520-24503-7.
  • Sipos, János (ed.). 2000. In the Wake of Bartók in Anatolia 1: Collection Near Adana. Budapest: Ethnofon Records.
  • Somfai, Laszlo. 1996. Béla Bartók: Composition, Concepts, and Autograph Sources. Ernest Bloch Lectures in Music 9. Berkeley : University of California Press. ISBN 978-0-520-08485-8.
  • Stevens, Halsey. 1964. The Life and Music of Béla Bartók, second edition. New York: Oxford University Press. ASIN: B000NZ54ZS (Third edition 1993, ISBN 978-0-19-816349-7).
  • Szabolcsi, Bence. 1974. Bartók Béla: Cantata profana in "Miért szép századunk zenéje?" (Why is the music of the Twentieth century so beautiful), ed. György Kroó. Budapest.
  • Wilson, Paul. 1992. The Music of Béla Bartók. New Haven: Yale University Press. ISBN 0-300-05111-5.