Мако

Координати: 46°13′01″N 20°28′59″E / 46.217° СГШ; 20.483° ИГД / 46.217; 20.483
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мако
град
Слики од Мако
Слики од Мако
Знаме на МакоГрб на Мако
Прекар(и): Град на цвеќињата
Местоположба во Чонград, Унгарија
Местоположба во Чонград, Унгарија
Држава Унгарија
ОкругЧонград
населено895
Основано1299
ОсновачАндреј III
Површина
 • Вкупна229,23 км2 (88,51 ми2)
Население (1 јануари 2011)
 • Вкупно27,727
 • Густина120,957/км2 (313,28/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број6910
Повикувачки број(+36) 62
Мреж. местоmako.hu

Мако (унг. Makó, ром. Macǎu) — град во југоисточниот дел на Унгарија, во округот Чонград. Градот е во близина на романската и српската граница.

Мако се наоѓа во источниот дел на Панонската Низина, на реката Муреш. Градот се наоѓа во делот на Унгарија со најголемо сончево осветлување во текот на годината. Површината на градот изнесува 229,23 км2.

Во близина на градот се наоѓа Националниот парк Кереш-Марош.[1]

По проценката од 2017 година во градот живееле 22.546 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот го добил името по банот Мако, кој бил земјопоседник на овие простори во текот на 13 век. По доаѓањето ма Хабсбурговцитена овие простори кон крајот на 17 век Мако станува центар за протестанско потекло во делот на тогашното Кралство Унгарија. Во текот на првата половина од 18 век бил во округот Помориш, населени со повеќе Срби. Во текот на втората половина од 18 и во 19 век, Мако бил седиште на некогашната област Чанад. Во текот на овој период во градот се населиле Евреи и се изградиле две синагоги. Развојот на оваа заедница во градот престанал со страдањето во Втората светска војна.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Мако е познат по земјоделството и прехранбената индустрија. Во земјоделството особено се истакнува производството на лук и кромид, по што градот е познат и надвор од границите на земјата, што датира уште од 16 век. После Втората светска војна започнало искористување на потенцијали за нафта во околината, а денес се истражуваат можности за природен гас. Областа Мако е најбогата со овие ресурси во целата земја. Во текот на периодот на транзиција, градот имал многу тешкотии со високата невработеност, а денеска се обидува да ја искористи својата позиција како „Капија на Европската Унија за југоисточна Европа“.[1]

Градот е и бањски центар, со тоа што лековитата кал од реката Муреш е искористена за отворање на бањски комплекс во 1961 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Mako banja“. Putovanje. Посетено на 29 јануари 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]