На Запад ништо ново
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „На Запад ништо ново“ | |
Корица од првата едиција |
|
| Автор | Ерих Марија Ремарк |
|---|---|
| Наслов на оригиналот |
Im Westen nichts Neues |
| Земја | Германија |
| Јазик | германски |
| Жанр(ови) | Воена новела |
| Издавач | Propyläen Verlag |
| Медиум | Print (Hardback) |
| Страници | 288 |
На Запад ништо ново е роман од Ерих Марија Ремарк, германски ветеран од Првата Светска Војна. Романот ја опишува војната во рововите и одделноста на војниците од нивните стари животи после враќањето од војната. Објавен под името Im Westen nichts Neues во Германија во јануари 1929 [1], за кратко време, романот постигнува огромен успех. Приказната го следи животот на раскажувачот Пол Баумер, деветнаесетгодишно момче кое доброволно се приклучува во војната, како и животот на неговите пријатели од фронтот Алберт Кроп, Џаден, Мулер, Хаје и Кацински (Кат).
На Запад ништо ново се смета за еден од најдобрите воени роман на сите времиња, а Ерих Марија Ремарк со него го заклучува своето место во литературниот пантеон како мајстор на контрастот меѓу хоророт на војната и спокојната природа.