Таур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Таур
Toros Dağları

Демирказак во покраината Нигде
Највисока точка
Врв Демирказак
Надм. височина 3.756 м
Географија
Таур се наоѓа во Турција
Местоположба на Таур во Турција
Земји  Турција
Координати 37°00′00″ СГШ 33°00′00″ ИГД / 37, 33

Таур (турски: Toros Dağları, старогрчки: Όρη Ταύρου) — планински систем во јужна Турција кој го дели Средоземниот регион од Анадолската Висорамнина. Системот се протега во лак, од езерото Егирдир на запад до горното течение на реките Тигар и Еуфрат на исток.

Поделен е на три венци (од запад кон исток):

  • Западен Таур (Batı Toroslar)
    • Ак, Беј, Катранџик, Гејик
  • Среден Таур (Orta Toroslar)
    • Акчали, Булгар, Ала, Тахтали
  • Југоисточен Таур (Güneydoğu Toroslar)
    • Нурхак, Малатиски Пл., Маден, Генч, Битлис

Историја[уреди]

Името Таур доаѓа од старогрчкиот поим Ταύρου, чие потекло има две верзии. Според едната, поимот доаѓа од семитското tûr, што значи „планина“.[1] Според другата пак, планините се така наречени поради на Хуритите и другите стари Сиријци кон богот на бурата, кој има лик на бик (грч. Ταύρος).[2] Се верувало дека тој предизвикувал полноводност во реките Тигар и Еуфрат, кои потоа се поплавувале и давале плодно земјиште.[3] Поради ова, по планините некогаш имало поголем број на храмови посветени на овој бог,[4]

Кај Кестел има археолошки локалитет од бронзено време, каде се ископувал калај за добивање бронза.[5] Превојот наречен во антиката „Киликиска Врата“ е премин преку венецот северно од Тарс.

За време на Првата светска војна, германско-турските железнички коловоци низ Таур претставувале важна цел за силите на Антантата. Откако го зазеле ова подрачје, конечно дошло до примирје и крај на борбите против Отоманското царство.[6]

Географија[уреди]

Планините Ала и Булгар (Болкар) се одликуваат со одронети варовнички карпи, од кои настанале карстни предели со водопади, понорници и некои од поголемите пештери во Азија. Од јужните падини на венецот Беј извира реката Манавгат.[7]

Знаменитости[уреди]

Покрај планинарството и алпинизмот,[8] венецот нуди два скијачки центра — еден во Даврас (25 км од Егирдир и Испарта) и друг во Саклакент (40 км од градот Анталија).

Железничката линија Конија-Адана минува преку забележителниот вијадукт Варда, висок 98 м, кој е изграден од Германците во 1910-тите години.

Западен Таур[уреди]

Западен Таур и остатокот од Таур образуваат лак околу Анталискиот Залив. Овој дел е одвоен од од Среден Таур со висорамнината Ташели и реката Ѓоксу. Има поголем број на врвови високи преку 3.000–3.700 м. Групата се дели на четири венци:[8]

  • Беј (западен) — највисок врв: Кизларсивриси 3.086 м
  • Ала (средишен) — највисок врв: Демирказак 3.756 м
  • Булгар (југоисточен) — највисок врв: Медетсиз 3.524 м
  • Мунзур (североисточен) — највисок врв: Акбаба 3.462 м
    • Мерџан (во склоп на Мунзур)

Највисока планина во Среден Таур е Демирказак (3.756 м).[8]

Среден Таур[уреди]

Среден Таур приближно се протега на североисток од покраините Мерсин и Анталија

Југоисточен Таур[уреди]

Југоисточен Таур ја образува северната граница на регионот Југоисточна Анадолија и Северна Месопотамија. Тука извираат реките Тигар и Еуфрат.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Оттука арапскиот назив جبال طوروس.
  2. „Ταύρος“ — Грчко-македонски речник
  3. H.W.F. Saggs, The greatness that was Babylon: a survey of the ancient civilization of the Tigris-Euphrates Valley, Sidgwick & Jackson, 2nd Revised edition, 1988, стр. 380.
  4. Alberto Ravinell and Whitney Green, The Storm-god in the Ancient Near East, стр. 126
  5. Yener, K.A. (2000) The Domestication of Metals: The Rise of Complex Metal Industries in Anatolia Brill, Leiden, ISBN 90-04-11864-0
  6. Price, Ward "Danger in Taurus Tunnels", New York Times, 16 декември 1918
  7. „Реката Манавгат како ограничен, но алтернативен извор на водоснабдување за домашна употреба на Блискиот Исток“ (PDF). http://www.ipcri.org/watconf/papers/ibrahim.pdf. конс. 16 февруари 2008.  (англиски)
  8. 8,0 8,1 8,2 „Планинарство во Турција“ — портал „Сè за Турција“ (англиски)

Надворешни врски[уреди]