Антитаур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Антитаур се наоѓа во Турција
Местоположба на Антитаур во Турција

Антитаур (грчки: Αντίταυρος) или Аладаглар турски: Aladağlar) — планински венец во јужна и источна Турција што се протега во лак североисточно од венецот Таур.[1] Највисока планина е Демирказик (3.756 м).

Во околината на венецот (но не во него) се наоѓа планината Ерџијес (3.917 м), за која старогрчкиот географ Страбон напишал дека има врв вечно покриен со снег, и дека оттаму може да се видат и Црното и Средоземното Море.[2]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. McNeill, John Robert (1992) The Mountains of the Mediterranean World: An Environmental History Cambridge University Press, Cambridge, UK, стр. 19 ISBN 0-521-33248-6
  2. Страбон, Географија 12.2.7.