Франсоа Оланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франсоа Оланд во Нант (2012)

Франсоа Жерар Жорж Никола Оланд (фр. François Gérard Georges Nicolas Hollande, р. 12 август 1954) е француски политичар и претседател на Франција. Во периодот од 1997 до 2008 година генерален секретар на Социјалистичката партија. Во првиот круг на претседателските избори, спроведени на 22 април 2012 година, Оланд добива најголем број гласови и се рангира за противник на тогашниот претседател Никола Саркози во вториот круг, одржан на 6 мај 2012, кога Оланд е избран за претседател на републиката, добивајќи 51,7 % од гласовите.

Биографија и политичка кариера[уреди]

Оланд е роден на 12 август 1954 година во Руан. Во 1988 година е избран за пратеник, а во 1997 застанува на чело на Социјалистичката партија. Од 2001 до 2008 година е градоначалник на Тил, а потоа застанува на чело на Општинскиот совет на департманот Корез. Долги години тој живее со Сеголен Роајал, кандидатка на социјалистите за претседател во 2007 година, со која имаат четири деца, но се разведуваат по претседателските избори, кои таа ги губи. Во 2008 година Оланд го заменува Мартин Обри како челник на партијата.

На 16 октомври 2011 година Оланд ги добива предвремените избори во својата партија со 56% мнозинство и е избран за кандидат за претседателските избори во 2012 година.