Соча

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Соча
Soča / Isonzo

Соча кај Бовец
Извор Јулиски Алпи, западно од Триглав
Утока Јадранско Море, кај Монфалконе
Земји во сливот Словенија, Италија
Должина 138 км
Надм. вис. на изворот 876 м
Прос. истек 172 м³/с[1]
Сливно подрачје 3.400 км²[1]
Соча се наоѓа во Словенија
извор
утока
Изворот и утоката на Соча

Соча (словенечки: Soča, италијански: Isonzo, фурлански: Lusinç) — река во западна Словенија и североисточна Италија со должина од 138 км, од кои 96 км се на словенечка, а 43 км на италијанска територија.[2] Има алпски карактер и извира од долината Трента и Јулиските Алпи во северозападна Словенија, на надморска височина од 876 м.[2] Тече низ Бовец, Кобарид, Толмин, Канал, Нова Горица, Горица, влевајќи се во Јадранското Море кај италијанскиот град Монфалконе (Тржич).

Забележителности[уреди]

Реката има карактеристична смарагдна боја и претставува една од ретките во светот што ја задржува таквата боја по целото течение.[3] Оваа особина е опишана во поемата „Реки“ на истакнатиот италијански поет Џузепе Унгарети. Соча претставува и инспирација за поемата „За Соча“ (Soči) на Симон Грегорчич, која се смета за ремек-дело на словенечка поезија.

Позната е по автохтоната пастрмка главатица која живее во горното течение на реката. Денес важи за загрозена поради воведувањето на други видови во меѓувоениот период.[4]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Drainage Basin of the Mediterranean Sea“. „Second Assessment of Transboundary Rivers, Lakes and Groundwaters“. UNECE. август 2011. стр. 159. ISBN 978-92-1-117052-8. http://www.unece.org/env/water/blanks/assessment/mediterranean.pdf. 
  2. 2,0 2,1 „Reke, dolge nad 25 км, in njihova padavinska območja“. Статистичка служба на Република Словенија. 2002. http://www.stat.si/letopis/1998/01_98/01-10-98.asp?jezik=en. 
  3. Soca River Whitewater Rafting
  4. „Главатица (Salmo marmoratus)“. http://www.balkan-trout.com/studied_taxa_7_marble_trout.htm. конс. 29 мај 2009.  (англиски)

Надворешни врски[уреди]