Главатица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Главатица
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Зракоперки
Ред: Лососовидни
Фамилија: Лососи
Род: Пастрмка
Вид: Главатица
Биномен назив
Salmo marmoratus
Cuvier, 1829

Главатица (Salmo marmoratus) е вид на слатководна риба од фамилијата Salmonidae, вториот најголем вид на европска пастрмка, помал само од huchen (Hucho hucho). Главатицата се наоѓа во реките на јадранското сливно подрачје, во реката Неретва во Босна и Херцеговина, реката По во Италија, реката Зета во Црна Гора, реките Соча и Идријца во Словенија и можеби во Албанија.[1] [2]

Морфололошки карактеристики[уреди]

Телото достигнува големи размери: должина до 140 cm и маса од 30 kg. Примероци од 10 до 20 kg не се ретки. Телото е издолжено и валчесто. Главата е релативно голема, усниот отвор голем, во устата се наоѓаат силни заби. Окото е релативно мало-неговиот дијаметар се содржи 5,5 до 7,5 пати во должината на главата. Меѓуочниот простор е голем од 1,7 до 2,0 очни дијаметра, а исто така и предочното растојание. Горно виличната коска достигнува до под задниот раб на окото и во својот заден дел е нешто поширока. Бројот на пилорични израстоци варира од 41 до 71. Диплоидната хромозомска гарнитура ја сочинуваат 84 хромозоми. Многу карактеристична е бојата на телото. Во основа таа е румено сива до темно зеленкаста, но со многубројни темни полиња. Стомакот и е бел. Шарите на главата имаат изгледа на неправилно извиени пруги, што на главата и даваат мермерен изглед, по што рибата го добила името. Црвени и црни петна по телото, вообичаени кај другите салмониди овде нема. Помладите примероци се разликуваат по бојата од постарите и тоа повеќе отколку кај кој било друг салмониден вид риба кај нас.

Услови за живот[уреди]

Главатицата ги населува просторните води; најмногу се задржува на вировите а ретко оди во поплитките води. Грабливка е што претежно се храни со други риби. Се мрести од ноември до јануари. Се мрести на чакалеста подлога во реките. Атрактивна е за спортски риболов, за која цел вештачки се мрести и одгледува. Се лови најдобро пред вечер и во рана зора, со блинкер и цврст прибор. На сезона е пролет и доцна есен. Помали примероци се ловат во август на големи мушички или крупни скакулци. За да се достигната длабчините каде што се задржува потребен е поголем и потежок блинкер, кој се влече косо низводно. Одличен мамец е и плетенката (copf). Кај нас ја населува реката Радика, а пошироко се среќава во реките на Јадранскиот слив. Освен на балканот живее само во некои реки и езера во северна Италија (притоки на реката По, езерата Лаго Магоре и Комо и во некои води во Фурландија).

Извори[уреди]