Ерменски геноцид
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Ерменски геноцид или Ерменски масакр се нарекува присилната масовна евакуација и убиството на неколку стотици илјади или преку милион Ерменци од страна на младотурскиот режим во Отоманската Империја од 1915 до 1917 година. Некои основни моменти во врска со случувањата се предмет на жестоки дискусии помеѓу Ерменците и делови од меѓународната јавност, од една страна, и Турција. Иако главно постои согласност дека Ерменскиот геноцид навистина се случил, турската влада и неколку странски историчари ја отфрлаат квалификацијата „геноцид“ и тврдат дека не се работи за државно-спонзориран план за масовно истребување, туку дека Ерменците настрадале поради меѓуетничките тензии, болестите и гладот за време на Првата светска војна.
И покрај ова несогласување, најголемиот број ерменски, руски, западни и сè поголем број турски научници сметаат дека се работи за геноцид. Досега 21 државa официјално имаат донесено став дека се работи за геноцид. Тоа се: Австралија, Австрија, Аргентина, Белгија, Ватикан, Венецуела, Грција, Ерменија, Италија, Либан, Литванија, Канада, Кипар, Полска, Русија, Словачка, Уругвај, Франција, Холандија, Швајцарија и Шведска.
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Ерменски геноцид“ |