Николај II (Русија)

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Николај II
Император на Русија
Роден 18 мај 1868
Петербург, Руска империја
Починал 17 јули 1918
Екатеринбург, Русија

Николај II Александрович (на руски Николай II Александрович) бил последниот император на Русија и кнез на Финска. Со империјата раководил во периодот од 1894 до својата абдикција во 1917 година. Во времето на неговото владеење, империјата доживеала пораз во руско-јапонската војна како и многу загуби во Прва светска војна.

Со преземање на власта од страна на комунистите, Николај II и неговото семејство биле убиени.

[уреди] Деца

Големата кнегиња Олга Николаевна (рус. Великая Княжна Ольга Николаевна) била најстарата ќерка на Николај. Родена е на 16 ноември 1895 година.

Големата кнегиња Татјана Николаевна (рус. Великая Княжна Татьяна Николаевна) е втората ќерка, родена на 11 јуни 1897 година.

Големата кнегиња Марија Николаевна (рус. Великая Княжна Мария Николаевна) е третата ќерка на императорот, родена на 27 јуни 1899 во Петерхоф, Русија.

Големата кнегиња Анастасија Николаевна (рус. Великая Княжна Анастасия Николаевна) родена на 18 јуни 1901 во Петерхоф. Многумина ја оспоруваат нејзината смрт, дека наводно побегнала во Париз, каде што подоцна се појави девојка која што тврдеше дека е Анастасија, но никогаш не успеа да го докаже тоа. Меѓутоа каде што е пронајдена гробницата на Романови, најдени се пет тела, кои потоа се погребани со сите почести.

Големиот кнез и царевиќ(титула за рускиот престолонаследник) Алексеј Николаевич (рус. Наследник-Цесаревич и Великий Князь Алексей Николаевич) бил единственото машко дете на Николај. Роден е на 12 август 1904 во Петерхоф. Бил често болен и со кревко здравје. Убиен е заедно со сите Романови на 17 јули 1918 година.

Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Данил МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I Coat of Arms of Moscow.png
Императори на Русија (1721–1917) Петар IЕкатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIЕкатерина IIПавел IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II Romanov Flag.svg
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов Flag of the Soviet Union.svg
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Димитриј Медведев Flag of Russia.svg