Јуриј III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јуриј III Данилович Московски
Jurij of Moscov.jpg
Кнез на Русија
Роден Москва
Починал 21 ноември 1325
Сарај

Јуриј III Данилович Московски (руски Юрий III Данилович Московский) бил голем кнез на Владимирско-Суздалското кнежество од династијата Рурикови.

Јуриј бил најстариот син на Даниел Московски, кој по неговата смрт освен престолот ги наследил и војните со Монголите и Андреј III, големиот кнез на Владимир-Суздал. По неговата смрт, Јуриј ја сакал титулата на Переславлското кнежество. Од друга страна пак, Михаил II го опседнале Переславл и Москва, а самиот Михаил заминал во Златната орда каде му била потврдена титулата кнез.

Јуриј продолжил да управува со Москва. Во 1302 година го убил заробениот кнез на Рјазан, Константин, по кое го зазел Можаиск. Во 1314 година склучил договор со митрополитот Петар и со Новгород против Михаил.

Во 1315 година го зазел Сарај, престолнината на Златната орда, и по две години го убедил на Узбек хан да го подржи во неговите претензии кон тронот. Тој се оженил со сестрата на ханот и се вратил во Русија со значителен број на монголска армија. И покрај тоа, во 1317 година бил поразен а неговиот брат Борис и неговата сопруга биле заробени. Јуриј успеал да побегне во Новгород и се обидел да склучи мир, но во Твер неговата сопруга починала неочекувано. Тој на Узбек хан му објавил дека неговата сестра била отровена по наредба на Михаил II, по кое Михаил бил повикан во Сарај и егзекутиран.

По ова, во 1319 година Јуриј се вратил во Русија и бил прогласен за голем кнез налагајки Москва да плаќа годишен данок од рускиот вазал. Во тоа време, кнежеството доживеало голем развој придобивајќи огромно богатство.

Во меѓувреме, синот на Михаил, Димитриј заминал кај ханот и го убедил дека Јуриј не плаќал данок, по кое тој бил повикан во Сарај, но пред да дојде од заседа бил убиен од страна на Димитриј.

Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДимитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Димитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I Coat of Arms of Moscow.svg
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II Romanov Flag.svg
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов Flag of the Soviet Union.svg
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Димитриј Медведев • Владимир Путин Flag of Russia.svg