Жика Митровиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Живорад Митровиќ - Жика (Белград, 30 септември 1921 - Белград, 29 јануари 2005) бил еден од најплодните филмски режисери и сценаристи во СФРЈ.

Завршил Архитектонски факултет во Белград. Со филм почнува да се занимава од 1946 година. Тој ѝ припаѓа на првата генерација повоени југословенски синеасти. Во неговиот опус има повеќе од 20 играни филмови, во коишто најчесто се јавува и како сценарист. Жанровската определба на Митровиќ е акционен филм, а по филмовите Капетанот Леши и Пресметка, станува познат како творец на таканаречениот југословенски вестерн.

За својата работа на филм добива голем број признанија и награди. Меѓу наградените филмови се вбројуваат: Невесинска пушка, Маршот на Дрина, Ужичка република, Тимочка буна, Мис Стон и други.

Награди[уреди]

  • 1961 Специјално признание за негување на акциониот жанр во домашниот филм за „Солунските атентатори
  • 1961 Фестивал на Југословенскиот игран филм - Пула, „Елен“ награда од публиката за „Солунските атентатори“

Филмографија[уреди]

Надворешни врски[уреди]