Геноцид на понтиските Грци

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Геноцидот на понтијските Грци е еден од неколкуте геноциди извршени врз христијанското население на Османлиската Империја во Првата светска војна од страна на новата турска администрација и револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк (1914–1923). Други геноциди биле геноцидот на Ерменците и Асирците.

Во периодот од 1916 до 1923 голем број грчки, ерменски и други христијани на Мала Азија биле измачувани и убивани. Официјалниот број на убиените понтиски Грци е 353.238.[1]

Грција и Кипар го признаваат на геноцидот на Грците од Понт и го одбележуваат 19 мај како ден на сеќавање. Геноцидот го признаваат и Ерменија и државите на САД - Јужна Каролина, Њу Џерси, Флорида, Масачусетс, Пенсилванија, Илиноис и Њујорк. Aвстралиската држава Викторија како и Канада, Франција и Велика Британија имале дебати околу тоа во своите собранија, но немаат донесено официјална одлука. Турција уште и денес не ги признава ни грчкиот, ни ерменскиот ни асирскиот геноцид.

Најголем дел од населението што се спасило пребегнало во Грција и СССР. Од околу 1.500.000 христијани што пребегнале во Грција, нешто повеќе од 500.000 се населиле во Егејска Македонија.[2]

Белешки[уреди]

  1. Hull, Isabel V. (2005). Absolute Destruction: Military Culture and the Practices of War in Imperial Germany, Ithaca: Cornell University Press., p. 274
  2. „Историја на македонскиот народ“, 2008, 228 стр.

Извори[уреди]

  • Hull, Isabel V. (2005). Absolute Destruction: Military Culture and the Practices of War in Imperial Germany, Ithaca: Cornell University Press.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]