Асирци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Асирци
Sūrāyē / Sūryāyē / Āṯūrāyē [1]
Вкупно население
3.3 милиони[2]
Региони со значително население
Среден Исток
  Ирак 500,000 - 800,000 [3][4][5]
  Сирија 877,000 - 1,200,000 [6][7]
  Иран 74,000 – 80,000 [8][9]
  Турција 15,000 – 24,000 [8][10]
  Либан 100,000 [11]
Дијаспора
  Шведска 100,000 - 120,000 [12][13]
  САД 100,000 - 490,000 [14][8]
  Јордан 100,000 - 150,000 [15][16]
  Германија 90,000 [17]
  Австралија 24,505 - 60,000 [18][19]
  Канада 38,000 [20]
  Русија 70,000 [21]
  Холандија 20,000 [21]
  Франција 20,000 [21]
  Белгија 15,000 [21]
  Швајцарија 10,000 [21]
  Данска 10,000 [21]
  Италија 3,000 [21]
Јазик

сириски јазик, нео=арамејски јазици
арапски јазик, персиски јазик, турски јазик

Религија
Сродни народи

Мхалами
други семитски народи

Асирците се етничка група која води потекло од денешните територии на Ирак, Иран, Турција и Сирија,[22] но голем дел од нив веќе има мигрирано во Кавказ, Северна Америка и Западна Европа во последните неколку века.

Стотици илјади живеат во асирската дијаспора и како бегалци од Ирак имаат големи заедници во Европа, поранешниот СССР, САД, Австралија, Нов Зеланд, Сирија, Јордан, и Либан. Други причини се Првата светска војна, Исламската револуција во Иран,[23] Симелскиот масакр во Ирак и Асирскиот геноцид во денешна Турција.

Култура[уреди]

Асирско дете во традиционална облека.

Асирската култура е поделена според религијата која ја имаат групите.[се бара извор] Јазикот се користи во црквата и секако во самите литургии. Имаат доста богати фестивали, особено за Божиќ и Велигден. Имаат и посебни свои празници како Акиту (Асирската Нова година).[24]

Асирците се доста отворен и љубезен народ и често се поздравуваат со зборовите „Господ нека е со тебе.“ Како и сите други блискоисточни народи се поздравуваат исклучиво со десната рака, бидејќи левата асоцира на зло.

Асирците се народ кои се многу повеќе националисти отколку религиозни. Тие се горди на нивното потекло, нивното христијанство, и самиот факт што го зборуваат јазикот на Исус Христос. На децата могу често им се даваат христијански или асирски имиња како Ашур, Саргон, Шамирам, Ниневех, Нинос, Номрог итн. Крштевањето и Првата причесна се многу слични со еврејските обичаи. кога некој асириец ќе умре, три дена после погребот одат на гробишта и го прославуваат воскреснувањето на покојниот исто како и кај Исус Христос. Кога некој ќе почине луѓето носат црнина 40 дена и 40 ноќи во знак на респект спрема починатиот, а некогаш црнината ја носта дури и една година.[се бара извор]

Јазик[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Нео-Арамејски јазик.

Асирскиот антички јазик е поврзан со акадскиот јазик (нарекуван и Асиро-вавилонски),[25] на источните семитски јазици пишуван на посебно асирско писмо. Кога древна Асирија се проширила на запад, арамејскиот јазик станал доминантен.[25] Арамејскиот бил и деклариран како меѓународен помошен јазик од Кралот Ашур-нирари V во 752 п.р.н.е[се бара извор] и станал лингва франка за време на Ачаеменидското владеење на Персија.[26] Но во 1 век п.н.е, Акадскиот изчезнал. Современиот сиријски, како и да е дели некои локални сличности и секако двата јазика се семитски јазици,[27].

Повеќето од Асирците зборуваат на современиот сириски јазик,[28] односно дијалекти како Калдеански и Туројо како и Aсирски.

Зборувачите на кој им е мајчин јазик, го викаат "Сиријак" или Сурет Суројо. Поради големите влјанија на јазиците во земјите во кои живеат ги користат и арапскиот, ерменскиот, персискиот или турскиот јазик. Во северен Ирак и западен Иран се и курдскиот.

Религија[уреди]

Chaldean.jpg
Assyrian Church of the East Symbol.JPG
شعار الكنيسة.jpg

Асирците станале христијани во текот на првиот век после христа,[29] се до крајот на третиот век кога сите се христијанизирале.[30] Некои Асирци тврдат дека нивните предци станале христијани уште за време додека проповедал Исус Христос.[31]

Асирците главно се поделени на следниве религиски групи:

Мал број од асирците се конвертирале во Протестанизмот и тоа во текот на 20 век, најверојатно преку британското влијание преку кое сега има доброорганизирана Асирска Евангелистичка Црква.

Музика[уреди]

Асирската музика е поделена на три главни периоди и тоа:

Уметност[уреди]

Асирската уметност е доста различна од таа на вавилонската, која била доминантна во Месопотамија. Се карактеризира со полихромни камени релјефи и декорирани империјални споменици.

Кујна[уреди]

Асирската кујна е многу слична и поврзана со другите блискоисточни кујни, во прв ред со арапската и турската кујна. Слична е и со ерменската, персиската и грчката кујна. Се смета дека Асирците ја измислиле баклавата во текот на 8 век п.н.е.[32]

Познати Асирци[уреди]

  • Мар Динха Хананија IV, патријарх на Асирската источна црква
  • Мар Емануел III Дели, патријарх на Халдејската католичка црква
  • Рози Малек-Јонан, американска актерка и писателка
  • Рамона Рина Амири, Мис Канада 2005
  • Тарик Азиз, бивш ирачки заменик-премиер
  • Ана Ешу, американска политишарка, член на Конгресот на САД
  • Хелена Гергис, канадски заменик министер за внатрешни работи
  • Џон Нимрод, американски политичар, член на Сенатот на САД
  • Јулијана Џендо, американска пејачка
  • Фаузи Франсо Тома Харири, ирачки министер
  • браќата Јозеф и Фарес Фарес, режисери и актери од Шведска

Извори[уреди]

  1. also transliterated Sūrōyē / Sūryōyē / Ōṯūrōyē; all of ā, ō and word-final ē transliterate Aramaic Ālaph ܐ. Nicholas Awde, Nineb Limassu, Nicholas Al-Jeloo, Modern Aramaic Dictionary & Phrasebook: (Assyrian/Syriac) (2007), ISBN 9780781810876, p. 4; see also Names of Syriac Christians.
  2. [1], UNPO estimates
  3. [2], CIA World Factbook
  4. Christians in Iraq GlobalSecurity.org total estimated to be some 500,000 after the Iraq war
  5. Iraqi Christians' long history, BBC
  6. [3]
  7. Assyrians Face Escalating Abuses in "New Iraq", Lisa Söderlindh, Inter Press Service 1,200,000 including some 300,000 Assyrian refugees from Iraq
  8. 8,0 8,1 8,2 atour.com name="Population" _moz_dirty="" Population, atour.com
  9. [4], SIL Ethnologue "Assyrian Neo-Aramaic 15,000 in Iran (1994). Ethnic population: 80,000 (1994)" See also Christianity in Iran.
  10. World Directory of Minorities and Indigenous Peoples - Turkey : Assyrians
  11. Brief History of Assyrians, AINA.org
  12. Demographics of Sweden, Swedish Language Council "Sweden has also one of the largest exile communities of Assyrian and Syriac Christians (also known as Chaldeans) with a population of around 100,000."
  13. Brief History of Assyrians, AINA.org
  14. American Community Survey, U.S. Census Bureau
  15. Thrown to the Lions, Doug Bandow, The America Spectator
  16. Jordan Should Legally Recognize Displaced Iraqis As Refugees, AINA.org. Assyrian and Chaldean Christians Flee Iraq to Neighboring Jordan, ASSIST News Service
  17. 70,000 Syriac Christians according to REMID (of which 55,000 Syriac Orthodox).
  18. Ancestry (full classification list) Australian Bureau of Statistics
  19. [5][6] More than two thirds of Iraqis in Australia (80,000) are Christians
  20. http://www.radiovaticana.org/en1/articolo.asp?c=49496
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 21,5 21,6 Brief History of Assyrians, AINA.org
  22. *MacDonald, Kevin (2004-07-29) (на English). „Socialization for Ingroup Identity among Assyrians in the United States“. Paper presented at a symposium on socialization for ingroup identity at the meetings of the International Society for Human Ethology, Ghent Belgium. http://evolution.anthro.univie.ac.at/ishe/conferences/past%20conferences/ghent.html. „Based on interviews with community informants, this paper explores socialization for ingroup identity and endogamy among Assyrians in the United States. The Assyrians have lived as a linguistic, political, religious, and ethnic minority in Iran, Iraq, and Turkey since the fall of the Assyrian Empire in 612 B.C. Practices that maintain ethnic continuity in the United States include language and residential patterns, ethnically based Christian churches characterized by unique holidays and rites, and culturally specific practices related to life-cycle events and food preparation. The interviews probe parental attitudes and practices related to ethnic identity and encouragement of endogamy. Results are presently being analyzed.“. 
  23. Dr. Eden Naby. „Documenting The Crisis In The Assyrian Iranian Community“. http://www.aina.org/articles/dtcitaic.htm. 
  24. The Assyrian New Year
  25. 25,0 25,1 Britannica Online: Akkadian language
  26. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име imperial_aramaic.
  27. Akkadian Words in Modern Assyrian
  28. The British Survey, By British Society for International Understanding, 1968, page 3
  29. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име H.W.F._Saggs.
  30. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Assyrians_after_Assyria_Akkadian_to_Aramaic.
  31. The Religion Report - 30 мај 2007 - Christian Minorities in the Islamic Middle East : Rosie Malek-Yonan on the Assyrians
  32. History of Baklava, Turkish Culture: Baklava, Baklava War Intesifies, Baklava

Надворешни врски[уреди]