Ќаба
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Ќаба (арап. „коцка“) претставува најголемото свето место на исламот. Се наоѓа во центарот на џамијата Масџид ал-Харам („Голема џамија“) во Мека, Саудиска Арабија.
Самата градба е во облика на коцка и е висока околу 15 метри а долга 11 метри. Ова е градбата кон која се насочуваат муслиманите за време на молитвите. Правецот на насочување се нарекува кибла. Се смета дека била создадена од страна на Адам. Во нејзиниот источен агол е вграден црн камен за кој се смета дека е остаток од метеорит, и се верува дека тој бил испратен од страна на Бог по првиот грев направен од страна на Адам. Ибрахим овде го жртвувал своето јагне кон Бог.

