Џамија Масџид ал-Харам
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Џамија Масџид ал-Харам Al-Masjid al-Ḥarām |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Мека, Саудиска Арабија |
| Координати | 21°25′19.2″N 39°49′33.6″E / 21.422°N 39.826°EКоординати: 21°25′19.2″N 39°49′33.6″E / 21.422°N 39.826°E |
| Религија | Ислам |
| Архитектонски опис | |
| Архитектонски тип | џамија |
| Архитектонски стил | исламската архитектура |
| Завршено | 638, 1571 |
| Карактеристики | |
| Капацитет | 4,000,000 |
| Минаре/иња | 9 |
Масџид ал-Харам (на арапски: المسجد الحرام, Света џамија) е џамија која се наоѓа во Мека, Саудиска Арабија. Ова е најголемиот муслимански храм во светот. Во самиот нејзин двор се наоѓа и Каба. Самата плоштина на џамијата зазима место од 356 800 м2 и се претпоставува дека може да собере околу 4 000 000 луѓе, како една од најголемите градби на човештвото. Според исламот, џамијата била изградена од страна на ангелите пред да биде создаден човекот, кога Бог наредил на земјата да биде определено местото за богослужба. Се верува дека првата Каба била изградено од ангелите и дека Адам е првиот човек којшто ја изградил повторно. Во текот низ историјата самата џамија била многу пати разрушувана и повторно изградена. Според исламот, таа била изградена од страна на Ибрахим и неговиот син Исмаил.