Џамија Хасан II

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Џамија Хасан II

Џамија Хасан II
Основни податоци
Место Казабланка, Мароко Мароко
Координати 33°36′26.43″ СГШ 7°37′57.22″ ЗГД / 
Религија Ислам
Држава Мароко
Црковен статус Џамија
Архитектонски опис
Архитект Q373049
Архитектонски тип Џамија
Завршено 1993
Карактеристики
Капацитет 25.000
Купола/ли 1
Минариња 1
Висина на минаре 210m

Џамијата Хасан II (арап. مسجد الحسن الثاني) се наоѓа во Казабланка, Мароко. Дизајнирана е од францускиот архитект Мишел Пинсо. Таа е втора најголема џамија во светот, по Масџид Ал-Харам во Мека. Поставена е на платформа, со поглед на Атлантикот кој може да се види и низ огромниот стаклен под. Собира 25.000 верници, и уште 80.000 можат да се сместат во дворот. Минарето е највисоко во светот, 210м.

Посветена е на кралот Хасан II и требало да биде завршена за неговиот 60-ти роденден во 1989, но градбата продолжила сѐ до 1993.

Изградена е асеизмички, со греени подови, електрични врати и лизгачки покрив.