Руска црква (Софија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Николај Чудотворец
Основни податоци
МестоСофија, Бугарија
Припадностправославие
Осветен1914
Духовно-организациски статусактивна
ВодствоРуска православна црква
Мреж. местоhttp://podvorie-sofia.ru/bg/
Архитектонски опис
Архитект(и)Михаил Преображенски
Завршен1907-1914
Особености
Куполи5
Висина на куполата (надв.)19 метри

Руската црква Николај Чудотворец (руски: Церковь Святителя Николая Чудотворца; бугарски: Храм Свети Николай Чудотворец) е црква која се наоѓа во Софија, Бугарија и е во склопот на Руската православна црква.

Оваа црква започнала да се гради кон крајот 19 век (точниот датум не се знае, бидејќи се обработувале различни архитектонски проекти). Нејзината градба траела до 1914 година кога била осветена во предвечерието на Првата светска војна. Зградата била изградена на парцела на Руската амбасада по проект на Михаил Преображенски специјално за потребите на руските имигранти во главниот град на Бугарија. Фреските се дело на екипа од уметници, предводени од Василиј Перминов (еден од авторите на живописот во Александар Невски). Петте мали куполи на црквата се позлатени. Централната купола е висока 19 метри. Камбаните биле донирани од рускиот цар Николај II.

Првично христијанскиот храм бил замислен како капела кон амбасадата на Русија во Бугарија. Храмот речиси веднаш ја изгубил оваа своја улога по 1917 година. По Втората руска револуција во него започнале да служат свештеници и архијереи од т.н. Руска задгранична црква, а храмот станал центар на многубројната руска имиграција во Софија.

По 1947 година црквата била предадена на Московската патријаршија, која го управува до денес.

Во архитектонски поглед храмот е изграден во традициите на руската црковна архитектура од 19 век со употреба на древноруски елементи и традиционални староруски мозаици и резби.

Во криптата на храмот се наоѓа гробот на рускиот епископ Серафим Соболев.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]